Соларна енергија

Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Соларната енергија , како всушност и енергијата од ветерницит е поскапа во моментов и не е ниту малку исплатлива, нарочно не за нас - кои немаме куповна моќ за цената која би требло да ја плаќаме.Тоа е енергија на иднината во најголем дел, и за региони каде е скап преносот на енергијата.
За помали системи, нарочно загревање,веќе на големо се користи па и кај нас, но директно како топлотна енергија.:toe::toe::toe::toe:
 
Polar Bear

Absolute Predator
Член од
22 април 2010
Мислења
51
Поени од реакции
2
Обновливите извори на енергија бараат многу знаење и планирање, не само МК, туку и регионално. Тие играчки од Кадино и други села се корисни, но нема да го решат енергетскиот проблем.

Она што на Македонија и фали е ОРГАНИЗАЦИЈА, но затоа пак има вишок на корупција. Сите овие проекти и проектчиња многу полесно ќе стануваат стварност дури кога МК ќе влезе во ЕУ. Али, далеко је море...

:kesa:
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Токму како што вели ,полар беар,да е мачкина кашлица, наголемо би се користела, пред се од високоразвиените земји.:smir::smir::smir:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Абе луѓето не можат ни кров да сменат со постоечкиот македонски животен стандард, камоли да стават панели и пропратна инсталација. Тоа кошта пари. Ќе се врателе парите, да, но за да се вратат треба да се вложат. Тоа е главно за прилично добростоечи фамилии кои може да рескираат или имаат вишок пари па може со нив да пробуваат.
-за овие инсталации нема нигде колку чини цел систем, колку би се произвело, дали има фирми за одржување и колку тие чинат, колкава е цената на еден кв што ќе се произведе, т.е. колкав е односот трошоци за инсталација и одржување према добиената струја.
Друга работа е што фамилија, ако сака да стави повеќе панели, треба да живее у Катланово, Брњарци или зад Водно -толкава површина бараките и куќите барем у Скопје немаат.

Се друго е ништо без соодветни информации, доволна количина пари, соодветен сервис и соодветен простор
Квалитетен соларен панел, сосе инсталација, за по дома, околу 2000 евра...ги има и поефтини, ама зборам за квалитет.
Инаку, се распрашав, и како што разбрав, нема веќе субвенции за таква работа.
Тоа мене ќе ми обезбедува топла вода, а кога нема сонце (зимата), топла вода ќе се обезбедува од парното...
Мајсторот нешто ми расправаше дека тоа нешто било поврзао и со парното, демек топла вода од соларното помагала при загревање на парното, ама не разбрав баш...
Во секој случај, ќе видам дали и кога ќе се исплати. Очекувам нешто помала сметка за струја.
Тргнувам од логиката дека бојлерот(бојлерите) се едни од поголемите потрошувачи на струја во домот. Со таква инсталација+парно со сопствен котел, Струмица ионака нема централно, комплетно ги исклучувам бојлерите од употреба. Значи, ќе остварам заштеда на струја бидејќи немам бојлери...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Трошоците барем за сончеви денови, не знам точно колку, но најверојатно ќе се намалат. Сигурно се работи за систем што се става на кров оти овие системи во двор не можат да се изведат, барем не во Скопје, просторот е доста ограничен.
Заедно со квалитетна изолација овој избор мислам дека е солидна заштеда како за граѓаните, така и за државата. Само една пречка која не може секој да ја прескокне е инвестицијата, а таа пак поврзана со просечните примања и условите за кредити. Доколку државата интервенира во изолација и системи за искористување на друг вид енергија, тоа е сосем друга работа. Но не се надевам многу на интервенција (иако имаше еден краток период, сепак би требало тоа да е востановена пракса и долгорочно) поучен од ветувањата за гасификација, од идеите за централно парно во нашите населби и нивната нереализација како и помош при менување на штетните азбестни плочи. 2000 евра е голема сума која многумина тешко ќе си ја приуштат или ќе пробаат, но...затоа е граѓанството и длабоко задолжено, а како ефект на ластик е неможноста да инвестира во вакви подобрувања на домот.

Инаку како систем за греење (не соларен), добро решение беше она со користење на водата од Железара во некои згради во Автокоманда. Водата се користеше за загревање на радијаторите и истовремено во тој систем беа вклучени и бојлерите па така зиме, лете, топла вода имаа за доста ефтини пари. Дали уште функционира, не знам.
 
Да, се работи од оние за на кров, со тоа што бојлерот е сместен под ќерамидите, не е заедно со панелот. И сето тоа има едно чудо цевки, и самиот незнам што, каде и со што е поврзано.
Се работи за куќа која сеуште е во изградба, и при изградбата, сметав дека е паметно да се вложи во изолација, како и во овие работи, и во самите инсталации, како водовод, парно, соларно, па и електрика...во смисла таму да не се прават компромиси, него да се избере најквалитетното.
Се надевам дека оваа зима ќе можам да пишам и за првичните искуства.

П.С. Нешто слично како во Автокоманда, имам сретнато во Нови Сад, Белград, Софија...
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Користењето на соларната енергија, за затоплување се разбира дека долгорочно се исплати ,нарочно со најавеното повторно поскапување на електричната енергија.
За добивање на електрична енергија - не!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Користењето на соларната енергија, за затоплување се разбира дека долгорочно се исплати ,нарочно со најавеното повторно поскапување на електричната енергија.
За добивање на електрична енергија - не!
Во комбинација со ДООБРА ИЗОЛАЦИЈА, која патем не е само шљакање стиропор, минерална волна или незнам што....................се исплати и забрзано дишење, за секс да не збориме :) , а во комбинација со сончеви термички панели и мали darrieus ветерници на секој оџак, ќе биде супер проект за преродба...

Во овој момент сепак НАЈГОЛЕМА УШТЕДА долгорочно нуди само ИЗОЛАЦИЈАТА.

Државата требаше , уште од вчера да изнајде начин за субвенционирање на ваков процес. Башка што тоа убаво ќе се вклопи во за сега јаловата намера сите згради и куќи да имаат фасади...по можност убави фасади.
Ова е голем биснис , технолошки не е атомска или незнам каква друга егзотична енергија, има локални проектанти,изведувачи и производители на сета потребна опрема...треба само човекот со 100-те долара, за да почне да ВРТИ!!!
Мислам дека, ако прочепрка по тоа џебовите, владата може да одвои од својот ВОЕН ПЛЕН толку ситна пара за резултат кој ќе е еквивалентен на една нова РЕК Битола.
Нормално ралниот втор услов е да немаме 400.000 невработени и народ сепак да врти некоја пара....без тоа се е едно ГОЛЕМО НИШТО....,иако неколку вакви ПОБУТНАТИ проекти можат и тоа да го помрднат од сега апсолутната нула...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Чичко ми ја користи соларната енергија со тоа што полни пластични шишиња со вода и ги остава цел ден на сонце, па цело лето човекот има топла вода.
 
Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Јас и татко ми се занимаваме со овој бизнис... Сеуште сме на почеток но имаме големи планови...

Линк!

П.С. Ако има заинтересирани повелете :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Јас и татко ми се занимаваме со овој бизнис... Сеуште сме на почеток но имаме големи планови...

Линк!

П.С. Ако има заинтересирани повелете :)
Kolku pari e toa panelot koj go demonstrirate+ akomulatorot+invertorot i drugoto????
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Јас и татко ми се занимаваме со овој бизнис... Сеуште сме на почеток но имаме големи планови...

Линк!

П.С. Ако има заинтересирани повелете :)
Ке останете само на големи планови, освен ако не почнете со превари и да ги лажете луѓето дека се исплати ова нешто,ти поставија прашање пред мене а јас би прашал и колкаво количество на енргија се добива од оваа

Bullshit Technology ?? може ли да обезбеди доволно енергија за да работи ладилник 24 часа? може ли да напојува термо печка? може ли да сврти водна пумпа ??
 
Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Kolku pari e toa panelot koj go demonstrirate+ akomulatorot+invertorot i drugoto????
За пари најмногу зависи од тебе - муштеријата, на кој за што му треба струјата. Не може да се вклучува печки, шпоред, бојлер... разни топлински препарати, освен ако не сакаш да ти излезе цена околу 10.000 евра... но затоа може тв, двд, светилки, помал фрижидер... и цената би била околу 1500 - 2000 евра... ќе кажам уште еднаш цената зависи од купувачот. Рокот на траењето на панелите е повеќе од 20 години.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Луѓе јас ги учам овие работи на постдипломски и ви гарантирам дека сеуште барем за нас фотоволтаиците (од Сонце во струја) се сеуште прескапи за нас Македонците. Можеби со еден панел-два ок ќе се правите важни дека ете користите сончева енергија за ТВ, ДВД, осветлување ама да поставите цел покрив или двор со вакви панели и да ја продавате струјата на МЕПСО дури и со повластените тарифи многу тешко се враќа инвестицијата. Затоа што додека да помине време да ги вратите вложените пари панелите веќе ќе почнат да деградираат. Ама тука убавото е што на некој начин ќе ви биде мило што користите чиста, “зелена“ енегија онака од кеф шо се вика ама тоа ќе ве чини пари. Најмногу што можат Македонците да искористат од Сонцето се соларните колектори за топла вода. Со не многу голема инвестиција обезбедувате топла вода просечно гледано за 60-70 % од потребите годишно. Кај овие колектори инвестицицијата се враќа за 3-4 години и после може да кажете дека користите бесплатна енергија. Фотоволтаичните панели сеуште се луксуз кој може да си го дозволат само богатите земји.
 
ова е пацерски одговор, правата информација е колку пари за 1KW , како се менува цената во зависност од инсталираниот капацитет, колкава е тоа инсталирана снага за 10.000 евра??? колку трае гаранцијата , чиви се фотонапонските панели т.е кој е производителот итн.итн. :)
Луѓе јас ги учам овие работи на постдипломски и ви гарантирам дека сеуште барем за нас фотоволтаиците (од Сонце во струја) се сеуште прескапи за нас Македонците. Можеби со еден панел-два ок ќе се правите важни дека ете користите сончева енергија за ТВ, ДВД, осветлување ама да поставите цел покрив или двор со вакви панели и да ја продавате струјата на МЕПСО дури и со повластените тарифи многу тешко се враќа инвестицијата. Затоа што додека да помине време да ги вратите вложените пари панелите веќе ќе почнат да деградираат. Ама тука убавото е што на некој начин ќе ви биде мило што користите чиста, “зелена“ енегија онака од кеф шо се вика ама тоа ќе ве чини пари. Најмногу што можат Македонците да искористат од Сонцето се соларните колектори за топла вода. Со не многу голема инвестиција обезбедувате топла вода просечно гледано за 60-70 % од потребите годишно. Кај овие колектори инвестицицијата се враќа за 3-4 години и после може да кажете дека користите бесплатна енергија. Фотоволтаичните панели сеуште се луксуз кој може да си го дозволат само богатите земји.
веќе спомнав мислам...на ова технолошко ниво фотонапонските панели чинат повеќе од вкупната енергија која ќе ја дадат во својот работен век....и тоа по цена која во КУЛТУРНИ земји се плаќа за електрична енергија од обновливи извори.. во Македонија тоа не важи...државата нема пари, а заради некои интереси ни воља да купува таква струја....затоа и проблемот со малите хидро централи, биогасот, ветерот и останато....
...доообра изолација и термо панели за загревање се РЕАЛНОСТА и би требало, заради локацијата на МКД, максимално да се експлоатираат....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom