После првите две утакмици, ја очекуев Албанија да ја потврди етикетата на изненадување на овие квалификации и да земе три бода, нешто слично како Црна Гора. Да се разбереме, не сум многу изненаден од резултатов, Босна и Херцеговина не се заебанција и малку им фалеше да се пласираат на прошлите квалификации. Но, овие три бода на домашен терен за Албанија беа битни, ако сакаат да играт некоја битна улога во групата (бараж, да речеме).
Сега пак мораат да се потрудат многу, бидејќи групава е стварно заебана. Освен Луксенбург, сите се горе-доле јакички. Реално, иако сакам да направат нешто, мислам дека Франција и Белорусија ќе бидат на првите две места.
На следната утакмица, све освен пораз е изненадување.