Норвешка-Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде еден preview на утакмицава.

Значи додека постојат и минимални теоретски шански, јас се надевам на победа и успех, барем за второ место во групата. А мислам дека и секој кој се осеќа како Македонец се надева на победа и не плука без врска.

Норвешка е појака селекција од Шкотска, но и тие имаат променлива форма баш како нас, така да се фаворити но постои и шанса да се зезнат.

За нашиов тим.
Некој пиша дека треба Николовски да се седне на клупа и да брани Пачовски. Не се согласувам со тоа. Јане добро бранеше на минативе утакмици, а вчера неможеше ништо да стори. Беше оставен сам со играч.
Во одбрана може да се проба Селдо како десен бек, како со Шпанија, и тогаш изигра солидно. А Новески треба да се седне на клупа и да му дојде памет да игра барем малку заинтересирано за репрезентацијата (може да земе пример од Митрески). На место на Николче - Васовски, нему одамна му се нема дадено шанса во првите 11. Попов и Митрески заслужуваат да останат.

Средината. Во прошливе утакмици се покажа мал напредок, особено од Георгиевски и Деспотовски (кој за мене е откритие на сезоната). За нашиот “Џерард“ и вчера пишав дека направи голема грешка што замина да игра у Англија зашто островскиот фудбал не му одговара. На негово место Тасевски кој е во супер форма.
И на крај нападот:
Премногу плукаме по Пандев. Како и да е тој е нашиот најдобар играч. Можеби не давал максимум за репрезентацијата но тој е најдоброто што го имаме во моментов.
Стојков вчера потфрли. Играше добро со Норвешка и Исланд дома но вчера се изгуби.
Мислам дека утре може да се проба со Пандев како полушпиц, и Ивановски и Наумовски во нападот, или пак ако толку Јонуз го форсира Стојков, да се игра со два полунапаѓачи Пандев и Стојков и Наумоски( Ивановски) напред.

Малце се занесов во пишувањево. Доста е за сеа.
За крај мислам дека утре на натпреварот треба да се пробаат нови играчи, да се искористи како тест со појака репрезентација (а не со Катар), и така немаме што многу да загубиме.

И сепак... кога најмалку се очекувало од нас, тогаш сме победувале:helou:
 
Мислам дека на натпреварот со Шпанија, Новески играше десен бек, Митрески и Седлоски централни, откако Седло излезе Новески беше прекомандуван на централен. Не ми е јасно што е крив Новески кога и двата гола ги примивме по вина на Седлоски, по негова вина примивме и гол во Исланд, и дома против Холандија.

На Шуми баш му одговара островскиот фудбал, и тоа највеќе му одговара. Шуми знае да одземе топка, борбен е, но не знае да даде добар пас, не е добар техничар, таков е, фудбалер за физички фудбал.

За другото помалку или повеќе се согласувам.
 
Кец ко врата. Сигурно нема да биде 60 степени во Норвешка, како што ги заебаа овдека во јуни
 
НОРВЕШКА-МАКЕДОНИЈА 0-2 СТРЕЛЕЦ ПАНДЕВ 2 ГОЛА.СО СРЕКА НЕКА И Е ВО СРЕДА :oeoeoe:
 
Мотивацијата е изгубена така да мислам дека Норвешка ќе победи
 
Мислам дека на натпреварот со Шпанија, Новески играше десен бек, Митрески и Седлоски централни, откако Седло излезе Новески беше прекомандуван на централен. Не ми е јасно што е крив Новески кога и двата гола ги примивме по вина на Седлоски, по негова вина примивме и гол во Исланд, и дома против Холандија.

На Шуми баш му одговара островскиот фудбал, и тоа највеќе му одговара. Шуми знае да одземе топка, борбен е, но не знае да даде добар пас, не е добар техничар, таков е, фудбалер за физички фудбал.

За другото помалку или повеќе се согласувам.

Хмммм.... можеби, грешам за позицијата на Седлоски со Шпанија, но мислам дека и со Исланд играше десно и изигра доста солидно. Јас не реков дека Новески директно е крив за двата гола од Шкотска, туку незаинтересирано игра веќе подолго време. Ако се сеќаваш кога Шпанија изведуваше корнер он у сред игра и опасност за гол бараше замена, тотална непрофесионалност. А и вчера бевме крш по десна страна, Новески ништо не покажа.

За Шумуликовски... шо знам, не викам дека го нема ова болдираново но почесто греши, губи топка, лошо додава:toe: И добро може не дека не е таков профил на играч за во Англија, но се изгуби откатко замина таму.
Го имав гледано повеќе пати минатата сезона за Ипсвич (повеќе пати од клупа влегуваше) и лошо играше. Не сум го гледал сеа во Престон можеби се подобрил но не го покажува тоа за репрезентацијата.
 
Да го имавме сега во репрезентација Ристич кој има чувство за гол и секогаш се наоѓа по некоја случајност крај топката :), мислам дека и мечот со шкотска ќе беше во наша корист, а не вака да плукате по пандев, едно две пандев крив, а останатите не се криви.
Сепак мислам дека јонуз ќе ја види гршката која ја направи на мечот со шкотска и ќе ја исправи на мечот со норвешка. Стојков и Наумовски ќе треба да се уфрлаат повеќе во нападот.
Инаку очекувам победа, јонуз ќе изнајде решение, верувам во него и репрезентацијата.
 
Abe Skotska sigurno so onaa igra gubi od Holandija edinstveno ako ne ja namestat.Makedonija so pobeda e vtora.Am neznam nekoj mi spomna nesto deneska deka momentalno Skotska bila 6 vtorplasirana.
 
Според мене вчерашниот пораз не треба ништо да смени во пристапот во дуеот со Норвешка. Да ги оставиме на страна и можните калкулации за бараж, едноставно мора да играме за престиж, за подобрување на впечатокот и секако за бодови на ранг листата.
Не е исто дали во наредни квалификации ќе бидеме во 3, 4, или 5ти шешир.

За наредниот дуел мислам дека Стојков треба да оди аут, наместо него Ивановски, можеби треба и Гроздановски да добие повеќе минути иако не ми делува дека е во некоја посебна форма.
 
Хмммм.... можеби, грешам за позицијата на Седлоски со Шпанија, но мислам дека и со Исланд играше десно и изигра доста солидно. Јас не реков дека Новески директно е крив за двата гола од Шкотска, туку незаинтересирано игра веќе подолго време. Ако се сеќаваш кога Шпанија изведуваше корнер он у сред игра и опасност за гол бараше замена, тотална непрофесионалност. А и вчера бевме крш по десна страна, Новески ништо не покажа.

За Шумуликовски... шо знам, не викам дека го нема ова болдираново но почесто греши, губи топка, лошо додава:toe: И добро може не дека не е таков профил на играч за во Англија, но се изгуби откатко замина таму.
Го имав гледано повеќе пати минатата сезона за Ипсвич (повеќе пати од клупа влегуваше) и лошо играше. Не сум го гледал сеа во Престон можеби се подобрил но не го покажува тоа за репрезентацијата.

Новевски ми е еден од подобрите, еве го ставаат на негова неприродна позиција, и тоа може да има влијание на неговата игра. Што се однесува до Шуми, он се губи бидејќи е тапа играч, во Англија играл слабо за Испвич дека нема доволно квалитет. Значи комплетно се сложувам дека треба да седне на клупа. Едноставно не е константен, знае да одигра добар натпревар но почести се оние во кои игра слабо.
 
Moze e tapa ama kaj nas e najdobar da ne e toj nema koj da povlece ili proigra eden pas.Da ne zboruvame za defanzivnite obvrski koi odlicno gi zavrsuva.
 
И да тепаме џабе ни е се кога се посрамотивме против Шкотска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom