theMac3donian
Мак3донецот
- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 3.690
- Поени од реакции
- 259
![](http://www.independent.co.uk/independent.co.uk/images/logo-london.png)
Знам дека имаше веќе ваква тема но мислам дека е соодветно да се повтори бидејки се зборува за преуредување на истата за да се зачува како една држава. Ова пак е важно бидејки истото се зборува и за Јужна Србија, Косово и Македонија. Дали работите во Босна се од некаква релевантност за Македонија неможам да кажам, но можам да кажам дека не треба да се одфрлат. Како што е одамна познато „Балканот е буре барут“ немора да значи дека ќе се колиме повторно, но мислам дека опасностите се од поделба а не од колење (моментално).
Како и да е еве ги статиите...
А1
Оргиналната статија на "The Independent" (Англиски Јазик) [Nigel Morris]
БиХ се распаѓа, Србите одат кон целосна автономија
14.08.2009 10:36
Босна и Херцеговина се распаѓа затоа што Србите сè повеќе се оддалечуваат од слабиот центар и се движат во правец на целосна автономија.
Ова го пишува лондонскиот весник „Индепендент“ каде се посочува дека пристрасноста која што меѓународната администрација во таа земја ја покажала кон муслиманите само ја влошила ситуацијата.
Весникот пишува дека Европа нема стратегија за БиХ, со оценка дека еден од проблемите е и „лошо осмислената рамка што и е наметната на Босна на мировните преговори во 1995 година во Дејтон, главно по барање на Ричард Холбрук, специјален пратеник на тогашниот американски претседател Бил Клинтон.
„Босанските муслимани се лути и велат дека Србите од Босна никогаш не смеат да бидат наградени за масакрите што ги извршиле во 90-те години, додека Србите на тоа одговараат дека имаат право на самоопределување. Европа вели дека немаат (право) и оти Косово било исклучок“, истакнува „Индепендент“.
Според весникот, Сараево економски и политички го изгубило својот пат, додека Република Српска застанала на свои нозе и стекнала самодоверба.
„Пристрасноста, која што меѓународните административци во Босна ја покажаа кон муслиманите само ја влоши ситуацијата на муслиманите“, се наведува во текстот и додава дека во случај да се повтори таквата ситуација Босна тогаш би станала официјално протекторат.
„Нејзините надежи дека ќе влезе во ЕУ, колку и да се мали, целосно би се распрскале. Брисел не е заинтересиран врз себе да преземе еден меѓународен протекторат во толку лоша состојба“, заклучува лондонскиот весник, пренесува МИА.
Писмо со одговор за статијата на "The Independent" (Англиски Јазик) [Charles Crawford - Некаков си поранешен амбасадор во Сараево 1996-98]
Важни извадоци од статијата:
- Босна може да стане „Европската црна дупка“
- Авторот не укажува на војна, но можно е да се обнови конфликтот ако вака продолжат работите.
- Со дво-дневно патување до Сребреница се уверил дека државата се „разединува“.
- Наместо да ги надминат недоразбирањата после 14 години, тие се повеќе одат назад.
- Државата едноставно може да се распадне до степен што веќе нема да функционира како држава.
- Србите сакаат да поголема автономија или целосно одцепување.
- Српскиот национализам се развивал со РУСКИ пари????
- Српските лидери сакале да го затворат телото за мониторинг за меѓуетнички односи.
- ЕУ била нема на тоа што се случува во Босна.
- Вилијам Хејг е против повлекувањето на мировните сили, бидејки ЕУ требала да покаже дека нема да ја игнорира ситуацијата.
- Кризата во БиХ може да придонесе за кочење на ЕУ интеграциите на Хрватска, Србија и Турција (најверојатно и МК е овде)!!!!
Писмениот Оговор на статијата:
- БиХ нема Национален идентитет.
- Борбата за националниот идентитет во БиХ не е завршена.
- Србите имаат премногу бидејки имаат свој ентитет (Р. Српска), додка Хрватите и Бошњаците делат еден.
- Цитат „...corruption inherited from Yugoslav "socialist self-management", and proud Balkan inat (vainglorious self-destructive bloody-mindedness).“
- ТРЕБА НОВ ДОГОВОР.
- Забрзување на ЕУ интеграциите, визна либеризација под услов да се смени Уставот. (ви звучи познато од некаде?)
- Новиот устав да создаде 3 ентитета, кои ќе бидат централизирани но воедно ќе имаат и големи обврски.
- Да има целосна дерегулација на економијата (америка?)
- Се на се, да се биде фер во создавањето на 3те ентитета.
Да повторам:
Етничка поделба во БиХ:
Административна поделба на БиХ:
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Bosnia_and_Herzegovina_devision_2005.png/477px-Bosnia_and_Herzegovina_devision_2005.png)