- Член од
- 30 јули 2007
- Мислења
- 1.391
- Поени од реакции
- 86
ТВ ПРОГРАМИ ВО ЖИВО НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Во склад со нашата корпоративна филозофија секогаш да бидеме први на пазарот во имплементирање на најнови технолошки решенија и услуги во мобилната телефонија, COSMOFON воведува LIVE TV (телевизија во живо) за прв пат на телекомуникацискиот пазар, за сите свои мобилни корисници.
Од денеска, 17 август, 2009, сите корисници на мобилната телефонија на COSMOFON ќе можат да ја користат услугата Live TV т.е. да следат телевизиски програми во живо на својот мобилен телефон. Во почетниот период од воведувањето, корисниците на LIVE TV ќе можат да ги следат програмите на следниве ТВ станици: A1 ТВ, SITEL ТВ, KANAL 5 ТВ и ERA ТВ. Листата на ТВ станици ќе се проширува во наредниот период.
За да ја користат услугата LIVE TV, корисниците треба да го посетат мобилниот портал на COSMOFON на wap.planet.mk да ја изберат опцијата LIVE TV и ТВ каналот кој сакаат да го гледаат.
Исто така, за сите при-пејд и пост-пејд мобилни корисници на COSMOFON, мобилниот портал нуди различни видови на услуги и содржини – рингтонови, слики, јава игри и текстуални услуги како што се ударни вести, вести од светот, вести од земјата, култура, економија и временска прогноза. Преку порталот, корисниците исто така можат да пристапат до различни корисни линкови: Google пребарувач, Gmail, Facebook, Yahoo mail и Live scores.
Новата услуга им е достапна на сите корисници на COSMOFON чии мобилни телефони поддржуваат 3G мрежа и се наоѓаат на локација која има 3G покриеност.
Информации во врска со новата услуга се достапни во Центарот за грижа за корисници на COSMOFON и на www.cosmofon.com.mk


