Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
по мене Чиги беше пред се комерцијален трансфер,мораше да се промовира Барса подобро и на источно европскиот пазар,Украина е повеќе милионска држава....
 
Де Јонг и Забалета не можат да се изборат за првотимски статус во еден медиокритет како што е Сити, а вие би го трампале Ибра?

Робињо е добар, многу добар уствари, ама е само уште еден лигав бразилец со комплекс на примадона кој мора да е во центарот на вниманието иначе почнува да плаче и да ја бара мамичка да му даде цицка. Нема шанса да биде главна ѕвезда во Барса затоа што тоа место е зафатено за следните десетина години од Меси, така што не вреди да се ризикува сканадал во соблекувалната.

Како што Кројф кажа минатата недела, Пеп отсекогаш го планирал Виља како лево крило. Значи Ибра останува. Баш како што гласеше и официјалната изјава на клубот. Незнам како некој уште може да му верува на Daily Mail кога јасно и гласно е кажано од страна на клубот дека Ибра останува. Да беше како што пишуваат трачерите од Daily Mail Ињеста моментално ќе играше за Реал Мадрид, а Меси за Арсенал.

За тоа со банкротот...... :pos2: :pos2: :pos2: Пак гласина почната од англиски весник. Да, точно е дека Барса бара кредит од 150 милиони евра ама нема врска со банкротирање. Можно е компанијата која ги има телевизиските права за утакмиците на Барса да банкротира (побарале заштита од банкрот од владата на Шпанија) и да не бидат во состојба да ги исплатат парите за телевизиската сезона. Овие 150 милиони што ги бара Росел се само мерка на претпазливост во случај да се случи тоа.Така евентуален банкротот на другата компанија ќе влијае минимално врз финансиската стабилност на Барса. Долгот ќе се враќа така што ќе се издадат телевизиските права на друга телевизија... Росел си објасни се како што треба ама никој не го слуша.

И за крај, ако некој стварно се надеваше дека Барса може да ги купи Фабрегас, Торес и Маскерано во едно лето... нека оди нека си легне. Факт е дека ако дојде еден од овие тројца другите двајца отпаѓаат. Приоритет на Росел очигледно е Фабрегас, а после тоа Маскерано. Торес е опција само ако Ибра побара трансфер и мора да се продаде.

За мене идеално лето би било да се купат Фабрегас, некој солиден DM што ќе биде замена за Бускетс (сега може да се помириме со фактот дека ќе игра прва постава и следната сезона :( ) и еден бек што може да го покрие Алвес. Ван дер Вил би бил одлична опција. А да си одат Чигрински, Туре (веќе отидени) и Анри.
 
За Ибра, од клубот велеа додека беше администрацијата на Лапорта. Сега се е можно. А, и да си отиде нема потреба да се купува нов играч. Може и вака: Педро-Виља-Меси; и вака: Виља-Бојан-Меси. Сепак, големи се шансите Ибра да остане. А, како што кажав, МОРА да се купи ова лето деструктивец и десен бек, а може и еден како замена за Иниеста и Чави(тоа да не биде Фабрегас) и еден централен дефанзивец. Сепак, болдираните во прв план.

--- надополнето ---

Овие двајца мора да се браќа. Значи, не само на мене, и на некој друг му личеле.
36123_1510215881761_1425285753_31400442_1794582_n.jpg
35709_1510216041765_1425285753_31400443_579852_n.jpg
 
Се поверојатно е дека Ибра ќе остане.Затоа според мене ни фали само уште еден десен бек.
п.с.
Што стана со Ван Дер Вил?
 
Може десно да игра ?
Неможе да игра десно, само како лев бек, па и како лево крило :)
Најнова вест и според Каталонските медиуми е дека Барселона одново откако и лани сакаше да го доведе во своите редови, се заинтересирала за неговите услуги. Ќе видиме колку е вистина :toe:
 
http://www.goal.com/en/news/12/spain/2010/07/09/2016799/barcelona-on-the-trail-of-santos-starlet-neymar-report

Е, ова дете ако го земиме, растур че прај, слушајте ме :vozbud:

Во Сантос, Неимар дава по 4 гола на натпревар. Ама тоа ништо не значи. Може ќе се изгуби во голем клуб, можеби нема:toe: Ама, јас не верувам да го донесеме. Барем не ова лето.
 
Во Сантос, Неимар дава по 4 гола на натпревар. Ама тоа ништо не значи. Може ќе се изгуби во голем клуб, можеби нема:toe: Ама, јас не верувам да го донесеме. Барем не ова лето.
Years Team Apps† (Gls)†
2009 – Santos 35 (12)
:tapp:
 
Буквалецу, не мора се да се сфаќа здраво за готово. Малку повеќе да се потрудеше, ќе најдеше дека во тие "35" натпревари, повеќето беа минатата сезона, кога влегуваше во последните 5 минути.

Оваа сезона, Неимар во купот на 5 натпревари постигна 10 погодоци, а вкупно на 29 натпревари, има 27 погодоци.
 
Буквалецу, не мора се да се сфаќа здраво за готово. Малку повеќе да се потрудеше, ќе најдеше дека во тие "35" натпревари, повеќето беа минатата сезона, кога влегуваше во последните 5 минути.

Оваа сезона, Неимар во купот на 5 натпревари постигна 10 погодоци, а вкупно на 29 натпревари, има 27 погодоци.
А ова ти го измисли:icon_lol:
И дал 10 погодоци на аматери во купот.

Иначе Нејмар се вика:)
 
Без расправии, детето е одличен техничар, дриблер, брз, знае како со топката, како порачан за во Барса!
 
^ И Робињо беше таков. :icon_roll

18 години има детето. Две години игра професионално фудбал. Ќе се изгуби во Европа.
 
Кеирисон втори дел.:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom