Кога домарот предава англиски
Речиси два месеца на учениците од ОУ „Свети Климент Охридски“ од Делчево англиски им предавал домарот кој воопшто не се потпишувал во училишниот дневник.
Стручноста била заменета со курс по англиски и работа на брод, обвинија осумтте наставници кои денеска наместо да земат дневник во рака, добија отказни решенија. Тие тврдат дека партиските книшки биле пред дипломите и магистерските трудови.
Директорот кој денеска ги потпишуваше новите договори за работа, ваквите тврдења ги нарече дезинформации и инсинуации.
Според него, новиот кадар ги имал најдобрите препораки, а што се однесува до домарот, тој морал да го однесе ова соломонско решение, бидејќи во Агенцијата за вработување немало кадар што чека вработување.
Наставниците кои од денеска повеќе не работат се категорични дека правдата ке ја бараат по судски пат, а од министерот побараа одговор на прашањето: како е можно во училиштата да се вработуваат кадри без ниту еден ден работен стаж и соодветна стручност.
Знаењето е сила, знаењето е моќ :мочко: