Green street hooligans во новиот милениум :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Westham и Millwall се потсетија на старите “добри“ времиња кога си ги кршеа главите ширум лондонските булевари вчера во рамките на Карлинг купот каде уште пет часа пред натпреварот дојде до физичка пресметка помеѓу двете групи. До самиот почеток на натпреварот навивачите на двата клуба дивееја како меѓусебно така и со полицијата.

Но, тоа не беше доволно за овие луѓе кои со нетрпение чекаат со години да играат едни против други за да можат да ги израмнат старите сметки, па по голот за 1-1 на Вест Хем, навивачите влетаа на теренот да прослават. Полицијата ги врати назад, но имаа малку потешка задача кога тоа го сторија помасовно по реализираниот пенал за 2-1, а публиката буквално го окупира теренот.

А да, Вест Хем победи 3-1 :pipi:


 
Значи никако да им дојде умот.....
 
нишо бе, чим не се зашљакале одма на сред терен како кога беа во топ форма, ова ништо не е.


како и да е, моите пулени

најболна група луѓе, има муабети дека нејќат премиер лига, за да можат да си се тепаат на раат во пониските дивизии со кој стасаат. : )
 
Баш вчера која ја видов утакмицава во билтен помислив дека ќе има нереди....значи стварно ептен се диви овие штом во Англија не им е гајле се тепаат а се знае какви строги казни има:toe:
 
:zlo: треба почесто да играат ... да ја живнат заспаната англија
 
Баш вчера која ја видов утакмицава во билтен помислив дека ќе има нереди....значи стварно ептен се диви овие штом во Англија не им е гајле се тепаат а се знае какви строги казни има:toe:


Можеби ке забранат гостување на навивачки групи!!!

Ах колку ли им фали само Хари таму!:toe:
 
:zlo: треба почесто да играат ... да ја живнат заспаната англија

Англија имала најдиви навивачи пред 30 години. Тепачки, влегување на терени, убиства, горење на објекти - војни! Но по промените на кои ги донела премиерката Маргарет Тачер и огромните казни за нередите кои ги правеле навивачите, Англиските фанови станале најмирните навивачи во Европа.
 
Англија имала најдиви навивачи пред 30 години. Тепачки, влегување на терени, убиства, горење на објекти - војни! Но по промените на кои ги донела премиерката Маргарет Тачер и огромните казни за нередите кои ги правеле навивачите, Англиските фанови станале најмирните навивачи во Европа.

Не би се сложил целосно со тебе... Точно е дека Тачер го среди насилството на стадион, но не и околу стадионот. Нејзините чекори доведоа до нов навивачки правец, ги создаде ’кежуалците’, тие, пак, константно се тепаат меѓу себе... Па, на многу гостувања на англиската репрезентација има проблеми до страна на нивните хулигани.

Замисли, имаш група која што тргнува со автобус на гостување на својот тим, сето тоа го прават во сопствена режија а единствена цел им е да се тепаат и да кршат. А, тешко е плоцијата да ги примети, носат скапа облека како да се од некое угледно англиско семејство (поголемите групи и се натпреваруваат во тоа кој има поубава облека:))...

Само прашање на време е кога ќе почнаат дел од нив да прават проблеми и на стадион.

Не треба многу репресивно да се делува врз фудбалските навивачки групи, подобро е да има навивачка група која со со придружба на плиција ќе оди на стадион и ќе се враќа, отколку една група која што е ’неприметна’, а прави големи проблеми...

Сега со забранава од ФФМ и нашите кежуалци ќе можат да се покажат... :)
 
Добро тепање падна, уште у билтен коа видов дека играат бев сигурен дека ќе се исшљакаат. :)
Полека почнуваат да се враќаат енглескиве хулигани на сцена, а знаејќи дека се најментални, тоа би било страшно за англискиот фудбал.Коа ќе играат Барнли-Блекбурн, очекувајте нешто слично, многу си се сакаат. :)
 
Football Factory ако го има некој гледано филмот,ке ги види на дело ваквите навивачи. Патуваат со автобус само за тепачки надвор од стадионот,не навиваат туку само за фрки одат.

Во филмот главната улога ја имаат хулиганите на Челзи,кои едвај го чекат Милвол некако да им се падне противник и тоа се случува во купот.И крш до даска станува.
 
Јака тепачка беше вчера,успеале да договорат фајт и покрај што знаат какви казни ги очекуваат.
Се истепале толку добро што одвај се движеле “кутрите“...

Мислам дека има 10 уапсени вкупно од двете екипи.

За Милвол хулиганите не треба да се трошат зборови,омразени се секаде во Англија,со хулиганите на Вест Хем и Челзи највеке се мразат,а ништо не се поарни и со хулиганите на Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Каде што одат,одат само за да се истепаат добро и да направат ршум кај и да се,без разлика со кој играат и каде играат,дали водат или губат...
Ненормални се кој од кој,јака фајт екипа имаат,доста спремна на се и сешто...
 
После ова гарант ке има Green street hooligans 3 :pos2:
 
После ова гарант ке има Green street hooligans 3 :pos2:
И ќе има...има видеа на јутуб...Враќањето на Мајорот така се вика...
Он топик...
По толку години редно беше у Англија да видиме вакво нешто...којзнае какви казни ќе фрчат сеа...:baklja:
 
Навивачите на Милвол се едни од најгадните групи на грди копилиња во Англија. Со Syn дисктуравме на темата за Премиер Лига - јас се молам секоја година кога се ждрепките за купови, да се избегнат Милвол со Вест Хем или Челзи, а Syn се моли да се паднат тие. :)

За тоа дека не сакале да одат во повисок ранг заради поголемите обезбедувања, е точно, читав на англиски форум пред година дена... Исто како некоја афилијација од клуб ебате, намерно не оди во повисок ранг. ТУка само други се причините.
Од големите ривалства во Англија би ги издвоил и Нотингем Форест - Дерби Каунти. Ако се паднат овие два тима наскоро во куп, има да биде катаклизма, со десетици тешко повредени и големи материјални штети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom