- Член од
- 6 август 2006
- Мислења
- 201
- Поени од реакции
- 29
Темава ја отворам бидејќи ме интересира како стојат другите членови по ова прашање. За почеток, ќе нафрлам само некои податоци, до коишто дојдов во врска со Верковиќ.
Павел Јозеф Шафарик, еден од најпознатите чешки слависти, во периодот 1819-1833 работел како професор во гимназијата во Нови Сад. Тој бил живо заинтересиран за Македонија и ја застапувал тезата дека едно од племињата кои ја населуваат Македонија и Тесалија е правнук на Кирила... околу Разлог има 13 старословенски населби каде уште се говори кирилски...
(извор, LANP Praha Sign. Num. 64). Понатаму, внукот на Шафарик, Јанко Шафарик (1814-1876) ја продолжил мисијата на деда си на Балканот, заседнувајќи во Белград, кадешто се запознавал со македонските трговци таму и организира цела една дејност на собирање македонски народни старини.
Токму по негова препорака српската влада го испраќа во Македонија Стефан Верковиќ, којшто издава два тома македонски народни песни. Прво издание е збирката „Народне пјесме македонских Бугара“ (во следниот пост ќе ви дадам линк за целосната пдф верзија) којашто за нас е од најголем интерес. Во неа Верковиќ како увод пишува посвета за српската владетелка.
Таму тој дава прецизни информации за Македонија и населението, само што цело време преовладува неговото мислење за бугарскиот карактер. Е сега, постои мислење (Пенушлиски) дека токму Верковиќ во средината на 19 век е еден од првите промотори на идејата за бугарскиот карактер на македонците.
Во следниот пост ќе го најдам линкот за првото издание на „Нар. пјесме македонских Бугара“ и ќе ви го постирам, а и ќе ги подвлечам работите што се клучни. Во меѓувреме чекам коментари...

Последно уредено од модератор: