Трошоците барем за сончеви денови, не знам точно колку, но најверојатно ќе се намалат. Сигурно се работи за систем што се става на кров оти овие системи во двор не можат да се изведат, барем не во Скопје, просторот е доста ограничен.
Заедно со квалитетна изолација овој избор мислам дека е солидна заштеда како за граѓаните, така и за државата. Само една пречка која не може секој да ја прескокне е инвестицијата, а таа пак поврзана со просечните примања и условите за кредити. Доколку државата интервенира во изолација и системи за искористување на друг вид енергија, тоа е сосем друга работа. Но не се надевам многу на интервенција (иако имаше еден краток период, сепак би требало тоа да е востановена пракса и долгорочно) поучен од ветувањата за гасификација, од идеите за централно парно во нашите населби и нивната нереализација како и помош при менување на штетните азбестни плочи. 2000 евра е голема сума која многумина тешко ќе си ја приуштат или ќе пробаат, но...затоа е граѓанството и длабоко задолжено, а како ефект на ластик е неможноста да инвестира во вакви подобрувања на домот.
Инаку како систем за греење (не соларен), добро решение беше она со користење на водата од Железара во некои згради во Автокоманда. Водата се користеше за загревање на радијаторите и истовремено во тој систем беа вклучени и бојлерите па така зиме, лете, топла вода имаа за доста ефтини пари. Дали уште функционира, не знам.