Грција најголем инвеститор во Македонија

Дали ви смета тоа што државниот непријател број 1 е и најголем инвеститор

  • Да

    Гласови: 25 40,3%
  • Не

    Гласови: 17 27,4%
  • Ич не ми чуе

    Гласови: 20 32,3%

  • Вкупно гласачи
    62

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам колку има проток на луѓе низ земјава во текот на годината,за да работат овие мотели,бензиски,ресторани.Освен летниот период,цела година ќе бројат минусно салдо.
Само производни капацитети и индустриски зони,ништо друго не е профитабилно за да се кренеме во позитивна зона.Урбанизирани парцели со поволности,се останато е минимален приход на ниво на држава.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Од грчките инвестиции сега останаа само фалби

Во првиот квартал од годинава во земјава влегле грчки инвестиции од само 680 илјади евра
Нина Нинеска-Фиданоска
Одредени грчки медиуми деновиве излегоа со тврдење дека Грција е на врвот на листата на најголеми странски инвеститори во Македонија. Официјалните бројки до кои дојде „Утрински весник“, меѓутоа, покажуваат дека грчките компании се' помалку вложуваат во Македонија.

Грчкиот весник „Македонија“, во текст под наслов „Грција ’ја храни‘ економијата на Скопје“, деновиве објави дека „грчките инвестиции во Македонија изнесуваат милијарда евра, а во земјата работат 280 грчки компании, кои вработуваат околу 20 илјади луѓе“. Грција, според весникот, а како што пренесе Макфакс, е и трет по големина надворешнотрговски партнер на Македонија.

Но, официјалните податоци покажуваат дека грчките инвестиции во последниов период практично секнуваат, односно дека нови инвестиции од оваа земја има се' помалку во Македонија. Во нашата држава остануваат да работат грчките компании што влегоа во претходниот период. Има и поединечни примери на заминување на одделни грчки инвеститори од земјава, како што се поранешните газди на Мермерниот комбинат во Прилеп, како и екссопствениците на „Космофон“, односно грчката ОТЕ, но таа одлука беше донесена поради фактот што компанијата мораше да ги испочитува антимонополистичките закони во Македонија.

Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, во првиот квартал од оваа година во земјава влегле грчки инвестиции во вредност од само 680 илјади евра, што е речиси минорна сума кога станува збор за директни странски инвестиции за период од три месеци.

Грчките инвестиции во првото тримесечје се многу пониски од оние на неколку други држави, како што се, на пример, вложувањата од Холандија, кои во истиот период изнесувале дури 30,25 милиони евра, потоа австриските инвестиции кои тежеле 18,65 милиони евра, инвестициите од Швајцарија изнесувале 5,42 милиона евра, од Девствените Острови биле 4,98 милиони, од САД изнесувале 4,89 милиони евра, бугарските 3,79 милиони, италијанските 2,21 милион евра, словенечките 1,97 милиони евра, исто колку и инвестициите од Луксембург, како и албанските инвестиции кои изнесувале 1,27 милиони евра. Дури по сите овие држави следуваат инвестициите од Грција, со скромни 0,68 милиони евра.

И лани грчките инвестиции кај нас биле повеќе од сиромашни. Според податоците на НБМ, минатата година Грците во земјава инвестирале само 12 милиони евра, од кои „ситни“ 2 милиона евра биле реинвестирана добивка, а десет милиони кредити подигнати за обезбедување на тековното работење на фирмите во земјава. Тоа значи дека уште од лани почнале да спласнуваат грчките инвестиции во Македонија, кои се' дотогаш беа речиси доминантни.

За разлика од 2008, претходните години имаше обилни грчки инвестиции. Во 2007 година нашиот јужен сосед инвестирал 44,6 милиони евра во Македонија. Во 2006, пак, грчките инвестиции се мереле со 40,7 милиони евра. Тоа покажува дека експанзијата од грчка страна, која за нас до скоро беше реалност, во изминатава една и пол година веќе изгледа како далечно минато.

Инаку, Грците се сопственици на повеќе големи компании во земјава, како што се „Окта“, цементарницата „Усје“, „Веро“, како и на две банки - Стопанска банка - Скопје и Алфа банка. Покрај големите групации, во Македонија се присутни и стотици помали грчки фирми, кои главно се позиционираа на југот од Македонија, во текстилните фабрики.

Поради растот на вложувањата во изминативе години, Грција на Македонија успеа да и' се наметне како еден од најзначајните економски партнери. Сегашниот спротивен тренд кај одделни експерти го наметна прашањето - дали отворениот политички фронт меѓу двете земји, сепак, успеа да го наруши бизнисот?



utrinski
 
Член од
29 август 2008
Мислења
21
Поени од реакции
0
Ич не ми чуе :baeh: Не ме интересира политика, не ја мразам Грција, така да не ми смета ништо што е грчко :helou:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Ич не ми чуе :baeh: Не ме интересира политика, не ја мразам Грција, така да не ми смета ништо што е грчко :helou:
Целата работа е многу подлабока и покомплексна од обична политика.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
А бе што сте се засекирале.....еден ДЕКРЕТ и се си е наше, битно е само НАС тогаш да не има....:)...вие на тоа поработете....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Незнам колку има проток на луѓе низ земјава во текот на годината,за да работат овие мотели,бензиски,ресторани.Освен летниот период,цела година ќе бројат минусно салдо.
Само производни капацитети и индустриски зони,ништо друго не е профитабилно за да се кренеме во позитивна зона.Урбанизирани парцели со поволности,се останато е минимален приход на ниво на држава.
Протокот треба да го создадеме сами.Не може да има обемен проток кога Македонија е означена како “црна точка“ на Балканот.Значи треба да се создадат услови за транзитен туризам кој по правило носи и најголем приход во оваа бранша низ целиот свет.Практично никој не размислува колку е скапо доколку му се овозможи присоен одмор и вистинско освежување на долгиот пат кон Егејот или кон Турција.
Од друга страна,практично никој нема ни да ја погледне нашата земја за потенцијална инвестиција кога ќе види таква пустелија окулу главниот собрајќаен крвоток,без тоалети и паркинзи,без мотели и одморалишта.Луѓето ќе бегаат како од ѓавол доколку не сториме ништо за подобрување на оваа инфраструктура.
А индустријализацијата како по правило доаѓа секогаш малку подоцна.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Ми сметаат инвестициите,ама од друга страна тие луѓе се бизнисмени.Нив ги интересираат парите,бизнисот да оди како подмачкан...на никого од нив не им е тешко да рече "Македонија"...
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Грција најголем инвеститор во Македонија

17.08.2009 09:53
Скопје




Грција е на врвот на листата на најголеми странски инвеститори во Македонија, пишува грчкиот весник „Македонија“, во текст под наслов „Грција „ја храни“ економијата на Скопје“.

Според истиот извор грчките инвестиции во Македонија изнесуваат милијарда евра, а во земјата работат 280 грчки компании, кои вработуваат околу 20 илјади луѓе.

Грција е и трет по големина надворешно трговски партнер на Македонија.

Весникот додава дека Атина на Скопје лани му обезбедила 936.007 американски долари за разни развојни програми.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112670
Бизнисмените се најголеми инвеститори, не владата, за да може да се каже Грција. Бизнисмените не ги интересира политиката помеѓу владите на Македонија и Грција, може да се каже дека тие не ни гласаат на избори бидејќи не сакаат да гласаат за неспособни луѓе кои се перкаат со костими во владата.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ми сметаат инвестициите,ама од друга страна тие луѓе се бизнисмени.Нив ги интересираат парите,бизнисот да оди како подмачкан...на никого од нив не им е тешко да рече "Македонија"...
Се разбира дека не им е тешко да речат Македонија е Грчка,ама не ни помислуваат да спомнат дека Македонија може да биде единствено Македонска.:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Протокот треба да го создадеме сами.Не може да има обемен проток кога Македонија е означена како “црна точка“ на Балканот.Значи треба да се создадат услови за транзитен туризам кој по правило носи и најголем приход во оваа бранша низ целиот свет.Практично никој не размислува колку е скапо доколку му се овозможи присоен одмор и вистинско освежување на долгиот пат кон Егејот или кон Турција.
Од друга страна,практично никој нема ни да ја погледне нашата земја за потенцијална инвестиција кога ќе види таква пустелија окулу главниот собрајќаен крвоток,без тоалети и паркинзи,без мотели и одморалишта.Луѓето ќе бегаат како од ѓавол доколку не сториме ништо за подобрување на оваа инфраструктура.
А индустријализацијата како по правило доаѓа секогаш малку подоцна.
Ние како народ никогаш не би вложиле средства (ограничени,ако немаме вишок) во мотели и ресторани покрај транзитната зона,бидејќи протокот на луѓе е само во летниот период изразено.Сите 10 месеци ќе бидат со загуби,а во овие два не би се извадиле средства за да ги покријат.
Од друга страна државата неможе да гради такви капацитети.Инаку поентата ти е точна на муабетот дека ни се потребни вакви ствари за да не не гледаат како кромањонци останатите кој минуваат.
Мотелот кај Велес,голем капацитет пропадна,значи не се исплаќа за обичниот човек да инвестира.
Фино е сега што поделија парцели за бензиски,но не ги знам локациите.Колку толку ќе освежи.Јас би играла на средување на тој терен и осветлување.Слично како Грција.Цвеќиња,дрвца,осветлување,по некој монтажен објект кој би изгледал добро,а би работел само во лето,бензиски со кафетерии,ознаки по патот,билборди од Врело,Охрид и слично.
Од ништо нешто да направиме за да се средиме колку толку.Истото важи и за патот кон Охрид,сега кога Албанија ќе стане туристичка дестинација би се извадил денар плус,а и за Охрид има редовно гости.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Maлце офф, ама по патиштава македонски, да ми простите, нема човек кај да се измоча...абе катастрофа...
Една Бугарија бе има на милион места убави „оази“ по патот каде може да се одмориш, да се измочаш...освежиш...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Maлце офф, ама по патиштава македонски, да ми простите, нема човек кај да се измоча...абе катастрофа...
Една Бугарија бе има на милион места убави „оази“ по патот каде може да се одмориш, да се измочаш...освежиш...
duplo off : da ne te znaev...ke pomislev...mocko...:)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ние како народ никогаш не би вложиле средства (ограничени,ако немаме вишок) во мотели и ресторани покрај транзитната зона,бидејќи протокот на луѓе е само во летниот период изразено.Сите 10 месеци ќе бидат со загуби,а во овие два не би се извадиле средства за да ги покријат.
Од друга страна државата неможе да гради такви капацитети.Инаку поентата ти е точна на муабетот дека ни се потребни вакви ствари за да не не гледаат како кромањонци останатите кој минуваат.
Мотелот кај Велес,голем капацитет пропадна,значи не се исплаќа за обичниот човек да инвестира.
Фино е сега што поделија парцели за бензиски,но не ги знам локациите.Колку толку ќе освежи.Јас би играла на средување на тој терен и осветлување.Слично како Грција.Цвеќиња,дрвца,осветлување,по некој монтажен објект кој би изгледал добро,а би работел само во лето,бензиски со кафетерии,ознаки по патот,билборди од Врело,Охрид и слично.
Од ништо нешто да направиме за да се средиме колку толку.Истото важи и за патот кон Охрид,сега кога Албанија ќе стане туристичка дестинација би се извадил денар плус,а и за Охрид има редовно гости.
Не си баш во право,ние како народ сите би вложиле токму во мотели,ресторанти и супермаркети,крај транзинтните зони,дури и би позајмиле за таква инвестиција која брзо се враќа,ама проблемот е што ни една влада не продавала досега такво земјиште крај автопати,каде протокот на луѓе ќе се интензивира по укинувањето на визната бариера и еве веќе колку толку потсредените патишта,и во лето и во зимо.Па треба бе на секој странец или транзит турист најмалку по 50 евра да му земеме од продажба на сувенири,бижутерија,може и домашен рачно изработен накит,цела една мини-индустрија би пронашла своја егзистенција.Вака како што е автопатот Скопје-Гевгелија,транзитните туристи молат бога случајно да не им се расипе автомобилот или да имаат физиолошка потреба,зошто изгледа дека секој миг ќе бидат нападнати од оближните шипкарници,ѓубришта,и недефинирани споредни патеки.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom