AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
да не го цитирам целиов пост над мене, тој пост во суштина нема врска со темата која ја почна авторот. темата беше глобална, не локална. не беше дали македонци ќе има или нема, него беше општо за човештвото.
мислам дека со оглед на тоа што кај едни нации има огромен наталитет (муслиманските нации општо, мексиканците, бразилците, индијците), а кај други ужасно мал (шведска, норвешка, германија и ред други) нема некоја опасност од пренаселување на светот и немање место за живот. како и се друго, веројатно светската популација ќе достигне некој свој врв и после тоа или ќе стагнира или ќе почне да опаѓа.
секој којшто има доволно средства, желба и љубов да има повеќе од две деца, нека има, зошто да не. секое дете е богатство и не гледам зошто не би имале луѓето повеќе од две деца.
а љубовта не е директно поврзана со финансиската состојба, секако, но многу потешко е да бидеш трпелив и нежен со децата и да ги сослушаш и да им кажеш "немам пари за тетратки" ако имаш судски извршители на врата, поверојатно е дека ќе им одлепиш "иди у соба, немам пари, сега ли најде да бараш", што не значи дека родителот не го сака детето, но децата често тоа така го сфаќаат. секако тоа е цела посебна тема за дискусија.
да резимирам-кој може и сака нема зашто да не треба да има повеќе од две деца.