B
Borg_Drone
Гостин
Потенцирав погоре зошто не може да падне на уставен. Архитектите на форумов ќе објаснат како бара законот да биде проектот, ама верувам го бараат со се фасада, инаку нема да ти издадат дозвола за градба. Да не ставиш фасада на проекто кој бил со фасада е исто како да добиеш дозвола за градба на 100 метри квадратни куќа, а ти цепаш 200. Све тоа се руши.
Ова е веќе друго, во иднина ако те условат со ова во дозволата и ти се согласиш на тоа, односно ставиш свој потпис тогаш да, веќе имаат право да те казнат.Но мене ми беше поената како ќе ги казнат сега тие што имаат изградено куќи претходно, а не ставиле фасада на нив, и што е најважно немаат потпишано ваков договор, со вакви услови.Некако ми е нелогички да ми влегува инспектор во двор, и да ме вознемирува со казни, за просторот за кој јас сум го купил и плаќам даноци за него.Едноставно тоа е мој простор и што сакам ќе правам на него (се со граница нормално, се што сакам не, али ова со фасадава сигурно не е некое кривично дело како криење дрога, или пак криење мртовец во када, расечен на парчиња), затоа мислам дека тоа е веќе нарушување на приватност.