Извини, не те разбрах, по как'в начин сме блокирани от Србиjа и малката и сестра Македониjа от запад? Те кон коj соjуз припагат?
Се дури Србија не ја приберат во ЕУ а и во НАТО,вие ќе бидете блокирани во вашиот развој и експанзија,токму поради огромното економско и политичко влијание на Русија кај нашиот северен сосед,што пак индиректно е поврзано со нас,како со земја со која имаме традиционално економска нераскинлива размена.
Дали ова важи и за САД, и ако важи зошто мислиш дека САД ќе пропадне економски???
Ова секако не е обид да започнам дебата со тебе, ме интересира само твоето мислење.
Напумпаниот со години “балон“ САД,како најсилна пазарна економија во светот,започна да се издувува,најнапред со преголемиот залак што републиканците си го препишаа како стара финта за јакнење на нивната воена индустрија со војните во Авганистан и Ирак истовремено,но и со заканите кон Иран и Северна Кореја.Со тоа наместо да продаваат оружје,Американците се доведоа во состојба истото да им го купуваат на режимите во овие земји.Згора на се,со изборот на “полуживиот“ Мекејн како кандидат,републиканците речиси намерно сакаа да ја напуштат власта,и да се оттарасат од “врелиот костен“,кој сами си го создадоа.
Ако кон тоа се додаде дека со изборот на Обама,започна една нова ера на социјалистички,би рекол повеќе современ нео-комунистички пристап на владеење,кој досега не беше практика барем за демократите.Ова ќе придонесе кон незадржлив пад на доларот со сериозни имликации врз економиите кој досега го употребуваа за сопствена клириншка валута.Неговиот пад очигледно не вродува со плод и не ја заживува доволно Американската економија,во услови на опасна и се понапредна Кинеска Технологија,на САД не им престојат баш “розеви“ години за нивната економија,што пак им беше основен двигател за светската експанзија и доминација,како на економски,воен,но и политички план.Накратко речено САД стануваат синоним на социјализмот,каков што ние го познававме и кој не се покажа баш добар,а Русија пак метаморфозира во еден за нив нов степен на капитализам,кон кого некако сите се стремевме последниве децении.Сериозни индикации има и во последните информации од САД кој не можат никако поинаку да се протолкуваат:
Америка станува земја пролетерска?!
Дел од Американците го обвинија претседателот Барак Обама за "социјалистичка индоктринација" на тамошните деца, пишува лондонски "Дејли телеграф".
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F9C35F4C02A5CF4E91A1B2F1094D2863