Nekoj si igra loto so elementarnite nepogodi!
Пари за државно лото од буџет за елементарни непогоди
сабота, 08 август 2009, 17:50
Владата со буџетски пари наменети за елементарни непогоди го финансира проектот Државна лотарија која се` уште не ја врши дејноста за која се формираше. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на министерството за финансии, покажа дека властите од буџетот издвоиле еден милион евра само за регистрација како основна главнина на АД Државна Лотарија на Македонија. Како што дознава Алфа од високи извори кои во тоа време биле директно вклучени во процесот, кабинетот на премиерот Груевски се решил на ваквиот потег и покрај противењето на поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Славески уште тогаш предупредил дека државниот ревизор ќе реагира на ваквото работење на Владата со парите на граѓаните.
Директорот на Државната лотарија, Јован Сиљановски во телефонскиот разговор за Алфа реагираше изненадено на ваквата информација. Тој не сакаше да одговори дали ги добил парите и на што се потрошени под изговор дека бил на состанок во странство. Сиљановски заедно со петнаесетина вработени и членови на надзорниот одбор од почетокот на годинава примаат плата од пари на граѓаните и го подготвува процесот кој засега генерира само загуби.
Најпопуларните игри на среќа до пред две ипол години успешно ги организираше Лотарија на Македонија од чија работа државата годишно инкасираше по околу 5 милиони евра, на име лиценци и паушали. Властите без образложение една по една и ги одзедоа лиценците на Лотарија на Македонија во која патем имаше свој акционерски удел и оставија на улица стотина семејства. Иако со законот за игри на среќа е предвидено лото, бинго, томбола и спортска прогноза да организираат два односно три субјекта, Македонија е единствената земја во Европа во која не се организираат игри на среќа.
http://www.time.mk/story_325706cc92_article_781c6b367e.html