Види вака, ако мислиш дека ќе се симнам на твое ниво, си го згрешил местото овде... Со мојот пост никој не навредив, немав ни намера и ПОТЕНЦИРАВ дека тоа е мое гледиште. Ај пробај демантирај ме... и сакаш да кажеш дека бројот што го носи на грбот е НАСЛЕДЕН од Виера.
Изгледа не ви е јасно што претставувал Пеп во Барселона како играч. Изгледа освен Арсенал, не следиш друг тим па упорно веруваш во тоа. И ако си читал изјави од КАТАЛОНЦИ, тогаш би требало да ја сфатиш почитта која овие млади играчи ја имаат спрема легендите на Барселона.
Не мислам да ве убедувам, се фативте како слеп за стап, изгледа не ви се допадна тоа што овде се води дискусија за ваш играч, играч кој до вчера бил играч на Барса. И како што вие погоре ме убедувавте дека срцето на Цеск е во Арсенал, убедете ме дека грешам. Уствари тоа никој неможе да го знае, али ако забележите подобро ќе видите дека во исто време кажува дека го сака Арсенал во срцето и дека сака да се врати во Барселона. Да се разбереме со овој тим што го имаме ние во моментов, Цеск би бил вишок! На таа позиција ги имаме најдобрите играчи во светот моментално. Иниеста и Чави, па нека дојде кој сака да ме убедува дека Цеск е подобар од било кој од овие двајца, ќе му се смеам у фаца. Зошто тоа што го прават Чави и Иниеста како тандем е надвор од овој свет. Ќе ме поддржи секој што се малку разбира во фудбал.:smir:
Така да Цеск е повеќе поради публицитет на наредниот претседател... да се покаже пред фановите. Ништо повеќе. Башка, во моментов имаме млад играч ( Тиаго ), кој верувам дека за 5-6 години ќе биде подобар од Иниеста. Така да не ни е дошло до Цеск... и размислете малце зошто Барселона се ослободува од тие таленти? (Цеск е грешка на управата што никогаш не требало да се случи, али што е тука е). Дали поради тоа што можеме да најдеме подобри во нашата школа? Земи го за пример Џовани Дос Сантос, Фран Мерида и многу други. Ако имале иднина во Барселона, би останале...:wink:
Ова не му е брат на Меси, детево се вика Кристиан Себалос ( Christian Ceballos) и се смета за еден од најголемите таленти во Барселона. Мало е детето сеуште, ќе видиме што ќе биде за некоја година.
Абе дечко, не се пали многу, лепо културно ти одговорив дека попаметен си ко ќутиш.
Пробај ти демантирај ме, т.е дај ми доказ дека Фабрегас стварно 4-ката ја носи ради Пеп. ШТО НЕ ПОСТИРАШ ЛИНК, ДА СЕ УВЕРИМЕ НИЕ СИТЕ ОВДЕКА, НЕГО САМО СЕ ПОВЛЕКУЕШ И ВИКАШ ДЕМАНТИРАЈТЕМЕ.
Играч кој до вчера бил во Барса? дечко... ти трема да не имаш коа пишуеш на форумов?
Ми го зборуе Пеп као играч :nesvest:
"Изгледа освен Арсенал, не следиш друг тим па упорно веруваш во тоа. "
Да ти кажам искрено, многу помалце следам други лиги за разлика од Премиер, нигде го нема тој жар како во Англија, така да во другиве лиги повеќе на дербиња седнуам да гледам.
А за тоа другото... се разликуваме доста. Јас барем не верувам во тоа како СЕКОГАШ Фабрегас изјавувал дека Ќе се врател во Барса и сл срања... жалосно е кога еден Гол.ком ќе ти го сврти мозочето.
Не одрекувам, знам дека има изјавено, но нема никаква потреба тоа да го повторува секоја недела, барем јас имам таков впечаток ...
И дај достате за срцето, смешно е :pos2:
пс. Е така, доволно кажано мене, не намеравам да враќам повеќе, ако имаш нешто... тоа ти е да ми дадеш ЛИНК т.е да ни дадеш да се увериме дека Фабрегас го носел бројот 4 ради Пеп.
ЕДИТ - Убаво те демантирале =)