Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За нашиов тим.
Некој пиша дека треба Николовски да се седне на клупа и да брани Пачовски. Не се согласувам со тоа. Јане добро бранеше на минативе утакмици, а вчера неможеше ништо да стори. Беше оставен сам со играч.
Во одбрана може да се проба Селдо како десен бек, како со Шпанија, и тогаш изигра солидно. А Новески треба да се седне на клупа и да му дојде памет да игра барем малку заинтересирано за репрезентацијата (може да земе пример од Митрески). На место на Николче - Васовски, нему одамна му се нема дадено шанса во првите 11. Попов и Митрески заслужуваат да останат.
Средината. Во прошливе утакмици се покажа мал напредок, особено од Георгиевски и Деспотовски (кој за мене е откритие на сезоната). За нашиот “Џерард“ и вчера пишав дека направи голема грешка што замина да игра у Англија зашто островскиот фудбал не му одговара. На негово место Тасевски кој е во супер форма.
И на крај нападот:
Премногу плукаме по Пандев. Како и да е тој е нашиот најдобар играч. Можеби не давал максимум за репрезентацијата но тој е најдоброто што го имаме во моментов.
Стојков вчера потфрли. Играше добро со Норвешка и Исланд дома но вчера се изгуби.
Мислам дека утре може да се проба со Пандев како полушпиц, и Ивановски и Наумовски во нападот, или пак ако толку Јонуз го форсира Стојков, да се игра со два полунапаѓачи Пандев и Стојков и Наумоски( Ивановски) напред.
Малце се занесов во пишувањево. Доста е за сеа.
За крај мислам дека утре на натпреварот треба да се пробаат нови играчи, да се искористи како тест со појака репрезентација (а не со Катар), и така немаме што многу да загубиме.
И сепак... кога најмалку се очекувало од нас, тогаш сме победувале:helou:
Мотивацијата е изгубена така да мислам дека Норвешка ќе победи
Мислам дека на натпреварот со Шпанија, Новески играше десен бек, Митрески и Седлоски централни, откако Седло излезе Новески беше прекомандуван на централен. Не ми е јасно што е крив Новески кога и двата гола ги примивме по вина на Седлоски, по негова вина примивме и гол во Исланд, и дома против Холандија.
На Шуми баш му одговара островскиот фудбал, и тоа највеќе му одговара. Шуми знае да одземе топка, борбен е, но не знае да даде добар пас, не е добар техничар, таков е, фудбалер за физички фудбал.
За другото помалку или повеќе се согласувам.
 И добро може не дека не е таков профил на играч за во Англија, но се изгуби откатко замина таму.
, мислам дека и мечот со шкотска ќе беше во наша корист, а не вака да плукате по пандев, едно две пандев крив, а останатите не се криви.Хмммм.... можеби, грешам за позицијата на Седлоски со Шпанија, но мислам дека и со Исланд играше десно и изигра доста солидно. Јас не реков дека Новески директно е крив за двата гола од Шкотска, туку незаинтересирано игра веќе подолго време. Ако се сеќаваш кога Шпанија изведуваше корнер он у сред игра и опасност за гол бараше замена, тотална непрофесионалност. А и вчера бевме крш по десна страна, Новески ништо не покажа.
За Шумуликовски... шо знам, не викам дека го нема ова болдираново но почесто греши, губи топка, лошо додаваИ добро може не дека не е таков профил на играч за во Англија, но се изгуби откатко замина таму.
Го имав гледано повеќе пати минатата сезона за Ипсвич (повеќе пати од клупа влегуваше) и лошо играше. Не сум го гледал сеа во Престон можеби се подобрил но не го покажува тоа за репрезентацијата.
Moze e tapa ama kaj nas e najdobar da ne e toj nema koj da povlece ili proigra eden pas.Da ne zboruvame za defanzivnite obvrski koi odlicno gi zavrsuva.Новевски ми е еден од подобрите, еве го ставаат на негова неприродна позиција, и тоа може да има влијание на неговата игра. Што се однесува до Шуми, он се губи бидејќи е тапа играч, во Англија играл слабо за Испвич дека нема доволно квалитет. Значи комплетно се сложувам дека треба да седне на клупа. Едноставно не е константен, знае да одигра добар натпревар но почести се оние во кои игра слабо.