Дворното земјиште ќе се продава по едно евро за метар квадратен

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да откупуваме или да почекаме уште малку.....белки за џабе ке ни го дадат?!?

Дворното земјиште ќе се продава по едно евро за метар квадратен, одлучи Владата

Македонските граѓани од денеска ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбените згради по само едно евро или 61 денар за метар квадратен, соопшти премиерот Никола Груевски.

Досега, за еден метар квадратен дворно земјиште се плаќаше до 13 евра или 800 денари.

- За двор од 500 метри кавдратни до денес, во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, требаше да се плати околу 5.500 до 6.000 евра. Со намалувањето на цената, за истиот двор граѓаните ќе треба да платат само 500 евра или за цели 5.000 до 6.000 евра помалку, односно 10 до 12 пати, рече Груевски на прес-конференција.

Според него, во Гевгелија, Кичево, Охрид, Тетово, Гостивар, Битола и Куманово, за 500 метри квадратни дворно земјиште досега беа потребни околу 4.000 евра. Отсега ќе бидат потребни само 500 евра или 3.500 евра помалку, а слични се пресметките и за сите други места во Македонија.

Груевски информира дека по едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постоечките објекти за спорт и рекреација (спортски игралишта, терени, спортски сали...), инфраструктурните објекти (патишта, електрични и термоцентрали, водоводи..), објектите за јавни институции.

- Предностите и користа од оваа најнова мерка на Владата се очигледни. Стотици илјади македонски граѓани еднаш засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Тоа е праведен општествен процес во кој и тие конечно ќе почувствуваат придобивки од транзицијата, од преминот кон приватна сопственост и изградба на пазарна економија, ќе се забрза и заокружи историскиот процес на приватизацијата на земјиштето со што граѓаните конечно ќе стекнат сопственост на земјиштето под нивните куќи и во дворовите, ќе можат да го стават во функција ова земјиште, при земање кредит во банка, при продажба..., ќе се интензивираат активностите во градежништвото, изградбата и доградбата на куќи и други индивудуални станбени објекти, како и доградбата на станбените згради, инфраструктурните и спортските објекти, потенцира премиерот.

Согласно владината одлука, станарите на зградите пропорционално би го откупиле дворот на зградата што ќе им даде можност за доградба.

http://www.time.mk/read/adef7dff4e/c931342a35/index.html
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ова што вика АБЦ поарно врапче во рака отколку гугучка на ѓерамиди.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А ке им го вратат парите на оние што веќе го платија? Или кој бил будала платил, пари од поп и македонска влада не земаш :baeh:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ова што вика АБЦ поарно врапче во рака отколку гугучка на ѓерамиди.
Станува премногу очигледно колку се чита форумов и од владата.Во секој случај,иако малку закаснета,сепак фер и навистина исправна одлука на владата,за првпат после нејзиното формирање,иако она со гугучката,не беше гугучка туку кокошка.:smir:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Потег за поздравување...
Ми остана уште едно дворно место за откуп, ќе го земам ефтино. :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Од блиски извори на владата разбрав подобро е да се почека уште малку ќе паѓаат цените.
Него друго ме интересира тие што си го имаат откупено по стара цена ќе им ги вратат парите за да се порамни со новата цена или.... Е*аниот е*ан, тепаниот тепан :icon_lol:.
 
Во продавница не ни ги враќаат парите кога нешто ќе поефтини......
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Груевски информира дека по едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постоечките објекти за спорт и рекреација (спортски игралишта, терени, спортски сали...), инфраструктурните објекти (патишта, електрични и термоцентрали, водоводи..), објектите за јавни институции.
Дали ова набројано земјиште може да го купи секој?
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Потег за поздравување...
Ми остана уште едно дворно место за откуп, ќе го земам ефтино. :)
Колку што знам јас ти живееш зад ГЛОБАЛ, ќе го платиш дворното место по едно евро а во Сабота ќе го изнајмуваш на земјоделците по колку? :)
Мислам дека и тој закон нема да помине, како што си ти ви зграда тоа ќе настане ќотек за кој повеќе квадрати да купи :pos2:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Дали ова набројано земјиште може да го купи секој?
На тоа прашање немам одговор, можда некој поупатен во владината политика и решенија ќе сака да дообјасни!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Дали ова набројано земјиште може да го купи секој?
Не баш секој,туку само оној кој и досега го имал купено од некој,или му било дадено од државата под наем за долгорочно користење.Правото на користење ќе го докаже со “надворешен“ или договор за користење склучен со поранешен сопственик или државата,имотен лист и извод од деталниот урбанистички план.
Ако алудираш на некој кој може да дојде од соседните земји и да рече дека всушност тој бил досегашен корисник на определената парцела,тоа нема да може да го направи без предходно да покаже историјат за “движење“ на имотот,со кој се стекнал по некаков легален пат.
:toe:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Колку што знам јас ти живееш зад ГЛОБАЛ, ќе го платиш дворното место по едно евро а во Сабота ќе го изнајмуваш на земјоделците по колку? :)
Мислам дека и тој закон нема да помине, како што си ти ви зграда тоа ќе настане ќотек за кој повеќе квадрати да купи :pos2:
За таму не се секирам...ќе се разбереме некако на куќен совет, хехе
Со куќата завршив работа, остана уште на другата да ја средам работата...
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Како ќе биде решен проблемот со оние кои што живеат во зграда, по пола квадрат ли ќе купат? :vozbud:
Ајде АБЦ, дај некој одговор на ова прашање?
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
АБЦ, да не си ти, владава одамна ќе останеше ќоса.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Како ќе биде решен проблемот со оние кои што живеат во зграда, по пола квадрат ли ќе купат? :vozbud:
Ајде АБЦ, дај некој одговор на ова прашање?
Квадратура на парцелата делено со број на сопственици на станови.
Се брои и земјиштето под зградата :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom