Прво и најбитно. Алкохол. Младите денес, тинејџерите мислат дека е кул да си пијаница и наркоман. Дечиштата се фалат со кој колку пати и каде се опил викендот. (жалното е што не НИ ПИЈАТ а се фалат дека пијат, напомена: едно капаче пиво не е пиење и неможеш да се опиеш од едно КАПАЧЕ пиво.) Напиј се една чаша пиво еден викенд у годината и најголем пијаница си, ПОФАЛИ СЕ НА СИТЕ и гордеј се со тоа, сите ќе те сакаат. ПОРАКА ДО ВАС: НЕ СЕ ПРЕПРАВАЈТЕ ДЕКА СТЕ ПИЈАНИ, НЕ СЕ ФАЛЕТЕ СО ТОА ШТО ПИЕТЕ, ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ НЕ Е УБАВА РАБОТА, НЕ Е КУЛ, ПИЈ СИ, НЕ СЕ ФАЛИ НА СИТЕ, КРИЈ СЕ ДЕКА ПИЕШ, ПИЈ ЗА ТЕБЕ. Друго, школото. Кул е да не учиш. Океј… Но што е со тие што викаат дека не учат а им се сите петки? Со врски? ХАХ. Они не учат, само секој ден по два пати ги читаат лекциите. Кога тестот ќе им биде со сите бодови, они не учеле, они ПРЕПИШАЛЕ СЕ, затоа имаат петка, бидејќи препишале, а не БИДЕЈЌИ УЧЕЛЕ. Да не должам многу. Гордејте се со образованието, гордејте се со вашето знаење, не кријте дека учите, КРИЈТЕ ДЕКА ПИЕТЕ АЛКОХОЛ И ДЕКА ПРАВИТЕ НЕЗАКОНСКИ РАБОТИ. Со два збора кажано: МРАЗАМ ФЕЈКЕРИ.