Шкотска - Македонија 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како бе така он да не е, нема да имаме шут на гол !? Ај да те потцетам кога не играше он, Македонија - Хрватска 2-0
Ne si u pravo. Dobro znaeme koja e vrednosta na pandev. I ako ne e o, nie nemozeme topka da svrzeme. Sega minus mu e sebicnosta vo dadeni momenti, no sto da pravi koga napagacite ni se drva. Naumovski bar se trudi, a stojkov nema nisto izigrano od mecot so izrael. Kaj mu otide brzinata i tehnikata, samo toa se prasuvam:jaj:
 
Како бе така он да не е, нема да имаме шут на гол !? Ај да те потцетам кога не играше он, Македонија - Хрватска 2-0

Така ми е збор, но да бидеме реални поединец кој се истакнува
 
Иако мојов пост ќе се загуби во низава „конструктивни“ постови, мое гледање на работите:

1. Пандев

Пандев е единствен играч денес што им задаваше мака на одбранбените шкотски фудбалери. Во главно го запираа со фаули или го удвојуваја. Единствено што може да му се забележи е промашената шанса. Се друго правеше како треба. Пандев не е СУПЕРМЕН. Не може да ја земе топката да го помине пола терен и да даде гол. Треба да одиграат и другите.

Имаше прекрасни асистенции: го најде во празно Стојков, овој не може да истрча. Го најде Георгиевски на 10 метри од гол, овој не може да шутне. И се така...

Нормално дека е полесно во Лацио има поголема поддршка од другите. Фудбалот е тимска игра пред се.

2. Седлоски

Не сакам да критикувам никого. Тие што се на терен даваат се од себе, па што е тука е. Факт е дека Гоце е виновен за двата гола. Не го покри Браун на време на првиот гол а МекФаден помина низ него кај вториот. Ја нема таа концентрација од порано. Време е за збогување од тимот, иако многу го почитувам за се што има направено досега.

3. Стојков

Разбирам зошто Јонуз го игра. Тој му е миленик од младинска. Но сватете, не може да истрча 20 метри и да шутне. Не е тој Стојков од порано. Дава се од себе, но не е доволно.

4. Ивановски

Кој Ивановски? Филип Ивановски. Дечкото што даде гол со Исланд, докажан фудбалер од Полска, но не само што му е резерва на Стојков, туку сега и на Ибраими, кој не го ни познаваме. Така стојат работите во Македонската репрезентација. Можеби Ибраими е одличен фудбалер. Но во репрезентација треба да се докажеш, па да играш, а не обратно. Филип Ивановски, сум пишувал и порано, е роден голгетер. Дечко со чувство за гол, физички подготвен. Незнам зошто не играше денес, не сакам ни да знам. Но со него во нападот, ќе имаме играч кој знае да искористи некоја асистенција од Пандев и да погоди.

Тоа е... не кривам никого, се надевам на вистински промени и на нешто подобро. Инаку ваква група: Исланд, утепана Шкотска, Норвешка далеку од формата во која ја знаеме... нема уште долго да имаме.

Се надевам и дека ќе имаме репрезентација која може да одигра 90 минути. Вчера ја пишав изјавата на селекторот на Шкотска: Тие играат одлично во прво полувреме после паѓаат. Ќе бидеме стрпливи и како ќе проаѓа времето, ќе имаме се повеќе шанси. Така и беше. Човекот не прочита како селски буквар. И Стиви Вондер може да не прочита.

Патем, заборавив уште една работа: многу сме поопасни кога другите додаваат а Пандев втрчува. Ретко го погодуваат ама барем кога ќе добие топка има нешто конретно. Кога Пандев игра од позадина и ги проигрува другите, скоро секогаш ги погодува, и никогаш нема ефект...

Тоа е, да сме живи и здрави. Еден ден, можеби фудбалот ќе го направат да се игра 45 минути. Не е фер вака...
 
И ако е играч за врска и дефанзивно ориентиран,тоа значи дека нема нози да даде гол ? :tapp::tapp:

Серете само за Пандев,а за вашите миленци од одбраната никој збор не кажува.

Не реков дека нема нозе, но такви играчи даваат гол на сваки 10 утакмице и неможеш него даго споредуеш со напаѓач кој промашува 3 подобри со дефанзивец од средниот ред кој промашил една шанса полоша од свите три на "зверот"
 
Е тоа го пишав во пост некоја страна поназад. Ни треба ГОЛГЕТЕР во репрезентацијата,а не напагачи кои не дале голови бог знае од кога.
Неможе се сам Пандев. + имајте на ум дека не е така лесно да играш,со сите проблеми кои ги има со Лотито и Лацио.

За против Шпанија има некој коментар за Пандев? ? ?

И ако е играч за врска и дефанзивно ориентиран,тоа значи дека нема нози да даде гол ? :tapp::tapp:

Серете само за Пандев,а за вашите миленци од одбраната никој збор не кажува.

Дечко правиме муабет за официјални утакмици!!! Ќе ти повторам за да разбереш ОФИЦИЈАЛНИ.

Ти ако мислиш дека одбраната треба да се коментира ок, губи си ги нервите. Само да те потцетам дека еден момент можеше да ја реши утакмицата, а тоа сигурно не го направи одбраната, туку Пандев.
 
ПОГОЛЕМИ КОМЕДИИ НЕМАМ ЧИТАНО ДОСЕГА !!!!!!
Абе вие сите стручњаци за фудбал сте станале бе, алал ви вера.Не значи оти ако сте на форумот па сегде треба да ги истурате вашите глупости, дај исфокусирајте се малку.
СИТЕ ШТО ПЛУКАТЕ ПО ПАНДЕВ ПОДИТНО ДА ОДАТЕ ТЕМПЕРАТУРА ДА ВИ ИЗМЕРАТ И БРИЗ ДА ВИ ЗЕМАТ !!!!
Кој ќе игра у репрезентација бе,аклаци едни!?? Пандев промашувал, и што сега,нема светско нема,голема работа,држава од 2 милиона нема да оди.
Пандев промашувал!!!!!! Ај кажи ми кој друг знае да шутира...
Пандев промашувал!!!! Кој друг знае да си створи шанса...
Пандев промашувал !!! Кој друг знае да прими топка во празно....
Пандев промашувал !!!! АБЕ ВИЕ ТУКА 70% ШТО ПЛУКАТЕ СТЕ ПРОМАШЕНИ, ПА МИ БИСТРАТЕ ТУКА ЗА ФУДБАЛ НЕШТО....

Јане,Седло и Новески месечари. Пандев и Попов(браво за детто) најдобри !!!
Ебави :drk: Тешки комплекси имате... ццц
 
:aplauz:
 
Не ми е јасно како може да го обвинувате Пандев, промашил промашил, па што. Ако даеше гол ќе беше најдобар нели? а вака е најлош? Видете ја целокупната игра на некој фудбалер па коментирајте го. Или од една шанса проценувате дали некој е добар или не.
Ај некој нека каже што правше Шумуликоски цела утакмица, колку пасови имаше, колку топки одзема. Тапа. За Седлоски не треба да се прави муабет. Заеба сега, заеба со Исланд, заеба со Холандија во Скопје и пак е најдобар нели? Георгиевски не ли промаши зицер по одлична асистенција на Пандев? Еве и него можете да го обвините ако тоа ви е утеха.
Факт е дека не можеме да одиграме во исто темпо цела утакмица и тоа е тоа. Кога ќе научиме да играме со полна концентрација 90 минути ќе имаме и резултати.
 
ПОГОЛЕМИ КОМЕДИИ НЕМАМ ЧИТАНО ДОСЕГА !!!!!!
Абе вие сите стручњаци за фудбал сте станале бе, алал ви вера.Не значи оти ако сте на форумот па сегде треба да ги истурате вашите глупости, дај исфокусирајте се малку.
СИТЕ ШТО ПЛУКАТЕ ПО ПАНДЕВ ПОДИТНО ДА ОДАТЕ ТЕМПЕРАТУРА ДА ВИ ИЗМЕРАТ И БРИЗ ДА ВИ ЗЕМАТ !!!!
Кој ќе игра у репрезентација бе,аклаци едни!?? Пандев промашувал, и што сега,нема светско нема,голема работа,држава од 2 милиона нема да оди.
Пандев промашувал!!!!!! Ај кажи ми кој друг знае да шутира...
Пандев промашувал!!!! Кој друг знае да си створи шанса...
Пандев промашувал !!! Кој друг знае да прими топка во празно....
Пандев промашувал !!!! АБЕ ВИЕ ТУКА 70% ШТО ПЛУКАТЕ СТЕ ПРОМАШЕНИ, ПА МИ БИСТРАТЕ ТУКА ЗА ФУДБАЛ НЕШТО....

Јане,Седло и Новески месечари. Пандев и Попов(браво за детто) најдобри !!!
Ебави :drk: Тешки комплекси имате... ццц

А бе копиљ прво не почињај да пцуеш, мочко еден. Од такви мрсули како тебе кои што се закачени за тој локал патриотизам ни пропаѓа фудбалот. Па по кога да плукам, ако не по оној од кој највеќе се очекува. Да не сакаш да го обвинувам Владе Лазаревски, Бесарт Ибраими, Мазнов...

Затоа што толку многу маструбирате на него ќе гние на клупа (и тоа со младинците ) во Лацио. Место да гледате зашто не сме се квалификувале, вие гледате да го избраните вашиот сограѓанин.
 
Џабе само серете сеа против нашите.
Изгубија?-изгубија и шо сеа??
Неможеме се да победуваме,секогаш е така после секој пораз.

Сеа имаме ли барем некакви шанси ако победеме против Норвешка?
 
Кога не се реализираат шанси,тогаш противникот казнува,а така беше и денес,за жал.Одлично прво полувреме,мал пад во второ,грешка на капитенот Седлоски во одбраната,при првиот гол на Браун,кога заборави да маркира,за после рутинирано кога нашите веќе се префрлија во напад,контра и заверување на победата за Шкотска.
За Пандев ама ич не се согласувам дека бил слаб,макар и што промаши чиста шанса,ама човекот одлично ја контролираше топката,навлекуваше повеќе играчи,создаваше шанси,ама тоа што Стојков или Георгиевски немаат храброст да шутнат,или лошо го прават тоа,вина Пандев воопшто нема.Средниот реед прво полувреме одлично функцинираше,за во второ после примањето на првиот гол да се подизгуби.Посебно тоа се осети откако влезе Тасевски,кој си го бараше,ама не успеа да си го најде своето место на теренот.
То је то,што би рекол Катанец,но изгледа ние пак ќе си го фатиме стандардното четврто место и овие квалификации,иако има шанси и да не биде баш така.Сепак во моментов тоа изгледа и најреално,со оглед на прикажаното во текот на целите квалификации,макар што откако дојде Јонуз многу работи се променија на подобро во репрезентацијата.Сепак ќе почекаме на повисок пласман во иднина.
 
Дечко правиме муабет за официјални утакмици!!! Ќе ти повторам за да разбереш ОФИЦИЈАЛНИ.

Ти ако мислиш дека одбраната треба да се коментира ок, губи си ги нервите. Само да те потцетам дека еден момент можеше да ја реши утакмицата, а тоа сигурно не го направи одбраната, туку Пандев.

Значи немора да се цени неговиот труд и на пријателски утакмици и тоа против Шпанија? Епа подобро да не се играат тие утакмици.:toe:

Треба се да се коментира,не само по 1 да се плука:smir:

Друже навивач си убаво знаеш и разбираш. Кога губат,сите губат.Кога победуваат сите победуваат.

A да ти се надоврзам на постот погоре: НЕ ГО БРАНИМЕ ПАНДЕВ!!! ЕДНОСТАВНО НЕМОЖЕ САМ ДА ГО ПОНЕСЕ ТОВАРОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА.

КАЖИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОЈА ЗАВИСИ САМО ОД ЕДЕН ИГРАЧ И КОГА ТОЈ ИГРАЧ КЕ ПРОМАШИ ШАНСА ТОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПОРАЗОТ НА НЕГОВАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
 
Добра игра без реализација можеме само да жалиме тоа е тоа:tapp:
 
Пандев одигра надпросечно во споредба со останатите.

Наумоски како и секогаш глуми кога не треба и расипува ритам.

Најлоша негова замена беше Тасевски кој беше статичен и ја закопа целата игра.

Цел тим е виновен што не знае или нема кондиција за 2 цели полувремиња.

Промашени шанси кои мораа да се искористат.

Нечувањето и мрзата на одбраната е виновна за првиот и вториот гол.
 
Кој го изгледал натпреваров и мисли дека Пандев е крив за поразот или лошо играл, прво треба да оди на очно. Ако ви каже докторот дека ви е добар видот, од тука на психијатар. Ако ви кажат и таму дека сте нормални и се е во ред... тогаш фудбалот не е за вас...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom