Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да потоне брод на 200-300 метри оддалеченост од брегот и тоа во ЕЗЕРО, не е никој крив освен самиот сопственик на бродот. Мора да е бил дотраен, без никаков преглед во години. А изгледа сите жртви се бугари. Иронична ми трагедијава малце...

Како што посочи министерот за транспорт и врски, бродот е стар 85 години, а во 1989 тогашните Југословенски власти соработувале со германска фирма за преглед на сите државни бродови и таа иста година бродот бил целосно регенериран со сите негови елементи. Е сега од 1989 година до денес поминати се 20 години и ако на оваа држава цели 20 години не и текнало дека треба да се провери технички бродот и се потпрела на регенарацијата на Југословенската држава, тогаш проблемот е во насшите влади односно државата.
 
Прашај кај ќе му оди на типчето што качило 30 патници повеќе од дозволеното на брод створен после Прва светска војна. А овие, си ја вршат работата. Нема ништо неморално, ниту непочитувачко.

ах тие пусти пари ... стварно жалосно нека им е лесна земјата
 
Прашај кај ќе му оди на типчето што качило 30 патници повеќе од дозволеното на брод створен после Прва светска војна. А овие, си ја вршат работата. Нема ништо неморално, ниту непочитувачко.

Те сфаќам Мими, ама пак, ти би сакала да си видиш некој роднина на дно на езеро удавен? Скраја да е ова, да не ме сфатиш погрешно. :smir:
 
Стварно беа ексклузивни и шокатни снимките...
 
Жално сочуство до фамилиите. И нека се замисли владата каков примитивизам владее во државава се работи без лиценци со претоварени бродови и капацитети само за да профитираат некои лудаци.

Малку ќе бидам оф топик и се надевам дека нема да бидам сфатен погрешно бидејќи ова е голема трагедија.

Не ја бранам владата или нешто слично ама кога се најавуваат санкции против оние што немаат спасувачи на плажите, или не им се соодветно обележани или нешто слично по телевизиите тие БИЗНИСМЕНИ што имаат обврска да се грижат за човечките животи даваат изјави како владата сакала по секоја цена да им го земе лебот или да им го уништи бизнисот. Токму за да се избегнат вакви катастрофи се тие казни. Виновни се тие бизнисмени и ситни профитери што не бираат начин како да дојдат до заработувачка .
 
Е не ми се верува што само видов сега на ТВ, па овие дали се нормални што објавуваат вакви работи, Бог да чува и да брани, сочувство до фамилиите на загинатите.
 
Те сфаќам Мими, ама пак, ти би сакала да си видиш некој роднина на дно на езеро удавен? Скраја да е ова, да не ме сфатиш погрешно. :smir:

Фросе никој несака верувај. Ама нашите медиуми за вакви работи се први. :toe:
 
Дозволени се вакви снимки што даваат на А1?

Дозволени се веројатно законски, ама морално и етички не верувам. Срамота. За пусти публицитет и мајките би си ги продале.

Па не знам што не чуди ова толку, тие телото на Тоше го снимија кога го отворија ковчегот па за некои Бугари тука. Да се нема ни трошка човечност ни сочувство.
 
Чекај сега, 54 или 73 патници биле на бродот пред да потоне?:/ Нека се одлучат, ипак не се работи за мала бројка...
 
Чекај сега, 54 или 73 патници биле на бродот пред да потоне?:/ Нека се одлучат, ипак не се работи за мала бројка...
Никој незнае точно колку патници биле, не верувам денес да се дознае, наредните денови можеби...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom