Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нормално е да даваат коментари со емоции.Човечки е да се бара кривец за секоја несреќа.Но не е нормално министер на држава да лечи фрустрации,целиот Бугарски народ треба да се огради од тие изјави.
Ние сме одговорен народ и ќе си ја преземеме вината за потонување на бродот.Не е ни прва несреќа ниту последна,секаде се случува.Одговорноста ќе си ја поделат трите страни (сопственик-капетанија-министер).Ние не сме проклет народ да гледаме од страна како се дават луѓе,ние помогнавме во истата минута,на лице место стасаа 4 медицински екипи,полиција,туристи,министри.Од тоа повеќе неможеме да направиме,сепак сме луѓе.
Апсолутно е така.Не мораше ни Спаска да се спомнува,ни вината кај македонците.А сепак Борисов не го почитува ни националниот ден на жал во Бугарија

Големо благодарја на всички македонци, които са изказали с'болезнованија за жертвите в'в форума и жалјат заедно с нас. Големо благодарја и за тези, които са спасјавали пострадалите в езерото!
Извинение за думите на политиците! Обшточовешките ценности са вечни, а политиката и политиците - преходни!
Камо сите да останеа живи,и да му се радуваа на Охрид.Се согласувам со твојот пост,сепак сме брака по вера.Бог нека ги прости и да им се живи наследниците
 
И при нас не стана јасно зашто и от Х'рватија ште дојдат следователи, за да разследват случилото се. Но повечето б'лгари са на мнение, че Македонските органи ште си св'ршат работата. Все пак тук става в'прос за см'ртта на много хора, а и за реномето на един град, којто е под заштитата на јуНЕСКО. Това е от значение за туризма и помин'ка на много хора. Охрид е лјубима дестинација за жителите на Балканите и трјабва да остане такава. Горко и тежко и на капитана- дали ште б'де с'ден или не- за цјал живот ште му остане в паметта този ден.

Молја, в този ден нека не спорим и не се обиждаме - виждате колко е крат'к живот'т!
Оште един п'т - благодарја за с'причастността!
 
Нека ви се на чест сите препукувања кои ги направивте. Од една несреќа во која животите ги загубија 15 ЛУЃЕ, вие направивте тема за расправии.
Поради тоа што е невкусно да се пишуваат вакви коментари на така деликатна тема, ќе летнат многу мислења од овде.
Сите новости кои ќе сакате да ги обајвите, за тоа дали бродот е извлечен, дали има нови изјави од преживеаните и кои се доказите за несреќата, ќе останат само новости и нема да дозволите да се направат други расправии како оваа која веќе започнала.
Ви ветувам дека при следната расправија која ќе ја начекам во темава, истата ќе биде санкционирана а темата ќе оди под клуч
Нели е греота и жално на ваква трагедија ние да се препукуваме?
Се надевам дека страстите ќе се смират.

едит: И ги замолувам јавно сите бугари кои ја следат темава и пишуваат во неа, д го практикуваат македонскиот јазик. Сепак тоа е едно од основните правила на форумот.
 
Реших да се регистрирам в'в вашија форум, заштото видјах колко много македонци реагират на сполетјалото ни нештастие. Това е една чисто човешка реакција. Както нештастието може да ни сближи, така могат и други, по-хубави моменти да ни направјат близки - ето например Охридското езеро. То е прекрасно, в'преки, че прибра 15 нештастни хора. Но все пак то е там и б'лгари, и македонци ште прод'лжават да го посештават и да се лјубуват на красивите гледки.
Затова днес го оставете Борисов. Както и вие си знаете вашите политици и техните позитивни и негативни черти, така е и при нас. И не си мислете, че ние не виждаме какви ги в'ршат нашите. Но днес да ги оставим - просто нјама смис'л.
 
нека почиваат во мир, загинатите. стварно жалосно ова што се случи :toe:
 
spored a1 tv vo bivsa juga edinstven koj daval dozvoli za plovidba bil institut vo zemun.Toj istiot dal dozvola samo na 1 brod na ohridsko ezero(ne e ilinden)
 
Две лекарки од Србија несебично спасиле повеќе давеници од бродот „Илинден“
Охрид, 8. септември (ИНПРЕС)
Жаклина Спасиќ и Гордана Димитриќ, се двете лекарки кои спасија повеќе давеници при несреќата во која потона бродот Илинден. Во тој момент тие се наоѓале на еден од соседните бродови, а по ужасната глетка веднаш се впуштиле во хуманата мисија.
4C36E90B12B4E140B17D740D499F5CD9.jpg
Помеѓу педесетината туристи, нуркачи и полицајци кои учествуваа во спасувањето на бугарските туристи по бродоломот на „Илинден” на Охридското езеро се зборува и за двете српски лекарки, Жаклина Спасиќ и Гордана Димитриќ, кои од сигурна смрт спасија повеќе давеници. Во моментот на несреќата тие патувале во еден од соседните бродови.
Ретроспектива за овој настан направи и Венко Мустракински, од Охрид, кој во моментот на несреќата бил во ресторанот „Котва“ , а за тонењето на бродот дознал од негов сограѓанин и пријател.
- Се упатив со мојот глисер кон „Елешец“, но за жал, успеав само да помогнам во вадење на мртви тела од езерото, вели за ИНПРЕС Мустракински.
Сеуште се испитуваат причините за несреќата, а екипи на експерти од Македонија, Бугарија и Хрватска деновиве се обидуваат да ги утврдат причините за потонувањето на бродот „Илинден“ и да стават крај на мноштвото контроверзни информации кои ја следат оваа голема трагедија.

Во сенка на барањето на одговорите на организационо-техничките прашања останаа многобројните спасители, од кои дел беа и гости од автокампот „Елешец“ и туристите од бродовите „Александрија” и „Кристина” кои меѓу првите им притекнаа на помош на бродоломниците од „Илинден”.
Гордана Ручевска од Кочани, Ѓорѓи Костовски и Бранислав Кодриќ од Скопје, Александар Мојсовски од Тетово се вистинските херои на охридската трагедија. Рувчевска со својот сопруг и глисерот случајно се затекнале на местото на несреќата и благодарение на нивната присебност од водата за само две минути по несреќата, извадиле тројца бугарски државјани кои биле непливачи.
Ѓорѓи, Бранислав и Александар биле неуморни во извлекувањето на давениците, парализирани од паниката. Тројцата од водата на езерото спасија петнаест бродоломници, воглавно постари лица.

Храбриот Ѓорѓе Костовски, младиот Скопјанец кој студира во Бугарија, на многобројните новинари кои овој викенд беа во Охрид со нескриен восхит зборуваше за една од српските лекарки од бродот „Александрија” која несебично им помагала на давениците.
- Уште сум под впечаток на она што го направи таа докторка од Србија. Со свои очи гледав како буквално ги врати од мртвите седум давеници, раскажува Костовски.

- Немам зборови да го опишам тоа што го направи таа госпоѓа, изјави капетанот на бродот „Александрија” Зоран Гилевски.
Докторката останала во чамецот со давениците кои биле во најтешка состојба. Таа и сите оние кои им помагаа на бугарските туристи се вистинските херои на најголемата трагедија која некогаш се случила во водите на Охридското езеро.

Владата на Република Бугарија планира со посебни медалји да им оддаде почит на цивиното население, здруженијата, и на локалните и државните институции кои учествуваа во спасувањето на бугарските туристи при саботната несреќа во која се удавија 15 луѓе при тонењето на бродот „Илинден“.
За оваа цел, како што дознаваме, соседната држава ќе оствари контакти со Македонија на највисоко ниво. (Крај)

извор: Инпрес
 
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе му препорача на премиерот Груевски да не ја прифаќа оставката на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, понудена по несреќата на бродот „Илинден“, во која загинаа 15 бугарски државјани. Ваквиот став пратениците од владејачката партија го донеле по вчерашната тричасовна дебата за околностите во кои се случи бродската несреќа.

- Откако ги разгледавме сите аргументи поврзани со несреќата и откако ги анализиравме исказите на домашните и на меѓународните експерти, констатиравме дека оставката на Јанакиески е висок морален чин и тоа треба да се цени. Сепак, имајќи ги предвид активностите на институциите и аргументите поврзани со причините за несреќата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека не постои директна одговорност на министерот. Затоа ќе му препорачаме на премиерот Груевски да не ја прифаќа оставката на Јанакиевски - изјавија вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека политичарите не треба да ја користат трагедијата за политички поени.

Со ваквиот став, пратениците создаваат клима Груевски да не ја прифати оставката на еден од своите најблиски соработници, а тоа во јавноста да не предизвика остри реакции. Наспроти ова, неофицијално дознаваме дека претставници на меѓународната заедница на премиерот му сугерирале „да се однесува европски“ во однос на оставката на ресорниот министер, што се толкува како директна сугестија Груевски да го разреши министерот.

Премиерот не го одржа ветувањето дека за оставката на Јанакиески ќе се изјасни по 8 Септември. Тој вчера замина во Кина, каде што ќе остане до крајот на неделава.

Министерот Јанакиески и вчера одби да одговори дали поднел неотповиклива оставка. Тој на денот на несреќата телефонски му понудил оставка на премиерот Груевски како морален чин на одговорност за трагедијата со бродот „Илинден“.

Дневник
 
ne samo toj...i ministerkata za vnatresni raboti treba da podnese ostavka...policijata stigna posledna..na mestoto...kako i sekogas...a i celo leto vo ohrid ja nemase nikade ....
 
hheee...a koj pa veruvase deka ke si odi...vo ovaa drzava se e naopaku:uvo:
 
ne samo toj...i ministerkata za vnatresni raboti treba da podnese ostavka...policijata stigna posledna..na mestoto...kako i sekogas...a i celo leto vo ohrid ja nemase nikade ....

мислам дека малце грешиш тука... обичните полицајци,ништо неможат да направат... али затоа,во специјалната единица има специјализирани нуркачки екипи,кои како што разбрав и видов,одма тргнале со хеликоптер кон охрид... затоа што тие се распоредени во касарната/ите во скопје...неможе за минута да стигнат до охрид...
 
Од следното лето туризмот во охрид ќе биде и тоа многу опаднат од страна на странциве...ова лето као проколнато да е со тоа што се десија неколку работи во езерото.Голема штета и голема трагедија никако да се средат одредени работи за да се прекине ова !
 
Koj ќе го вади бродот? Читнав негде дека ќе го вадела Хрватска фирма за 300.000 евра, многу бе.

Нека ги викат mythbusters ќе им го извадат без трошок и тоа со пинг понг топчиња.
 
ne samo toj...i ministerkata za vnatresni raboti treba da podnese ostavka...policijata stigna posledna..na mestoto...kako i sekogas...a i celo leto vo ohrid ja nemase nikade ....

Изгледа требаше полицијата со брзината на светлината да стана прва на местото каде што потона бродот, дај малку логички размислете сигурно нема на плаживе да прават патроли полицајците.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom