Дали треба да имаме повеќе од две деца?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
да не го цитирам целиов пост над мене, тој пост во суштина нема врска со темата која ја почна авторот. темата беше глобална, не локална. не беше дали македонци ќе има или нема, него беше општо за човештвото.
мислам дека со оглед на тоа што кај едни нации има огромен наталитет (муслиманските нации општо, мексиканците, бразилците, индијците), а кај други ужасно мал (шведска, норвешка, германија и ред други) нема некоја опасност од пренаселување на светот и немање место за живот. како и се друго, веројатно светската популација ќе достигне некој свој врв и после тоа или ќе стагнира или ќе почне да опаѓа.
секој којшто има доволно средства, желба и љубов да има повеќе од две деца, нека има, зошто да не. секое дете е богатство и не гледам зошто не би имале луѓето повеќе од две деца.
а љубовта не е директно поврзана со финансиската состојба, секако, но многу потешко е да бидеш трпелив и нежен со децата и да ги сослушаш и да им кажеш "немам пари за тетратки" ако имаш судски извршители на врата, поверојатно е дека ќе им одлепиш "иди у соба, немам пари, сега ли најде да бараш", што не значи дека родителот не го сака детето, но децата често тоа така го сфаќаат. секако тоа е цела посебна тема за дискусија.
да резимирам-кој може и сака нема зашто да не треба да има повеќе од две деца.
 
Мажите се за да обезбедат средтсва за семејството, жените се да раѓаат и да се грижат за потомството.
Во моментов некои од овие постулати се променети, но тоа е преодна мода.
Зошто секој да не го прави она за кое најмногу го бива?
Зошто да измислуваме и да се подаваме на некои тенденции кои немаат функционален и најважно среќен епилог?
 
Сигурно дека треба да имаме но за да имаме, потребни се донации од црквата, за да можат да се раѓаат повеќе Македончиња а не и од другите националности зошто вака со тие субвенциите, така да ги наречам на Владава се стимулира порастот на целокупното население и тоа ги опфаќа сите националности во државата па и оние муслиманските каде природниот прираст е и онака висока бројка, значи потребно е стимулациите и финансиските средства да одат преку Православната Христијанска Црква за да се постигне целта:wink:
 
Минимум 3. Најсериозно мислам, мене дури ми е криво што имам само една сестра. После кога ќе станам ќе ги искарам моите оти не го викнале штркот уште ендаш! :)
 
Сигурно дека треба да имаме но за да имаме, потребни се донации од црквата, за да можат да се раѓаат повеќе Македончиња а не и од другите националности зошто вака со тие субвенциите, така да ги наречам на Владава се стимулира порастот на целокупното население и тоа ги опфаќа сите националности во државата па и оние муслиманските каде природниот прираст е и онака висока бројка, значи потребно е стимулациите и финансиските средства да одат преку Православната Христијанска Црква за да се постигне целта:wink:
Ај да им забраниме на другите припадници од другите националности (не знам како склопи националност со црква) да имаат повеќе од две деца, бе што ќе им се, повеќе од едно дете, така уште побрзо ќе ја постигнеме целта:wink:
:tapp:
 
Па склопив националност со црква затоа што албанците кои што и онака имаат премногу деца припаѓаат на исламската верска заедница, а македонците кои што се нација во изумирање припаѓаат на Православната Црква, доколку донациите наменети за стимулација на природниот прираст кои што моментално Владата ги дава за сите националности, одат односно се даваат преку Православната Црква тогаш Македонците ќе бидат стимулирани и ќе имаат повеќе деца, а за албанците и така сите знаеме дека немаат проблем на тоа поле имаат 4 пати повеќе деца од Македонците кои што како што реков се нација во изумирање.
 
Која дискриминација...

Државата е иста и за албанците во Македонија и за македонците. Побогу, тука фали вољата за деца, а не донациите...

Албанците во Македонија ги добиват истите права како и македонците, а сепак не им смета ништо да си прават 3 или повеќе деца. Тука игра друго нешто голема улога.Не направи нешто државата за зголемување на наталитетот? Онаа со трето дете бла бла? Има подобрување? Нема, туку напротив упорно паѓа наталитетот.
 
Pa normalno deka treba da se ima poveke od 2 deca! Jas koga ke porasnam ke imam 3 deca! Kako vika gospodinot Gruevski? Imaj treto dete! I vo pravo e! So e ova ke ne zgazat Albancite! Pa sekako deka treba poveke od 2 deca!
 
Која дискриминација...

Државата е иста и за албанците во Македонија и за македонците. Побогу, тука фали вољата за деца, а не донациите...

Албанците во Македонија ги добиват истите права како и македонците, а сепак не им смета ништо да си прават 3 или повеќе деца. Тука игра друго нешто голема улога.Не направи нешто државата за зголемување на наталитетот? Онаа со трето дете бла бла? Има подобрување? Нема, туку напротив упорно паѓа наталитетот.
А што би било тоа што игра голема улога во оваа, би ја нарекол проблематика? Машкоста, плодноста, можностите, волја за деца...кој фактор би бил носечки во сето ова.
Не сум сигурен дека знам, после сите овие пишувања, јас имам две деца...немам волја, плодност... Или велиме дека сме исти, т.е. државата е иста за... или не...молам за дообјаснување пошто вака може и поинаку да се протолкува, нели:)
 
Немањето воља. Боже мили таман работа да ве понижам со машкоста :) Туку едноставно е зацртано две.точка. Повеќето ќе се многу.
А државата е иста, се носат сите со истите правила и прописи. Зошто тогаш албанците прават повеќе деца? Не е до машкоста, до вољата е :) И тука не помага нит црквена организација, нит држава...до народот си е.
 
на секоја можна тема за деца мислам дека иам кажано оти сакам 3 деца ни помалку ни повише... (за повише ако реши господ) :)
мислам дека проблемот кај македонските семејства е егоизмот. да. имам вујко кој има ќерка на 6 години и не сака второ дете! ... немале пари. сите му викаме, кај едно там и две. за мене е исто, кај 2 там и 3 :) така да мислам дека младите се себични и несакат да двојат, да се помачат за уште едно дете, кое не е ништо тешко, страшно и непреживливо освен благослов и среќа во домот.
 
koj kolku sto si saka...toa ne treba da se ureduva ni so zakon ni so vera!
 
Немањето воља. Боже мили таман работа да ве понижам со машкоста :) Туку едноставно е зацртано две.точка. Повеќето ќе се многу.
А државата е иста, се носат сите со истите правила и прописи. Зошто тогаш албанците прават повеќе деца? Не е до машкоста, до вољата е :) И тука не помага нит црквена организација, нит држава...до народот си е.
Што поскоро сфатиш тоа подобро. Машкоста...ова не е понижување, ова е прашање, а за машкоста...друг муабет е ако мислиш дека нешто има врска машкоста со ова...какви онаквија имаат деца...ехее. Ова на машкост ќе ми влијае колку на тебе на женскоста.... :)

Едноставно сакав да видам кои се размислувањата, кои и ги претпоставував, но не бев сосем сигурен. Јас излегува дека немам волја за 3-4-5 деца?
Според ова, волја имаат албанците, немаат македонците. Значи и ромите имаат волја, имаат сите волја само македонците немаат. Но ти застана од само една страна (зошто не кажа и за ромите дека имаат волја да имаат по повеќе деца...:toe:), без разлика на тоа што не е муабет за албанците. Напад и слепо вреѓање (во некои теми) на националност е еднаква на слепо оддржување (во ваква тема) на истата таа националност ...или е еднаква на хитлеровска теза за чиста бела раса. Настапуваш од аспект дека едните имаат волја, другите не, што е нонсенс. Ако мешаме националност далеку не стигаме, само ќе се расправаме, а темата е повеќедетност...ваљда од аспект на квалитетно, човечко живеење и осигурување на иднина.

Предодреденост за волја за пород...понатаму не би сакал да спорам, само...не се наивни овие одбрани и констатации, а сепак се беспотребни зборови-баласт :toe:
 
Имам само едно интересно нешто да кажам во врска со темава, ќе го започнам со: Wall-E. Кој го има гледано овој анимиран филм, ќе сфати дека за се има лек ако се сака да се изнајде. Природните ресурси не се проблем, кога станува збор за зголемување на наталитетот на планетата Земја, туку нивното рационално искористување и примена на истите во изнајдување на нови, макар и синтетички ресурси кои ќе го подобрат животот.
Да не ги забораваме оние кои сакаат да имаат контрола над сите ресурси на планетава земја, затоа што тие се "И ТОА КАКО" клучен фактор по ова прашање. Зошто, затоа што оној кој контролира, сака да има повеќе. Ќе има повеќе ако го продаде. Ако има кој да купи, тогаш има на кому да му продаде. Значи на планетава е потребо повеќе народ, за НЕКОЈ да има профит. Но секогаш, има и такви кои стојат ПРОТИВ потребата од тој некој. Тоа значи дека некој друг размислил и го согледал фактот дека, со ваквото "рационално" искористување на ресурсите, истите нема да стигнат за многу долго време, согледувајќи го фактот дека, ние како луѓе (независно која вера или нација сме) се котиме повеќе од глувците во една распадната куќа. Затоа се "појавуваат" неизлечиви болести, војни, глад и така на таму.
Garfield ми се чини тека беше, спомна погоре дека природата ќе најде начин да избалансира. Морам да те исправам, не е природата, туку оние кои знаат дека планетава не оди напред, вака како што стојат работите. Затоа природата (читај човекот) е принуден да најде начин како да се бори против таа катаклизма.
Нема друга катаклизма, освен онаа која ќе ја создадеме самите ние.
Одговорот на ова прашање лежи во одговорот на прашањето: Колку сме спремни да направиме за планетата на која живееме?
Доколку сме спремни да жртвуваме многу, тогаш тоа треба да значи дека ќе треба да се намали и наталитетот, се додека не се најде замена на ресурсите кои се во се помало количество, или додека светот не се свести дека е потребно РАЦИОНАЛИЗИРАЊЕ на истите, за да се добие баланс.
Поздрав.

П.С.
За тоа, кој колку е спремен да одгледува деца.. Младината денес не размислува што значи да имаш дете. Ете видов некоја девојка од тука, со само 20 години, вели дека е среќно мажена и има две деца (така разбрав). Дали и колку можеш да им пружиш на децата сигурна и безбедна иднина?
1. НЕ зависи од тебе сигурната иднина, ниту нивната безбедност. Дали ќе има војна или глад, или природни катастрофи, тоа никој не може да го предвиди.
2. Можеш да им пружиш само љубов, материјална и финансиска помош, да се погрижиш да израснат во прекрасни млади особи, за подоцна да го проследат твојот пример, и да го направат истото со нивниот потомок.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom