Види,мислам дека многу поважно од членство во унијата е да се засили националното чувство за единство и компактност на еден народ.Македонија тоа го немаше изминативе години,па национализмот и патриотизмот е нормално малку да се засилат,особено во услови кога се заканува обезличување и преименување на самата нација.Во склоп на тоа е и малку позасилената таканаречена “антиквизација“ која јас ја нарекувам Македонизација,или обновување на Македонизмот кој беше потиснуван скоро 20 века од овие простори,итоа досега најмногу од соседите,а сега и од самата ЕУ каде соседите членуваат.Што се однесува до соседите Македонија не може да им наметне со сила добрососедски односи,како прво затоа што е минорна по големина,а како второ е и тоа дека “пријател со сила не се стекнува“.Затоа велиме кој како милува,а на вас останува дали ќе сакате да бидете добри или лоши соседи,се разбира доколку прифатите дека овде живее еден самостоен народ кој со право си се нарекува Македонски а е различен од Бугарскиот,бидејќи нели треба да оставиме разликите да не обединуваат,за што како што гледам Бугарија премногу и не се залага,слично на Грција.Сходно на тоа ние ќе си го одбереме единствениот начин кој ни преостанува за да си го најдеме местото под сонцето . . .