Читај убаво. За тоа што Веда словена е фалсификат може сам да се увериш и не ми е јасно дали воопшто имаш читано двете дела...
Тоа што Верковиќ го открил на теренот во Македонија за идентификацијата на нашите стари со антиката, а не со турко-монголските Бугари, е истото што тие му го кажале и на егзархискиот агент Петко Славејков (“Македонците се потомци на старите Македонци, а Бугарите се Татари’’).
Народни песни во кои се опеани славни личности од античко-македонската историја запишале речиси сите запишувачи на македонски народни умотворби од 18, 19 и 20. век и подоцна, вклучувајќи го и Верковиќ.
Најжестоки поборници во негирањето на автентичноста на овие песни биле бугарските дејци. Јордан Шишманов бил предводникот. Шишманов отпрвин наседнал на една лага од Славејков, кој тврдел дека поранешниот учител С. Л. Харизанов наводно му се доверил дека учествувал во фалсификувањето на песните од Веда Словена. Меѓутоа, самиот Харизанов најенергично ги одбил тврдењата на Славејков како лажни.
На крајот од осумдесеттите години од 19. век, Шишманов испратил неколку активисти (меѓу кои и самиот Верковиќ) да бараат луѓе по македонските села, кои ги знаат овие песни. Наводно, тие не нашле ниту еден селнанец што ги знаел овие песни.
И токму кога се чинело дека приказната за песните од Веда Словена е завршена т.е. дека песните во неа и навистина не се народни, кога во 1894 година била испратена уште една експедиција (анкетна комисија), упатена по барање на бугарскиот црковен весник “Новини’’.
Оваа експедиција донела изненадувачка вест, која гласела дека бабата Злата Шопова и извесниот хаџи Стоил од македонското село Крчово ја знаеле македонската народна песна за Орфеј!
Весникот “Новини’’ веднаш ја објавил оваа информација во своите броеви: 52, 73 и 89 (година III) и бр. 15 и 16 (година IV).
Подоцна, фолклористот од македонско потекло А. П. Стоилов објавил податок дека, во 1911 година, и самиот слушнал неколку строфи од песната за Орфеј од страна на селанката Марија Шопова од македонското село Црвишта.
И други селани му пот врдиле на Стоилов дека делови од песната за Орфеј ги има во други народни песни (што впрочем е нормална појава во народните песни).
Изворот на Верковиќ, Гологанов, до крајот на својот живот упорно тврдел дека песните и навистина биле народни и дека е надвор од логиката дека тој, како недоволно образован селски учител, би создал такви песни.
Дури во едно свое писмо до Верковиќ, самиот Гологанов пишува (цитат):
“ниту сум учен на народниот јазик, нит пак ни една бугарска книга имам.’’ Понатаму запишал дека самиот себеси се смета за (цитат):
“многу малку учен’’ (М. Арнаудов, цит. дело, стр. 340).
Дека песните од Веда Словена се оригинални народни тврдел и Верковиќ, но и многу учени ширум Европа: Емил Бирнуф, Албер Димон, Луис Легер и Огист Дозон, Јанко Шафарик, Леополд Гајтлер, Пољакот Александар Ходзко, Германците Флигер и Подхорски, Всеволд Милер и други.
Посебно полемиката се водела околу песните за Орфеј и за Александар Македонски. Во екот на полемиката, група од дваесет и двајца жители на македонскиот град Серез, во 1876 година испратиле писмо до францускиот издавач Е. Лерокс во кое тврделе дека песните од “Веда Словена’’ и навистина се народни, а штипскиот учител Димитар Павлов.во едно писмо до Верковиќ, воодушевено напишал:
“За Орфеј Грците лажат дека бил Грк, но преку Вас учените европјани ќе дознаат дека словенскиот буен поток го извадил од своите недра и ова богатство’’ (Љ. Доклестиќ, цит. дело, стр. 312 и 301)
Исто така не е точно дека Гологанов наводно му испратил песна за Орфеј на Верковиќ, откако овој му ветил парична награда заради тоа. Напротив, Гологанов прво пронашол една кратка народна песна за Орфеј, а дури потоа воодушевениот Верковиќ му понудил пари, до колку му најде уште една таква (Љубиша Доклестиќ, цит. дело, стр. 283).
По ова Гологанов му испратил уште подолга песна за Орфеј, за која подоцна бил обвинет дека самиот ја измислил (што тој го негирал).
Теренските истражувања на Стоилов според кои, селаните му потврдиле дека во песните од Веда Словена и навистина има стихови од повеќе народни песни. :salut: