ПАСОК најавува помек однос кон прашањето за името

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.610
Поени од реакции
18.641
Кога ќе дојдеме на власт ќе го решиме проблемот со името и ќе им дозволиме на славомакедонските бегалци, кои ја напуштија земјата по граѓанската војна да се вратат, изјавил за грчката веб страница newstime - Андреас Ловердос, еден од најблиските соработници на лидерот на сегрчкото социјалистичко движење ПАСОК, Андреас Папандреу.
Ловердос, според веб страницата balkaninsite, најавил дека идната грчка влада на Скопје ќе му испрати порака на помирување, а не на конфронтација, и ја обвини владата на Караманлис за ескалација на разликите во преговорите за името.
Високиот функционер на ПАСОК смета дека сегашната министерка за надворешни работи Дора Бакојани прави голема грешка, затоа што не влегува во директни преговори со Скопје, туку остава посредникот Метју Нимиц да изнајде заемно прифатлив компромис.

Како знак на добра волја, Грција ќе им дозволи на славомакеоднците, како што во Грција ги нарекуваат бегалците од граѓанската војна 1946-49, да се вратат на своите родни огништа. Сегашните грчки закони не им дозволуваат враќање на бегалците, освен на оние кои ќе се декларираат како Грци по род и националост.
Изјавата на поранешниот заменик премиер на Грција добива на тежина, кога се знае дека тој е најверојатниот нов шеф на грчката дипломатија, доколку се остварат прогнозите за сигурна победа на ПАСОК на претстојните вонредни парламентрани избори, кои ќе се одржат најдоцна до март наредната година.
Поради своите ставови во врска со македонското прашање, Ловердос е под постојан удар на грчките националисти.



-------------------------------------------------------------------------


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113287
 
Да навиваме за нив како и што навивавме за социјалистите во албанија оти решение повеѓу две десни партии нема.Ама како што тргна бранов кај сите така и грчките социјалисти ќе го јадат стапот.
 
Кога ќе дојдеме на власт ќе го решиме проблемот со името и ќе им дозволиме на славомакедонските бегалци, кои ја напуштија земјата по граѓанската војна да се вратат, изјавил за грчката веб страница newstime - Андреас Ловердос, еден од најблиските соработници на лидерот на сегрчкото социјалистичко движење ПАСОК, Андреас Папандреу.
Ловердос, според веб страницата balkaninsite, најавил дека идната грчка влада на Скопје ќе му испрати порака на помирување, а не на конфронтација, и ја обвини владата на Караманлис за ескалација на разликите во преговорите за името.
Високиот функционер на ПАСОК смета дека сегашната министерка за надворешни работи Дора Бакојани прави голема грешка, затоа што не влегува во директни преговори со Скопје, туку остава посредникот Метју Нимиц да изнајде заемно прифатлив компромис.

Како знак на добра волја, Грција ќе им дозволи на славомакеоднците, како што во Грција ги нарекуваат бегалците од граѓанската војна 1946-49, да се вратат на своите родни огништа. Сегашните грчки закони не им дозволуваат враќање на бегалците, освен на оние кои ќе се декларираат како Грци по род и националост.
Изјавата на поранешниот заменик премиер на Грција добива на тежина, кога се знае дека тој е најверојатниот нов шеф на грчката дипломатија, доколку се остварат прогнозите за сигурна победа на ПАСОК на претстојните вонредни парламентрани избори, кои ќе се одржат најдоцна до март наредната година.
Поради своите ставови во врска со македонското прашање, Ловердос е под постојан удар на грчките националисти.



-------------------------------------------------------------------------


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113287
О фалим те Боже... :cuc:
Двоен спас.
 
Каква игра па овие водат сега...:toe:
Не ми е јасно зошто ова би го најавувале оние кој сакаат да дојдат на власт во грција? Нели грците се против аспирациите на Македонија во ЕУ и НАТО...односно против СЕ Македонско...зошто грк би гласал за нив сега?
-Можда им текнало дека половина грција се македонци, па така би дошле на власт:pos2:

Иако мислам дека пасок ништо ново нема да донесе во “спорот„ дотолку дојде на власт, но сепак од малите екрани ке се избрише Дорка. :vozbud:
 
Јас не им верувам на ова што го кажале...
Го рекле само за да замачкаат очи пред светот демек сакаат добрососедски односи со нас и дека се ''демократска држава''
 
Зборуват така докато зеват власта,после ке запеjaт друга песна.
 
Славо-Македонци? Не, благодарам.
Ти...
`не` го разбираш текстов на песнава,нели? :)
Дај аман веќе од глупости,
неодбранливи и хипотетички ставови земени како државни
(`стратегија` за у читанка у скоро сите пост советски држави,од Хрватска,Украина, до Македонија и Литванија)
аман и од политичари што својата економска и дејствителна некадарност ја бранат и задскриваат зад неурамнотежениот национализам...
дај веќе еднаш да `се решиме` со и од тоа грчиштата
и:
Ми се домачи од непродуктивни спорови.
И пат позиции.
:toe:
 
Зборуват така докато зеват власта,после ке запеjaт друга песна.

Па кој ке ги гласа ако зборат така во Грција?
Несто се мути ке видиме сто ке искоци!
Ке и дозволеле на СлавоМАкедонците да се вратат!
А кои се тие???????????
 
jas vikam da se vratat ama i imotite da gi vratat e togas ke vidime koj ke bide glaven koalicionen partner za formiranje Vlada.Kako sto ne moze da se formira vlada vo Makedonija bez Albancite ke bide istoto vo Grcija ama sega Vlada ne ke moze da se formira bez Vlasite Makedoncite i Albancite(Cemerite)
Ili ke se realizira ova ili ke bide moja fantazija:smir:
 
Јас не им верувам на ова што го кажале...
Го рекле само за да замачкаат очи пред светот демек сакаат добрососедски односи со нас и дека се ''демократска држава''
А како би се покажале како демократска држава кога основни права се забранети за едни а за други не се. Со тоа нема да докажат ништо туку ја бараат подржката од големите сили.
И кај нив е слично како и кај нас немој да мислите дека е поразлично, работите што им се случија последниве година дена, ја опишаа гејција како не така солидна држава како што предходно се веруваше дека е. Немирите, ветото, корумпираната влада, непризнавање на малцинство и да не редам уште што не им се случи, тоа влијае врз имиџот на една држава, а еу несака вакви "демократски" држави.

Јас мислам дека е до тоа.
 
Сегашните грчки закони не им дозволуваат враќање на бегалците, освен на оние кои ќе се декларираат како Грци по род и националост.

Конечно признаа дека Македонците биле протерани за време на граѓанската војна, и дека после тоа им поставувале услови и не им дозволувале да си се вратат на сопствените имоти.
Сега ако сме доволно паметни, ние овие изјави треба да ги искористиме како докази, зошто оваа изјава е дадена од нивен политичар, не е дадена од некој нивни обичен граѓанин.
 
Фрлање зборови у ветер, како и досега.

пораката е испратена од преспа(прспес) и се однесува повеке на Македонците во Грција отколку на Македонците тука...(пази да не ке дозволат 200 000 злопамтила назад во грција)

значи исто како Бугарите пред сто години, србите пред 50 така и овие сега..со про-македонски пораки и ветувања индиректно признаваат МАКЕДОНЦИ во денес нивната држава....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom