Vaka li se stedi!
Неверојатни 750.000 евра за бензин за пратениците
07.08.2009 18:25
Собранието под итно да ги намали парите кои на пратениците им ги исплаќа за бензин за нивните автомобили, а кои ги користат за службени потреби, ова го сугерира Државниот завод за ревизија.
Забележале дека само лани по овој основ парламентот потрошил неверојатни 750 илјади евра. Според пресметките на ревизорите, бруто износот кој еден пратеник го добива за бензин за својот автомобил, а кој го користел за службено цели на годишно ниво достигнува и до 17.800 евра.
Согласно законот за извршување на буџет на Р.М, надоместок за превоз до и од работното место се исплатува на вработените и избрани и именувани функционери чие место на живеење е оддалечено над 2,5 километри од работното место, но не повеќе од 900 денари месечно.
Парламентарците сега се на годишен одмор. Официјално за ревизорските пресметки немаат коментар. Од собранието тврдат дека законот не е прекршен.
Пратениците сега добиваат 30% од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар. Ревизорите препорачуваат собраниската комисијата за избор и именувања која ја носи одлуката за овој надомест да ја преиспита висината и да ја намали.
Инаку платата на пратениците е нешто над илјада евра - 63.255 денари. Дополнително се зголемува и од дневниците, поради честите патувања во странство. Висината на дневниците се движи од 50 до 116 евра. Зависно од тоа каде се патува.
Токму пратениците заедно со судиите и директорите на Јавните претпријатија се најбројни, што во антикорупциската комисија пријавуваат промена на имотната состојба. На подобро. Некои си купуваат станови, а некои автомобили.
http://www.time.mk/story_c966a6c51e_article_6b351bba5f.html