мал осврт
ќе тргнам од лошата одбрана.
николовски (ај добро врнеше) неколку пати не сигурен.
седловски тапа. неколку пати се излета како мало дете, многу меко, како да се плаши од дуел игра. таков играч, на таква позиција не смее да си дозволи такви лабави излети. после еден таков кикс нема кој да поправи позади него, само голманот останува. затоа постои жолт картон. одиш безкомпромисно на старт, или топката или човекот. а не да оставаш голман во ситуација сам на двајца противнички. кај го има тоа?
новевски една од послабите утакмици.
митревски ми се виде за нијанса подобар од овие двајца. не дека се некој страшен квалитет нашиве, ама не смееја да дозволат такви наивни продори на шкотиве кои да признаеме се мивки. дури не` поминуваа без дриблинг.
средниот ред за прв пат во серија мечеви ни е најдобар. што ме радува. мала замерка само на шумоликовски неколку стартови можеше малку по жестоко, и за вториот гол можеше да пушти рака на центар од терен да го повлече шкотот, жут, ама така се прави.
тупан, страшен напредок во игра. шетета што го утна тој зицер, ама затоа изигра маестрално според мене. со пандев најдобар денес. може некој нема да се сложи, ама цела идеја целата игра ни зависи од креативноста на тупан. супер прегледност, добро додава со двете нозе, знае брзо да реагира. едноставно ми е неверојатно кога го гледам. не сум навикнат да имаме таков фудбалер во реперзентација.
со шуми и деспотовски се одлична тројка, и кој и да нареден селектор се одлучи нешто да смени овде, ОЧИ ЌЕ МУ ИЗВАДАМ!
попов, да не речам ништо да не го урочам. очекувам од него наредна сезона трансфер во една од топ 3 лигите.
напред пандев изигра за неколку класи подобро од сите 22ца на терен. тоа беше повеќе од очигледно. навистина е штета и неправда таков фудбалер да не игра неколку месеци. КЛАСА. доминира, да има 1%предност во дуелот он го добива. страшен играч. треба да сме горди сите на него.
стојков, како што прочитав погоре - не е веќе тој што беше. многу е паднат а исклучително го ценев. веројатно му треба една јака сезона за да се врати. илчо е борец, ама без идеја. некако не ми е фудбалски добро поткован освен што многу трча. ми фали координција кај него, на тело со нозе, секогаш за чекор касни. не е ова од оваа утакмица, константно ми е таков.
мораме да се појачаме. да натурализираме некој за напред, на пример зарате, и уште еден штопер. што стана со оној од австралија, некако многу јак ми изгледа тој. васовски кај и да е ќе се врати...
со мали корекции, и негубење бодови во гости кај репрезентации од типот на исланд, ќе беше многу подруго.
и кој после ќе ми каже дека шкотска се 20ти, а ние 50ти на ранг листа. ти се мочам во листата
на крај браво за нашите. видов борба и игра, што никогаш пред тоа сме го немале. резултатите сами ќе дојдат