Така е,ама кога никој не се заниша за тоа дека Прилеп пред некој месец го претворија во “град-платен паркинг“ иако нема алтернатива како што е градски сообраќај или превоз,тогаш
што има да се буните сега за Скопје.
Или мислите дека Скопјани се посебна врста привилегирани граѓани,кој покрај тоа што земаат високи плати,работат исклучиво административни работи,требало и да не плаќаат за паркинг како Прилепчани или другите граѓани во државава?Зошто власта распишува тендери за да обезбеди автобуси само за Скопјани,килави ли се или што?Или пак мислиш дека некој вработен административец од Скопје кој не произведува ништо и не го полни буџетот на оваа држава е позаслужен одколку некој Прилепчанец што насадил 2 хектари тутун,па треба и доплнително пеш да оди на пазар,“капнат“ од работа за да се прехрани но и да го полни буџетот во државава?
Жалам за тоа што ви се случило во Прилеп, но јас не живеам во Прилеп, јас живеам во Скопје, да бев жител на вашиот град ќе се бунев, како што се бунам сега на пример, а тоа што некој таму не се бунел на време тука јас не можам ништо да направам.За автобусите исто така слободно бунете се, и онака онака оваа влада рече дека е влада на народот, значи имате право на бунење а и по можност нешто друго (ова за сите важи) ако ептен претераат тие што се горе ама тука пак самите сме си криви.
2. За црвеното:
Си нашол на кого да кажуваш, ама еве ќе ти кажам во Скопје не се сите такви како што ги замислуваш ти, ако ништо друго такви луѓе има и во вашиот град, јас ги сметам сите за еднакви без разлика на богатството што го имаат, и сметам дека тие кои се залетуваат премногу со нивните функции, плати и.т.н. дека еден ден ќе паднат.Ја знаеш онаа старата "кој високо лета, ниско паѓа"??Еден таков пувеж денеска ми се закануваше дека бил нешто во МВР ама го суредив на културен и фин начин.
Затоа не се залетувај да мислиш дека тука сите граѓани се со некакви си астрономски плати и незнам си што, за твое инфо јас ја имам осетено горчината и суровоста на животот, зошто јас сум израснат само од еден родител, татко ми отиде на мали години....
Тука промени се во размислувањето, јас го разбирам твојот гнев но немој да мислиш дека тука сите се исти.Зошто и јас го имам осетено тоа што си го осетил ти од некои лајнари, кои си мислат дека ако се шефови или пак директори дека можат да изигруваат богови.
П.С.
Се извинувам за офф топикот, но најмногу ми е интересно кога некој ќе ми рече дека се сметам за привилегиран господин, со астрономска плата, а одам со точак (со една скршена педала) и не можам да положам за една скапана кола, и исто така не можам да се запишам на еден факултет ( и тоа вонредно), и морам на работа да трпам секакви будали за да однесам дома кеш за да можам да го протуркам овој месец или наредниот.