О дирли биловед Орце Николов.
Школово Рулз.Четврта година сум, и осекам дека од септември ке ми фали.
Се бара невидена строгост и дисциплина.Учење се додека не почне ужасно да те боли г‘зот од седење на стол.
Уште од далеку кога ке ја видиш морбидното здание на зградата во која е сместено школото те фака страв.Ама тоа е само погрешен прв впечаток.Влегуваш, и така магијата започнува.Те пречекуваат љубезните соученици, секогаш насмеани и расположени, спремни да ти помогнат во секое време, ако имаш проблем.Професорите, приказна сама по себе.Најголем дел од нив во климакс, еден час се душички наредниот баба роги.Вриштат, трескаат дневници, бркаат, запишуваат, ама се во рок на службата.Ке ти ја исцицаат крвта до последна капка, ама на крај си задоволен дека си ја добил посакуваната оценка, а притоа знаеш дека ти е заслужена.Еден куп легенди.
Почнувајки од Мартаќ Ленче, или позната како Членче, преку Луцифер, Ванѓа, Мица, Цеце, Маче и другарка и Анета, Лилето по Биологија, завршувајки до сеуште невината и девица Дани латински.
Нервози со нив, колку ти душа сака.Расправања, тресканње на врати, и што ли уште не.
Еднаш влезеш ли во Орце, никогаш не излегуваш.Дел од срцето останува токму во таа монструмозна зграда.Ке матурираш, и секогаш кога поминуваш по Илинденска ке гледаш да свратиш барем на момент, да го почуствуваш карактеристичниот мириз на Орцевските ходници, измешан со мирисиот на загорено лиснато на тост, кое се прави во училишната кантина.Додека учиш, професорките ке се за тебе вештерки и баба роги, ке ги мразиш и колнеш.А потоа ке доагаш во посета, и додека чекаш да излезат од час, ке сретнеш еден куп млади деца, и за момент ке се потсетиш на твојте денови поминати тука.
Никој не ги спомна Миле Бомба и Драган Кртолица, професор филозофије и педагог, најголемите легенди во Орце.
Која комунистичка појава е Кртолица со стилот на облекување и зборување, ставот и погледот, осмех под бркот и бркот, ѕвер човек.
Ти знаш? Шта знаш, ништа не знаш!
Кога сме веќе кај професори.Горе споменатиот сега ми предава.
Прашав една професорка да ми каже нешто за него и само ми кажа:Ќе ве чеша таму каде што не ве чешало до сега:nesvest:Не дај боже да бегаш од кај него на час..пиши си крст и не се појавувај до крај.
Голем респект иде кај Александра, или популарна егу учениците како Ма4е по англиски.Жената е ѕвер во позитивна смисла на зборот.Строга е и бара многу, ама коа ке завршиш четврта ке се чуствуваш исто ко да си роден англичанец.Кога се работи се работи, и мравка да помне ке ја чуеш.Ама кога не се работи и се забушава, тогаш се прават муабети за се и сешто.Вистински педагог, знае да процени кога си нервозен, и да каже нешто што ке те насмее.
Секако тука е и мојата класна во прва и втора Анета физичко.Се што ке се каже за неа е премалку.Таа е легенда, а за легендите се збори цел живот.Ја обожавам
Весна англиски, мојата сегашна класна...огромен почит и кон неа.Јака и душа на жената.Со клас како нашиот( за кој од сите е потврдено дека е нешто невидено и дека уште долго нема да се гледа), издржа цела година со нас, и уште на крај не засака и покрај сите нервози и вика ке ве водам и во четврта.
Бети Хемија, една од најстрогите професорки во Орце, ама ако ти предава она, знај дека Хемија ке ја знаеш ко Оче Наш.Еве втора година како не ми предава, материјалот од прва и втора уште го знам.
Мица легендаааа.Светот е физика за неа.Се е физика бре.Ах колку ми фали нејзиното:Фрлија мастиката оти потсекаш на уллична џукела, или ова е формула звана Оче Наш, кој не ја знае тешко му се пишува, или па:Ауууу Тесла се превртува во гроб сега:pos2:
Вангелица, предавала на мама и на тато, сега и на мене:pos2:Фамилијарно сите сме учеле географија кај Вангето:pos2:И никако да сфатам зашто ги бараше да ги учиме фабриките што се во стечај веке 10 години:pos2:
Лила биологија.О тебе кој ти дал диплома и уверение за работа, луфтике една:pos2:Влага у канцелрија и вика:Колеги втора година се ми препишаа на тестот, не е фер ова што го прават:pos2::pos2:Нареден тест класните ни ги викаше на сите класа демек и они да не пазеле да не се препишувало, али...:pos2:хаос:pos2:
Дани латински, сеуште незнам што бара во образование
Не дај боже да и изгасиш светло на 7ми втора смена:pos2:Такво вриштење ке чуеш шо ке се смееш до солзи.
Ај доста е ме мрзи више да пишувам:kesa: