Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.

$KOSTA$

Каталонец !!!
Член од
18 април 2007
Мислења
220
Поени од реакции
4
Можеби ако игра Виља Валенсија повеќе ќе се отвори и така ќе имаме повеќе шанси да ѓи напуниме:pos2: отколку без него да играат Викторија пред голот што најмногу го мразам.....така да исто им се фаќа дали ќе игра Виља или нема да игра:helou::helou::helou:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Абе goche, оти не плашиш тука сите сме со слаби срца, :)
А за натпреварот со Валенсија, како да чув на вести дека и Мата е повреден и дека ќе го нема неколку месеци, така да нема да игра на натпреварот со Барса.
Може некој има повеќе информации околу тоа па може да потврди или негира :)
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
276
Поени од реакции
14
Abe batki zasto takvi zbunki pravite... Na sport.es gore desno imate English mislam deka polesno ke e angliski od spanskiot ili greska sum...
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Robinho, 'loco' por el Barça


Ќе побарал да оди во Барселона во Јануари ако не биде стартер во Сити.


I never get tired of winning - Xavi:vozbud::vozbud: E ова е вистински лидер и вистинска личност. Беше среќен во клубот кога бевме во проблеми, беше среќен во клубот завршивме 18 бода зад Реал и сега кога е на врвот, не сака да престане да победува.

Чави тренирал денес, но сеуште не се знае дали ќе биде стартер против Валенсија.

http://www.fcbarcelona.com/web/english/noticies/futbol/temporada09-10/10/n091014107287.html
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Еве и зелено светло за Милито, денеска тренирал со тимот и малку по малку се опоравува.
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Ма каков Робињо бе?
Не сакам да чујам за него не па да го гледам во својот клуб, вакви играчи не ни требаат само парите му се на ум..
Го напушти Реал за Сити т.е за парите, најдобро е да си останеме на таа лева позиција со Анри и Педро што очекувам многу од нив двајцата оваа сезона..
Гледам и Милито се враќа на тренинзите ако не му тргне оваа сезона најдобро ќе биде да го продадеме и да го вратиме Касерес летоска доколку го пуштат.:toe:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Ма каков Робињо бе?
Не сакам да чујам за него не па да го гледам во својот клуб, вакви играчи не ни требаат само парите му се на ум..
Го напушти Реал за Сити т.е за парите, најдобро е да си останеме на таа лева позиција со Анри и Педро што очекувам многу од нив двајцата оваа сезона..
Гледам и Милито се враќа на тренинзите ако не му тргне оваа сезона најдобро ќе биде да го продадеме и да го вратиме Касерес летоска доколку го пуштат.:toe:
Абе што сте чудни. Играл за пари...па голем к*р ако играл за пари. Имаме играчи кои играат со срце за клубот, кои ќе останат довека во Барса. ибра да не игра случајно со срце за Барса. Интер го избрклаа фино лепо му понудивме убав договор си дојде кај нас човекот. Утре некој друг ќе му понуди јак договор можеби ќе отиде таму. Ама засега човекот ги исплатува милионите дадени за него игра одлично, и си го заслужува лебот. Истото ќе биде со Робињо ако покажува добри игра ( а верувам дека ќе покажува ).
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Еве и зелено светло за Милито, денеска тренирал со тимот и малку по малку се опоравува.
Аман бе, остајте го Милито на раат... нема зелено светло. Нема ни да има до Декември. Ако му дадат зелено светло до тогаш ќе бидеме среќни сите. Но, не верувам дека тоа ќе се случи од чиста причина што има сериозна повреда.

Ако мислиш дека има дозвола за играње од докторите по тоа што трчал со Чави, се лажеш. Чави трчал денес со група која што се состои од повредени играчи, кои се подложени на специјален третман различен од секојдневниот тренинг. Не многу напорен, но сепак со негова помош го одржуваат колку толку кондиционото ниво. Инаку под зелено светло се подразбира кога докторите ќе му дадат дозвола за да игра на официјални натпревари и да има ист тренинг како сите останати играчи.

Инаку не верувам дека Суарез би бил подобра опција од Робињо... не дека го сакам многу Робињо, но едноставно тој е класа техничар, баш онаков каков што посакува Пеп. Човек којшто ќе знае да издрибла и да си направи простор во секаква ситуација и човек што ќе знае да постигне гол. Суарез е одличен играч за неговите 22 години, но сеуште не се докажал во некој голем европски тим, а оваа година тоа е ризик што несмееме да го прифатиме. Што би се случило доколку Анри се повреди а овој неможе да се вклопи... кој би играл ? Педро? Затоа Робињо е многу побезболно решение. Несмееме да заборавиме дека го имаме и Бојан кој може да игра лево крило и централен напаѓач, но е многу млад и сеуште собира искуство. Кога му се укаже шанса игра, но сеуште не е играч кој може да реши натпревар или да биде играч од одлука. Моја лична желба за таа позиција е Рибери... али изгледа идниот претседател ќе треба да се бори со Перез за неговиот потпис :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
А која е гаранцијата дека Робињо ке се вклопи во играта ??? ДА можда играл во шпанија порано и колку толку му е познато се, ама да играш во Реал и во Барса е различно како ден и ноќ. А од друга страна ЕДНА од останатите опции е талентираното типче од Ајакс, екипа која има сличен стил на игра со Барса.
Едноставно ИЧ не сум убеден во квалитетите на Робињо за да ја има таа привилегија да игра за Барса.
Во секој случај мислам дека до јануари, Анри ке ги побие сите скептици и ке си осигура местото барем до следното лето. :helou:

П.С. Вечер во 12h на нашатв ке даваат Аргентина - Уругвај, најважниот натпревар за Меси во дресот на Аргентина. А од другата страна ке игра и Суарез. :icon_lol:

Касерес ке го чува Меси вечер :tv:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Абе што сте чудни. Играл за пари...па голем к*р ако играл за пари. Имаме играчи кои играат со срце за клубот, кои ќе останат довека во Барса. ибра да не игра случајно со срце за Барса. Интер го избрклаа фино лепо му понудивме убав договор си дојде кај нас човекот. Утре некој друг ќе му понуди јак договор можеби ќе отиде таму. Ама засега човекот ги исплатува милионите дадени за него игра одлично, и си го заслужува лебот. Истото ќе биде со Робињо ако покажува добри игра ( а верувам дека ќе покажува ).
Не го избркаа Интер, сам сакаше да си отиде, сакаше нови предизвици и сметаше дека со Барса ќе има најголеми шанси за освојување на ЛШ.
Ибра за сега статистички е одличен, му треба уште време да се уигра подобро со Меси, Чави, Иниеста но до сега е и повеќе од одлично.

Што се однесува за Робињо, таков профил на играч не сакам во Барса од едноставна причина што е премнигу себичен и не е тимски играч, но од друга страна дечкото поседува одличен дриблинг, брз е, знае сам да си створи шанса за гол како и да отвори простор за другите играчи и под водство на Пеп можеби ќе го даде за Барса тоа што ќе се бара од него.
Значи јас сум ЗА негово доаѓање во Јануари но само како ПОЗАЈМЕН играч.:smir:
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Тоа што Суарез игра во Ајакс не значи ама баш ништо. И Ибра играше едно време таму, па сите викавме дека ќе се вклопи многу брзо во играта, но видовме дека не беше така. Тој постигнува голови но сепак треба да работи многу за да биде едно со тимот.

За Робињо... не гарантира ништо дека ќе се вклопи во играта, освен неговото реноме како светски играч. Да не се разбереме погрешно, јас не го сакам многу во Барселона затоа што беше играч на нашиот најголем ривал, но ако толку запнал Пеп значи има нешто и ние сме немоќни овде. Верувам дека Робињо би се вклопил најбрзо од сите понудени крилни играчи на пазарот, само Рибери би го ставил во иста кошница со него.

Инаку незнам што сакаат Аргентинците од Меси ебаго... да ја земе топката и сам да дава голови? Па нормално дека неможе да игра како што игра во Барселона, тимот на Пеп е уигран до немајкаде... а овие тренираат 2 од 12 месеца во годината. Ако треба да се бара кривицата нека си ја бараат во Марадона, Меси не е ниту најмалку крив. Ах што сакам вечерва да им докаже зошто е најдобриот на планетава!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom