Па по кога да плукам, ако не по оној од кој највеќе се очекува. Да не сакаш да го обвинувам Владе Лазаревски, Бесарт Ибраими, Мазнов...
Ти изгледа воопшто не си играл фудбал. Па како прво, кога не си спремен кондициски, како нашиве, ке изиграш колку што можеш (во случајов 45мин) и потоа едноставно немаш концентрација, неможеш асално да ја удриш топката...немаш стабилност што се вика, трчаш а незнаеш каде т.е изгубен си. Можеш да го сватиш ова, пробај практично!
ЗНАЧИ - ако има по кого да плукаш, тоа е по егото на сите македонци. Плукај по мене, по тебе, по тој над тебе, што се нема муда да се издржи еден асален тренинг. Тоа е реалноста. Кога се има кондиционен тренинг, место да трчаат тие зборат и се заебаваат меѓу себе, трчаат ко да одат, практично ко одмор им доаѓа тоа. Си мислат дека тренерот го заебале, а всушност сами се заебуваат. Тие нема да напредуваат, затоа и никој не ги сака нашите играчи во средните (големите се фантазија) клубови...затоа еден играч немаме во асален тим што игра.
*Се ова погоре напишано не важи за Пандев. Бидејќи денес навистина ме ФАСЦИНИРАШЕ. Па дечкото летово асален тренинг нема одржано, поради мобингот од Лацио. 90мин душата ја даде.
Иако мојов пост ќе се загуби во низава „конструктивни“ постови, мое гледање на работите:
3. Стојков
Разбирам зошто Јонуз го игра. Тој му е миленик од младинска. Но сватете, не може да истрча 20 метри и да шутне. Не е тој Стојков од порано. Дава се од себе, но не е доволно.
4. Ивановски
Кој Ивановски? Филип Ивановски. Дечкото што даде гол со Исланд, докажан фудбалер од Полска, но не само што му е резерва на Стојков, туку сега и на Ибраими, кој не го ни познаваме. Така стојат работите во Македонската репрезентација. Можеби Ибраими е одличен фудбалер. Но во репрезентација треба да се докажеш, па да играш, а не обратно. Филип Ивановски, сум пишувал и порано, е роден голгетер. Дечко со чувство за гол, физички подготвен. Незнам зошто не играше денес, не сакам ни да знам. Но со него во нападот, ќе имаме играч кој знае да искористи некоја асистенција од Пандев и да погоди.
По анализирање на играта во последните натпревари, сватив дека ова е најдобар можен состав. Ете, можеби Седловски треба да седне на клупа само, другото е ок.
Зошто пак да игра Стојков?
-Знам, и јас би рекол дека Стојков е дрво. Со Катанец менувавме тактики, формации, иако новинарите упорно пишуваат дека сме играле 3-5-2формација. Со Катанец кога игравме секој натпревар беше различен, Пандев еднаш класичен шпец, друг пат крило, третиот среден ред, па после полушпиц. Епа неможе така.
Оваа формација највеке му одговара на Пандев, а бидејќи тој е нашиот најдобар, треба формацијата да му се прилагоди на него....не за НЕГОВО добро, туку за доброто на репрезентацијата.
ЗНАЧИ - Ако се сеќаваш, против ИСЛАНД (кога даде Ивановски гол)...Наумовски играше крило, онаму каде што играше Стојков денес. И по натпреварот се виде дека таа позиција нормално воопшто не му одговара. А моментно единствен кој може да парира на таа позиција е токму Стојков.
Гроздановски веднаш отпаѓа бидејќи тој игра далеку поназад, има 0 реализација, едноставно го нема потребното да игра на таа позиција.
Пандев ете, игра малку полево...но за разлика од десната страна - лево го имаме Попов, кој денеска одигра за чиста 10(!!!).