Smoke_a_lot
НЕСОПИРЛИВ
- Член од
- 16 март 2008
- Мислења
- 707
- Поени од реакции
- 63
Четири момчиња од албанска националност, од кои двајца малолетници, сите членови на навивачката група „Шверцери“ завчера во скопската населба Чаир нападнале сосед и го претепале само затоа што бил навивач на Вардар. Момчето завршило во Ургентниот центар, каде што му била укажана лекарска помош и по санирањето на повредите бил пуштен на домашно лекување
Како што дознаваме, четворицата напаѓачи Н.Е. (17), Б.А. (21), В.М. (15) и Б.Б. (18) се познавале со А.П. (22) и занеле оти тој бил навивач на Вардар. Наводно, револтирани од неделниот инцидент во Нерези, тие решиле да му се одмаздат. Така завчеравечер, околу 20 часот, тие поставиле заседа на улицата Ресенска во населбата, знаејќи оти кога-тогаш нивниот сосед морало да помине оттаму. Околу 20 часот А.П. не претпоставувајќи дека го чекаат се појавил на улицата одејќи кон дома. Тогаш четворицата напаѓачи го запреле и почнале да го пцујат и омаловажуваат. Вардаровиот навивач, знаејќи дека ќотекот е неизбежен, им возвратил, што била доволно за четворицата „шверцери“ да му се нафрлат. Тие почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата, а од ударите момчето паднало на земја. Сепак тоа било малку за напаѓачите, кои продолжиле беспоштедно да маваат по момчето додека случајни минувачи не притрчале на помош и ги избркале.
Од навивачката група „Комити“ велат дека ова е само пример на секојдневните напади врз нивните членови што се случуваат во скопските населби каде што живее албанско население.
Скопската полиција против четворицата напаѓачи поднела кривични пријави за насилство и трага по Б.А., кој е во бегство.
Ни трага ни глас од вооружените жители на Нерези
Скопската полиција сé уште нема приведено ниту еден жител на населбата Нерези што во неделата физички се пресметуваше со членовите на навивачката група „Комити“. Од МВР велат дека се разговарало со локалното население и се работело на откривање на нивниот идентитет. Оваа информација на Министерството е до толку почудна ако се знае дека на снимките од неколку телевизии јасно се гледаа лицата на жители на населбата Нерези вооружени со секири, ножеви и со палки како јуришаат на помала група на „Комити“. Токму преку телевизиските снимки МВР го откри идентитетот на поголемиот број навивачи осомничени за учество во инцидентот.
Инаку завчера попладне, по неколкучасовен распит, истражниот судија ги пушти на слобода осумте члена на навивачката група што беа приведени за време на инцидентот кај мостот „Обединети нации“. Тие ќе одговараат за насилство.
Превземено од новамакедонија.ком.мк
И сега шо прајме?