- Член од
- 31 јануари 2007
- Мислења
- 19.057
- Поени од реакции
- 23.306

Холандскиот суд пресуди против популарниот веб сајт Mininova.org и сега порталот има временски рок од 30 дена од својата база да ги тргне сите торенти кои имаат заштитени авторски права, а кои корисниците ги разменуваат бесплатно и неовластено. Целосната судска одлука можете да ја прочитате на оваа адреса, која е преведена на англиски од холандски со помош на Google Translate.
Одлуката исто така наведува Mininova да ги отстрани сите сомнителни материјали, а за 30 дена треба да направи и филтер за прочистување на податоците. Освен тоа сајтот треба да плати и 1000 евра за секој илегален торент, а максималната казна може да изнесува пет милиони евра.
Претставниците на Mininova најавија жалба на оваа одлука.
