Пари за државно лото од буџет за елементарни непогоди

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Nekoj si igra loto so elementarnite nepogodi!

Пари за државно лото од буџет за елементарни непогоди

сабота, 08 август 2009, 17:50

Владата со буџетски пари наменети за елементарни непогоди го финансира проектот Државна лотарија која се` уште не ја врши дејноста за која се формираше. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на министерството за финансии, покажа дека властите од буџетот издвоиле еден милион евра само за регистрација како основна главнина на АД Државна Лотарија на Македонија. Како што дознава Алфа од високи извори кои во тоа време биле директно вклучени во процесот, кабинетот на премиерот Груевски се решил на ваквиот потег и покрај противењето на поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Славески уште тогаш предупредил дека државниот ревизор ќе реагира на ваквото работење на Владата со парите на граѓаните.
Директорот на Државната лотарија, Јован Сиљановски во телефонскиот разговор за Алфа реагираше изненадено на ваквата информација. Тој не сакаше да одговори дали ги добил парите и на што се потрошени под изговор дека бил на состанок во странство. Сиљановски заедно со петнаесетина вработени и членови на надзорниот одбор од почетокот на годинава примаат плата од пари на граѓаните и го подготвува процесот кој засега генерира само загуби.
Најпопуларните игри на среќа до пред две ипол години успешно ги организираше Лотарија на Македонија од чија работа државата годишно инкасираше по околу 5 милиони евра, на име лиценци и паушали. Властите без образложение една по една и ги одзедоа лиценците на Лотарија на Македонија во која патем имаше свој акционерски удел и оставија на улица стотина семејства. Иако со законот за игри на среќа е предвидено лото, бинго, томбола и спортска прогноза да организираат два односно три субјекта, Македонија е единствената земја во Европа во која не се организираат игри на среќа.

http://www.time.mk/story_325706cc92_article_781c6b367e.html
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
de de pa ne se mnogu pari,a branitelite znaete li kolku mnogu pari baraa
ako ova se mogu ,ja neznam kolku se malku

oni so drzavata vo celost si igraat LOTARIJA,a vie ste se fatile za sitnici da
kazuvate.

ne slusnav koe e objasnuvanjeto na latas za ovie pari?
sigurno ne ubeduval deka lotarija raboti,ama nie glupite sto znaeme sto e loto,a kamoli bingo,pa zatoa mislime deka ne raboti.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Кај нас нема елементарни непогоди :toe: па парите да не седат џабе :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Kako be nema?!!! Ova portokalovite na sto ti licat? :)
На салфетки :pos2: За Илинден седевме на едно место каде се правеше именден на еден од нив. Па мораа портокалови салфетки да стават иако не бевме уопште дел од таа прослава...ех да може цел хотел портокалов да се офарба. Ама ќути и мези, зад нас беа оние големи батковци со бубрежиња на појас :)

Тие се суперлатив на катастрофа, катаклизма...али своето дејство ќе го покажат најверојатно вториов дел од годината (есен, зима, милина за преродби)...така нешто ми иде работава.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Од буџетот за елементарни непогоди, хмммм...
Од овој буџет би требало да се финансираат не-дај-Боже состојби како земјотреси, поплави и сл.
Градот и сето она што ги погодува земјоделците би требало да се извади од ова, а да се воведе субвенционирано осигурување на земјоделските култури во осигурителните компании, како насекаде.
Државата ќе заштеди, а земјоделците ќе си добијат пари од осигурителните компании.
Милион евра и не се некои пари, бидејќи од лото и такви игри државата ќе си ги врати.
Македонија е идеална почва за игри на среќа, имајки предвид каква е економската ситуација.
Државата ќе ги врати парите преку даноците кои ќе се прибираат (ДДВ, Данок на добивка и персонален данок на доход), како и давачките по Законот за игри на среќа (лиценци).
Дури ќе има и за други ставки во буџетот.
Единствено што ми е чудно, е тоа што толку време се чека да се започне со работа.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

За она болдираното, веќе постои... осигурувањето на посевите е 75% покриено од државата како субвенција, а 25% од трошоците се на земјоделците, кој им е крив што не сакаат да ги осигураат посевите од елементарни непогоди (некои и воопшто не слушнале за тоа).

А она второто, дека од парите за елементарни непогоди ке се организира томбола ме заебавате???? Наместо да се инвестира, да се купи уште еден-два авиони канадери за гаснење на пожари кои ги има во сушно време во државава, или да се чуваат/наменат за нешто корисно за социјалните случаи, тие планираат да организираат игри на среќа :kesa:
 
Напротив Џиш, инвестицијата во комар ќе се покаже доста добра...во смисла на корист за државата, како што напомнав во мојот претходен пост...
За година, две три...ќе си поврати државата парите, а потоа ќе има профит од тоа.
Секако дека треба да се купат канадери на пр. и дека треба тоа да се направи што поскоро, но муабетов ми е дека самата идеја за лотото воопшто не е лоша, од економски аспект.
Бај д веј, не сум знаел дека се субвенционира осигурувањето на земјоделските култури...
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.498
Поени од реакции
6.934
ја како шо знам кога имаше земјотрес во валандово владата одма интервенираше!
а овакви шпекулации можат само мали деца да излажат!

п.с.Канадерите се во изработка и се чека да бидат транспортирани во Македонија многу брзо!
убаво рече груевски на седница-наместо да ме прашувате мене каде се канадерите прашајте ги оние кои ја водеа државата досега и не порачале ниту една заштитна мерка против пожарите а камоли да побараат канадери!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Како прво не се Канадери туку Бомбардиери,и 10 такви чинат колку еден Канадер.Како второ,не треба само да ги порачаш туку и да ги платиш за навистина да ги имаш.Значи не да се рекламираш туку да сработиш па после да се фалиш.:toe:
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.498
Поени од реакции
6.934
Како прво не се Канадери туку Бомбардиери,и 10 такви чинат колку еден Канадер.Како второ,не треба само да ги порачаш туку и да ги платиш за навистина да ги имаш.Значи не да се рекламираш туку да сработиш па после да се фалиш.:toe:
значи да си ги исчистиме ушите?
убаво рече премиерот 2 канадери!
п.с.некој нема ни со шо да се пофали!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
значи да си ги исчистиме ушите?
убаво рече премиерот 2 канадери!
п.с.некој нема ни со шо да се пофали!
Абе премиерот може да рече и дека сега штотуку се вратил од Марс,ако има кој да му поверува како тебе,тогаш џабе си се трудел да имаш свое “јас“ во животот.

п.с.-тој што има со што да се пофали,најчесто тоа не го прави,доколку е навистина разумен човек,остава на другите да го проценат она за што имал со шо да се фали,доколку навистина го има.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom