Повредени Македонски војници во Авганистан

Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Четворица македонски војници се лесно повредени (со гребнатини на лицето) денеска при самоубиствен напад со автомобил бомба, пред главниот влез на главната команда на ИСАФ во Кабул.
Ова го соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија и додаде дека на припадниците на АРМ во Авганистан веднаш им е укажана лекарска помош и поради добрата здравствена состојба, тие се вратени на извршување на редовните задачи.
Војниците се повредени за време на извршување на редовните задачи во Кабул во нападот на самоубиецот што се случил во 08.40 часот по локално време.
Според последните официјални податоци добиени од најстариот национален претставник на АРМ во мисијата ИСАФ, се работи за експлозија на бомбаш-самоубиец во автомобил-бомба, во кое се проценува дека имало околу 300 килограми експлозив.
Главната команда на ИСАФ во Кабул, ја обезбедуваат 148 припадници на АРМ кои се од составот на 2. механизирана пешадиска чета, а вкупно во оваа мисија се распоредени 164 припадници на АРМ.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112614

Благодарение на жестоката сојузничка офанзива која ке стави крај на талибанците и тешки загуби и бла бла бла....Штабот ке ви го разнесат бре НАТО!!!
 
K

KomitaMKD

Гостин
Шо к*р бараат во Авганистан бе.Ние нашава држава не можиме да си ја зачуваме и да ја направиме како што треба други ќе средуваме.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Уф среќа што не е трагично!:nesum:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Со оглед на тоа што нашите оперативци ги чуваат клучните објекти, помислив дека се повредиле при играње фудбал во некоја од базите или кафанска тепачка. Ама ова е сериозно. Келешите изгледа успеале да се протнат низ покомплексен протокол.

Добро е што се само со гребаници.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Со оглед на тоа што нашите оперативци ги чуваат клучните објекти, помислив дека се повредиле при играње фудбал во некоја од базите или кафанска тепачка. Ама ова е сериозно. Келешите изгледа успеале да се протнат низ покомплексен протокол.

Добро е што се само со гребаници.
Хахаха многу смешно:nenene:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Станува се поопасно во Афганистан во последните неколку денови, стално има некои бомбашки напади при што гинат и невини луѓе а недај боже да загине и некој од нашите војници таму. Господ нека ги чува од такви олоши како што се талибанците.

 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Незнам, но најверојатно чувството ќе беше поинакво доколку се повредеа за Македонија. Ама, во Авганистан? Ова е исто како да заработиле повреда на платено работно место, во кое свесно учествуваат, познавајќи ги ризиците и финансискиот прилив од партиципирањето. Ако се чуваат самите, ќе ги чува и Господ. Тоа би бил најсоодветниот коментар за настанов.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Незнам, но најверојатно чувството ќе беше поинакво доколку се повредеа за Македонија. Ама, во Авганистан? Ова е исто како да заработиле повреда на платено работно место, во кое свесно учествуваат, познавајќи ги ризиците. Ако се чуваат самите, ќе ги чува и Господ.
Се е кажано!:salut:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Не ме сваќајте погрешно ама во Авганистан се за Македонија ,само што штета што немаме пари па сме под команда на разни евро-имбецили.И веќе не e како порано да се оди по желба.А во иднина ке биде и помасовно нашето присуство.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Вратете ги војниците назад пред да загини некој за туѓи интереси и влијанија во НАТО не не сакаат и тоа е тоа.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Скопје / 15.08.09 / 14:55
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска разговарал со македонските војници повредени во самоубиствениот нападот во Кабул, Авганистан.

„Иванов денес телефонски разговараше со повредените војници, со цел лично да ја провери нивната здравствена состојба. Војниците го информираа Претседателот дека се очекува нивно брзо враќање на редовните задачи. Претседателот воедно се информираше за состојбата во главниот град на Авганистан и за деталите за нападот“, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Во соопштението од Кабинетот на Претседателот се „информира дека тројца македонски војници се полесно повредени во експлозија на бомбаш-самоубиец“, што се разликува од информациите, кои ги соопшти Генералштабот на АРМ - четворица полесно повредени припадници на АРМ.


http://time.mk/story_bdaf21fb0d_article_66c4d730cb.html
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не ме сваќајте погрешно ама во Авганистан се за Македонија ,само што штета што немаме пари па сме под команда на разни евро-имбецили.И веќе не e како порано да се оди по желба.А во иднина ке биде и помасовно нашето присуство.
Како се за Македонија? Објасни ни. Не се таму за Америка?
Јас мислев дека се таму за да имаат пари за сметки и отплаќање кредити...

Не им е местото на македонските војници во Македонија?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Како се за Македонија? Објасни ни. Не се таму за Америка?
Јас мислев дека се таму за да имаат пари за сметки и отплаќање кредити...
Не можеш така да речиш за сите, има некои кои што не се заради парите таму, има луѓе кои што ја живеат и сакаат да ја живеат андреналинската опасност.
Види денеска нема редовна војска, ама кога беше конфликтот имаше. Имам другар кој што за 24 денари во денот беше обврзан законски и морално да биди на прва борбена линија, за разлика од резервистите кои што земаа колку што земаа плата.
Така да не е за сите исто секој со своја причина.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Како се за Македонија? Објасни ни. Не се таму за Америка?
Јас мислев дека се таму за да имаат пари за сметки и отплаќање кредити...

Не им е местото на македонските војници во Македонија?
Не си служел војска нели?
Тоа што некој друг создал зло и не може да го контролира не значи оти ние сме имуни на него.Тие Талибанци кои се разнесуваат таму и мораат да бидат таму за да си го заштитат животното подрачје,да не беа нашите и војниците на останатите земји таму да ги задржуваат што мислиш каде ке се разнесуваа?
Што мислиш кој приоритет ке го има мозокот на Американската моќ на југоистокот на европа па и подалеку а кој по некоја случајност денес се наоѓа на Скопското Кале?Што мислиш да дојдат еве само 50 души од овие и да се приклучат на било која од новокмпонираниве ,,ослободителни војски,, знаеш како би си поминале нашите безбедносни структури?Што мислиш колкав приоритет ке има животната жила на КФОР која поминува низ Македонија?
Поминаа времињата кога во војска се одеше за гасење пожари,гаѓање еднаш во месецот и пување низ град оти носиш униформа.Професијата на војникот е војната.А нејзе не бираш каде ке ја водиш.Наречи го превенција наречи го освета за 2001 како сакаш.

Нашите војници се таму оти државата има:
1.Национални интереси-членство во НАТО.Колку и да не ми се допаѓа главен услов за тоа е способна војска која способноста ја докажува онаму каде и сите.Точно не сме членка заради политика но никој не може да му го одземе задоволството на Македонскиот војник кога цел свет ја признава неговата способност.
2.Служби одговорни за проценка кои процениле дека некои работи треба да се расчистат превентивно.Подобро на туѓ терен одколку на домашен.
Или во превод војникот оди каде што ке му наредат.Наредила Македонија војската е таму.За Македонија.

ПС едно клише кое навистина ги иритира најголемиот број од војниците кои биле или одат таму е она за пари кредити не знам што.Најодговорно тврдам дека нашите војници не се ни оддалеку платени колку што некој замислува а посебно во однос на другите контингенти се на самото дно.Ако некој мисли дека толку лесно е да се заработат тие пари бујрум не е проблем да се оди таму.Колку за информација во Армијата има толкав одлив на кадри заради подобри плати да не можете ни да замислите.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не можеш така да речиш за сите, има некои кои што не се заради парите таму, има луѓе кои што ја живеат и сакаат да ја живеат андреналинската опасност.
Без разлика дали е за пари или за „адреналин“. Не е за Македонија.

И нормално дека не ги обвинувам, нивна работа, нивна одлука - нивен живот. Само, прочитај што пишав во првиот пост. Не е исто чувството на жал кога ќе чуеш дека македонски војник настрадал за Македонија и настрадал во Авганистан (па макар и поминал со гребатинки). Во првиот случај чувствувам жал, но истовремено и се гордеам со нивниот придонес за Македонија. А во вториот случај - едноставно ги жалам што заминале на „печалба“ по цена на нивниот живот.

Не си служел војска нели?
Не, не... Со нетрпение очекував покана (сериозно), ама никогаш не ми стигна :(
Професијата на војникот е војната.А нејзе не бираш каде ке ја водиш.Наречи го превенција наречи го освета за 2001 како сакаш.
Затоа, те молам подобјасни им на тие како мене, кои не служеле војска, каква врска има Авганистан со тоа што се случуваше во 2001.
Служби одговорни за проценка кои процениле дека некои работи треба да се расчистат превентивно.Подобро на туѓ терен одколку на домашен.
Или во превод војникот оди каде што ке му наредат.Наредила Македонија војската е таму.За Македонија.
Демек, нашите се таму за „превентивно“ да исчистат терен и да се осигураат дека нема да ни се повтори војна? :nesvest:
Си служел војска, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom