Игор Џамбазов

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_Makedon
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставувам многумина ја гледаа едночасовната емисија со Џамбазов. Секогаш ми го остава истиот впечаток, дека не крие ништо додека си ја става душата и животот на тацна. Јас добив уште една потврда дека ние никогаш нема да имаме таква легенда, од тертип кој не може да се објасни.
Џамбазов друже секоја чест за сите приказни. За Бардовци, за чашката, за анегдотите. Единтвениот човек кој си ги признал сите грешки со ред.
Ова е книга која секако ќе ја купам.

 
Гениј !!! Најголемиот мултиталент во Македонија па и на Балканов. Човек кого го бива за се, буквално за се, има огромна харизма, и човек кој има преживеано СЕ во животот, а не се срами да збори за тоа, и да каже дека многупати бил на работ. Убаво си кажа, јас не учам никого што треба, туку учам што не треба!

Ретко се раѓаат вакви луѓе, а многу ретко, речиси никогаш кај нас... секоја чест мајсторе!
 
Нема зборови со кои може да се опише ЛЕГЕНДАТА . . . Игор е универзалец . . . Игор е актер, водител, пеач, композитор, писател и уште што веќе не . . . Игор е човек, кој едноставно го бидува за се . . . Треба сите македонци да се гордееме со него . . .
 
Момакот спрема нов албум и нова книга...
I can't fuckin wait!
 
Генијалец! Он е права уметничка душа! Го обожавам, се наежив кога го гледав интервјуто!
Му ги обожавам песните, не можам само да ја најдам штафета на глупоста, прекрасна е и предобар текст!
 
Единствениот човек за кој сум рекол дека е Универзалец, и успешен на секое поле на кое се појавил. Се појавиле многу музичари, автори, водители, комичари и што уште не, но човекот во секое поле го бива од уметнички аспект. Е тоа се вика уметник, ако те бидува скоро за се ќе имаш талент.

Музичка Кариера - Одлична, глаост му е екстра блузерски.
Актерска Кариера - Успешна
Водителска Кариера - Повеќе и од успешна од обична емисија прави вистинско шоу
Коцкарска Кариера - Преуспешна:)

Ништо друго освен да му посакам се најдобро во животот ;-)
 
Од секогаш сум го почитувал многу човеков.Малку мрчев на почетокот на Идол кога им се понашаше на некои кандидати,но сепак не смее да се заборави што се тој оставил зад него.
Одличен глумец,фантастичен водител и шоумен и прилично добар музичар,а и автор на две книги досега ми се чини.
И прво одење во Скопје ќе ја купам книгата кај што пишува за алкохолот.

--- надополнето ---

Иначе многу луѓе од што се премногу паметни и интелегентни почнуваат да пијат.Не можат да ги поднесат и не можат да се помират со искривениве вредности во општеството,од безморалните луѓе и големите неправди кои секојдневно се случуваат и абер немаат да престанат.За жал и еден таков човек како Игор е еден од нив.
Искрено се надевам дека човекот кој беше и сеуште е идол на многу генерации ќе се врати во нормала и ќе стави крај на пиењето.Се надевам дека ќе продолжи со убавите проекти(емисии,песни,филмови и претстави)и се надевам дека ќе си стане повторно фамилијарен човек со жена и евентуално деца.

п.с.Ако некој го има вчерашното интервју со Жаре нека го постира овде.
 
Претпоставувам многумина ја гледаа едночасовната емисија со Џамбазов. Секогаш ми го остава истиот впечаток, дека не крие ништо додека си ја става душата и животот на тацна. Јас добив уште една потврда дека ние никогаш нема да имаме таква легенда, од тертип кој не може да се објасни.
Џамбазов друже секоја чест за сите приказни. За Бардовци, за чашката, за анегдотите. Единтвениот човек кој си ги признал сите грешки со ред.
Ова е книга која секако ќе ја купам.


Ја има некаде емисијава да ја најдам .. ја испуштив кога ја даваа, сакам да ја гледам.
 
Музичка Кариера - Одлична, глаост му е екстра блузерски.
Џамбазов музичар? Nope.

Актерска Кариера - Успешна
Просечна, накај подпросечна. Има кај нас дваесет+ бољи глумци. Изнасмеј ме со неговите легендарни улоги!

Водителска Кариера - Повеќе и од успешна од обична емисија прави вистинско шоу
true, затоа што човекот е харизматичен. Затоа и ви личи дека е добар глумец или пеач.

Коцкарска Кариера - Преуспешна:)
true

Јас би додал и:
-надпросечна алкохоличарска кариера и
-осредна наркоманска кариера (поише се фали одошто стварно нешто многу се дрогирал, башка тука има и јака конкуренција)

Ништо друго освен да му посакам се најдобро во животот ;-)
И ја исто.
 
Joey, то е мое видување не мора да значи оти е вистина :-) Иначе се согласува со алкохоличарската и другата кариера . Па луѓе сме јебига сите имаме некаква кариера само не толку позната освен на комшиите :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom