Мора вакви трагедии да се користат за да се сфати каква ни е државата? Зошто не мислите на тоа во слободно време и тогаш да се трудите да промените нешто, онака чисто превентивно? Зошто никогаш никој не се сетил дека треба, конкретно во врска со темава, да возат исправни и постабилни бродови по нашево езеро, да се сите редовно контролирани од одговорните, да има спасувачки појас за секој патник и сл?
Сега ви е касно, а и да не ви е, ништо не постигнувате освен омраза кај тие кои се потресени и сочуствуваат со преживеаните и блиските на починатите. На форум не се прават криви Дрини.
За крај ... мое сочуство до сите кои изгубија некого во таа несакана и страшна несреќа.
Секако и мој гнев кон телевизиите кои изгубиле се` што може да ги направи достојни за гледање, како и голема надеж дека ќе се открие дали човек е крив за ова и истиот да биде соодветно казнет.