Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Дали сме сведоци на изумирањето на интелектуалните,идеолошките и моралните величини кои до пред некоја деценија имале огромно влијание во формирањето на критична свест и влевале надеж во некое подобро утре?
Дали сме сведоци на таква инфлација на човековата мисла да најголем дострел на денешницава се јунаците од ТВ шоуата како Big Brother или X-Factor? Или моралните накази (политичарите) и бизнис-елитата од типот на Доналд Трамп,па и некоја негова локална инкарнација кај нас...
Тешко е да се замисли но само пред 30-тина години сликата била сосема поинаква.Личности од калиброт на Че Гевара,Камило Сиенфуегос,Руди Дучке,Аби Хофман,Херберт Маркузе,Тимоти Лири,Карлос Кастањеда,Жан-Пол Сартр,Бертранд Расел,Џон Ленон,Улрике Мајнхоф и многу други кои биле на врвот на бранот на идеолошките,културните и духовните движења.
Наивно или не,многумина верувале во подобра иднина,револуција,промени,капитализам и комунизам со човечко лице...
Аnd then the fucking nineties arrived...someone switched off the light...
Денеска сме сведоци на траењето на своевидна контра-револуција каде се помалку работи се доведуваат во прашање,а се повеќе работите се земаат здраво за готово.Во прв ред ова важи за т.н. интелектуалци кои се завлекле во некоја дупка и чекаат газдата да им фрли коска.
Дали денеска (или барем во последниве 15-20 години) има личности кои можат да се наречат херои?Без разлика за која област или дејност се работи и без разлика од каде се (па и од нашава земја хахаха).
Или сте песимисти и се согласувате со следново - Личностите денес се изумрени.Денеска човекот е робот,краен производ на ерата на машините.Човекот има улога на делче од машината над која веќе изгубил контрола...
Anyway...
Кои според вас се хероите на нашето време?