Грција најголем инвеститор во Македонија

Дали ви смета тоа што државниот непријател број 1 е и најголем инвеститор

  • Да

    Гласови: 25 40,3%
  • Не

    Гласови: 17 27,4%
  • Ич не ми чуе

    Гласови: 20 32,3%

  • Вкупно гласачи
    62

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Грција најголем инвеститор во Македонија

17.08.2009 09:53
Скопје

Грција е на врвот на листата на најголеми странски инвеститори во Македонија, пишува грчкиот весник „Македонија“, во текст под наслов „Грција „ја храни“ економијата на Скопје“.

Според истиот извор грчките инвестиции во Македонија изнесуваат милијарда евра, а во земјата работат 280 грчки компании, кои вработуваат околу 20 илјади луѓе.

Грција е и трет по големина надворешно трговски партнер на Македонија.

Весникот додава дека Атина на Скопје лани му обезбедила 936.007 американски долари за разни развојни програми.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112670
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Само комшии како нив ни треба. Така асалски, прави што би рекле. :pos2:

Инаку да ми смета. Можат економски да си играат пинг-понг со нас. Но вистината е дека и тие се луѓе, па на нивните бизнисмени (како секогаш во историјата) помили им се парите отколку грчштината. На мене лично многу ми смета што Скопска пивара е Грчка... ама јбг, тоа не е од економска гледна точка.

Исто така ми смета тоа што МК „контра-инвестираат“ во Гејлада (и ЕУ), преку одење на одмор во Гејлада. :) Ама па кај нас (како секогаш во историјата) имало предавници. :)

(п.с. не ги сметам сите што одат за гејлада предавници, ама тие што одат на одмор да им прават бизнис на гејците... ДА!)
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Бидејќи секој инвеститор инвестира за да оствари добивка или профит, тогаш по проста логика тој што е најголем странски инвеститор во некоја држава највеќе собира и изнесува пари од државата :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да се надоврзам на Мистичен...или прави се,за да не дојде до конкуренција во земјата од каде ги изнесува парите.
Јас и грчките пари ги сакам во економијата исто како и на останатите земји.Дај боже сите колку Грција да инвестираа тука и да изнесуваа,ќе цутевме:smir:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Мене ми се чини дека Грците воопшто не инвестираат во земјава,туку фигурираат како инвеститори,а вистинските газди се меѓу нашите Македонски транзицијски профитери.Би го навел само примерот со Мермерен Комбинат од Прилеп каде газдата “Грк“ никој никогаш не го видел да дојде во најголемиот самостоен рудник за мермер на светот,освен еднаш кога требаше да им ги одкупат акциите на вработените и кога покажуваа некое човече како сопственик.Денес газдата веќе е Холанѓанец,кого исто така никој го нема видено,наводно Гркот му го продал Мермерниот комбинат.
Од друга страна се врти муабет меѓу вработените,дека вистинскиот газда никогаш не бил ни Грк ни Холаѓанец туку некој наш кој не смее да се појави јавно,зошто ќе им “текне“ на вработените и на народот дека ги дупат на здрав мозок.
 
Ова ти е исто како сладоледите... на пример Делта ја сметаме за грчка а уствари газдите се Бог знае од каде (можеби америка). Исто ти е и за инвестициите.
А тоа што обезбедиле пари, обезбедиле од фондовите не дирекно од буџетот на Гејлада. И ај правиме опклада дека се што се прави во МК со ЕУ пари кои се препорачени од Гејлада е во интерес на Гејлада. Да кажам пример подобрување на патот... поради што истиот е влез за во Гејладаленд.
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
58
Поени од реакции
2
Мене ми се чини дека Грците воопшто не инвестираат во земјава,туку фигурираат како инвеститори,а вистинските газди се меѓу нашите Македонски транзицијски профитери.Би го навел само примерот со Мермерен Комбинат од Прилеп каде газдата “Грк“ никој никогаш не го видел да дојде во најголемиот самостоен рудник за мермер на светот,освен еднаш кога требаше да им ги одкупат акциите на вработените и кога покажуваа некое човече како сопственик.Денес газдата веќе е Холанѓанец,кого исто така никој го нема видено,наводно Гркот му го продал Мермерниот комбинат.
Од друга страна се врти муабет меѓу вработените,дека вистинскиот газда никогаш не бил ни Грк ни Холаѓанец туку некој наш кој не смее да се појави јавно,зошто ќе им “текне“ на вработените и на народот дека ги дупат на здрав мозок.
А која е Холандскава фирма ако можи да кажиш?Колку што разбраф јас сопственик е некоја корпорација со англиско-грчки капитал.А "гркот"има повеќе пати идено во рудникот, не само за да ги продај акците.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А ти како му се залепи на АБЦ како прав грк:pos2:
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
58
Поени од реакции
2
И Грците се инвеститорите , не се некој наши газди, бидејќи грчките бизнисмени не ги интересира како ќе се викаме ние или тие , нив ги интересира да профитираат.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Од една страна, да секој што инвестирал гледа само да оствари профит, друго ништо не го интересира, но од друга страна па неодамна Бакојани нели нешто збореше во врска со тие грчки инвеститори или?? А познавајќи ја нашава историја имаше едни кои се продадоа за еден куфер милион долари и златен ролекс на Грците.Трета работа нели грчките инвеститори почнаа со нивните масовни инвестиции во времето на Љубчо???Сепак мора да се признае дека имаат и некаква поврзаност овие инвеститори со нашиве домашни предавници...што значи и нив дефинитивно ги интересира и политиката.
 
Ги интересира политиката бидејќи им зависи од инвестициите, а не дали Љупчо или Грујо биле на власт
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ги интересира политиката бидејќи им зависи од инвестициите, а не дали Љупчо или Грујо биле на власт

Нема што да ги интересира политиката, може да ги интересира министерството за економија, и министерството за финансии, друго не треба да ги интересира, ако збориш за инвеститорите.
Јас реков, да ги интересира профит, но од друга страна кога ќе размислам со оваа наша држава ништо не е сигурно. :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А која е Холандскава фирма ако можи да кажиш?Колку што разбраф јас сопственик е некоја корпорација со англиско-грчки капитал.А "гркот"има повеќе пати идено во рудникот, не само за да ги продај акците.
Абе ако можев да кажам кој се Холанѓаните,немаше да седам овде дома и да се расправам со тебе,ќе учествував во купопродажба на акциите.А за “разбирање“,можеби веќе утре ќе разбереме дека газда на Мермерен Комбинат е некој Марсовец,ама никако нема да биде Македонец,кажав од кој причини погоре.Тоа дека Гркот има повеќе пати идено во рудникот е нормално,зошто инаку нема да фати “бајачката“,што му ја приредија на вработените.

А ти како му се залепи на АБЦ како прав грк:pos2:
Ако бе,интересен е,нека научи нешто.

И Грците се инвеститорите , не се некој наши газди, бидејќи грчките бизнисмени не ги интересира како ќе се викаме ние или тие , нив ги интересира да профитираат.
А мислиш ако беа наши како што се,нема да ги интересира само да профитираат?Нашите “инвестираат“ од патриотски причини?Акциите на вработените се купени со Македонски пари,штекнати во транзицијата и од продажбата на Телекоми,ЕСМ,кредити од ММФ и Светска Банка кој беа наменети за други работи,ама паднаа во рацете на неколкумина “глаучи“ кој не смеат да се појават како инвеститори оти нели политичарите не смеат толку многу приватно да инвестираат,па затоа е најдобро доколку најдат некој Грк да фигурира како инвеститор.Впрочем никој не смее да прашува и премногу да се интересира кој бил Грчкиот “инвеститор“,дали бил Павлидис,или бил Киријакидис,главно е да биде некој познат Грчки милионер,за приказната да биде поуверлива.:toe:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Од денешен аспект работите никако неможат да се гледаат црно-бело.

Денеска се употребува економското освојување за остварување на политички цели.
Создавањето на економски независна држава треба да биде приоритет, бидејќи во спротивност си лесна мета на уцени и практично си ставен во ситуација на заложник.

Големите национални корпорации со себе носат и политички интерес, дотолку можат комотно да се чувствуваат во дадена земја доколку немаат конкуренција и дотолку преку својата дејност можат да ги условуваат државните политики.

Не залудно, Путин минатата година ги ограничи странските “инвестиции“ во Русија.

Рускиот претседател во заминување Владимир Путин потпиша денеска нов закон за стратегиска индустрија, во кој се предвидени ограничувања за странски инвестиции во клучните сектори.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2D790F809C56904192CF603C425A1B1B

Политиката на Грција е преку економско освојување да изнуди прифаќање на нивните политички интереси. Овде зборам за оние поголемите компании.

Затоа секогаш на спротивставена вага ќе бидат ставани “пријателската“ политика на Грција која овозможува “инвестиции“ и живеачка за рајата, но од друга страна си поставува политички барања кои нам ни се неприфатливи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom