Милиони евра скапуваат на планините

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Лековити билки скапуваат на планините

Скопје 4 август 2009
Разновидни лековити билки вредни милиони евра скапуваат на планините и на полињата во Македонија. Само на една ливада можат да се најдат дури и десет разновидни лековити растенија, што е реткост.

Илјадници хектари самоникнати лековити растенија има на Малешевските и Осоговските Планини, на Плачковица и Руен, на Голак кај Делчево, во Овчеполието, Виничко, Штипско и Кочанско... Планинскиот масив над Крива Паланка преку Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, па се’ до Малешевските

Планини над Берово е огромен природен резерват на лековити билки.

Сепак, никој во државата не се сетил тој дар од природата да го искористи на вистински начин. Експерти за лековити билки коментираат дека таквата ситуација е последица на неорганизираност и неодговорност.

„Во државата има над три илјади растенија, од кои над илјада се со лековити својства. Од нив, 350 се комплетно проучени од современата фармација и медицина, со што е докажано нивното лековито својство.

Со својата местоположба, својствата на почвата, микроклимата и географијата, нашата земја е извонредно погоден терен за самоникнати лековити растенија кои можат да се сретнат на надморска височина од сто до 2.700 метри“, вели директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев. Тој секој слободен момент го минува на планините во источниот дел на Македонија.

Според него, речиси нема што нема од вакви билки. „Од алкалоидните ги има буниката, датулата, атропа беладона, сите за стомачни болки, а од нив се прават и лекови за Паркинсоновата болест и капки за очи. Од гликозитните во изобилство ги има сите кардиотонични билки, за срцева слабост, тука се момината солза, гороцветот... Современата медицина ги естрахира и од нив произведува лекови во форма на таблети и капки. Во Малешевијата се одгледува ‘рж, на кој како паразит расте ‘ржена гламница (морово рокче), од кое се добиваат три групи лекови. Тука ги има и билките што содржат етерни масла. Ако ги редиме сите лековити билки кои ги имаме во изобилство, ќе ни треба цел весник“, тврди Захариев.

Населението кое живее во селата лоцирани во деловите пребогати со лековити билки ја нема потребната едукација, а државата не пројавила заинтересираност да ги собере милионите евра што скапуваат на ваков начин.

Некогашните откупни станици во Берово, Делчево, Штип, Свети Николе, Струмица, Виница, Кочани, па и во западна Македонија се затворени.
Илјадници семејства кои главно живеат во рурални, односно мошне сиромашни средини, би можеле убаво да профитираат од големиот дар на природата. Жалосно е што и годинава ќе скапат илјадници тони жолт кантарион“, тврди Захариев.

Според првиот човек на Бирото за лекови, Министерството за земјоделство мора сериозно да му се посвети на ова прашање и со раководствата на локалните заедници да поработи на отворање откупни пунктови и едукација на населението. Станува збор за подрачја кои се зачувани екосистеми, лековити билки кои виреат во незагадена природа, што фармацевтските куќи посебно го ценат.

Ако нашите земјоделци произведуваат нешто што нема пазар, што не им се исплатува, тогаш надлежниот ресор, со осмислена стратегија за култивирано одгледување лековити растенија што имаат пазар, може многу да помогне. Ова посебно се однесува на деловите во кои постојат системи за наводнување, како што се Овчеполието, Штипско, Радовишко, Струмичко.

Захариев вели дека е исклучително позитивно тоа што „Алкалоид“ сега инвестира големи средства во погонот за лековити билки што е со највисоки ЏВП-стандарди. Тоа ќе придонесе за поголем откуп на овие билки и позначаен извоз на лекови од познатата компанија, посебно на пазарот во САД. Но, тој додава дека Македонија мора да го врати и организираното производство на афион, кој меѓу двете светски војни бил засеан на 100.000 хектари, а денес одвај на илјада. „Само од афионот се добиваат дваесет вида лекови“, потенцира Захариев.
 
Како територија имаме фасцинантно богатсво од лековити билки, но и од земјоделски култури (сусамот, памукот, анасонот, афионот...успеваат на наше поднебје како ретко каде, а сепак нивното одгледување изумира).

Можностите со ваквите билки се огромни...чаеви, медицински препарати, алтернативна медицина, козметика...потоа тука се и есенцијалните масла, кои можат да чинат и цело богатство...се на се, во ерата на био/органско производство побарувачката за ваквите билки е огромна.

Но, и менталитетот на просечниот земјоделец е важен...Mенталитетот кој одбива да се образува, да ризикува, да инвестира, да надградува...најрадије би да увезе некој хибрид од Холандија и со вода, ѓубриво и неконтролирано прскање да фура цел живот...па, после се чуди околу откупот и зошто странците одбиваат увоз.

Инаку, за ова многу може да се учи од хрватите. Редовно ги следам, и во тој поглед напреднаа неверојтано во последниве години.
 
.........

Инаку, за ова многу може да се учи од хрватите. Редовно ги следам, и во тој поглед напреднаа неверојтано во последниве години.

пример со лавандата
thflower_73.gif
03-01.jpg
 
И не само тоа. Неодамна гледав прилог за мал погон во Хрватска кој обработува разни видови лековити билки одгледани на органски начин...годишната заработка им е 7 милиони евра, а ги извезуваат во врвни фармацефтски компании и елитни козметички куќи.
А, ќе повторам, се работи за мало погонче.

П.С
Среќа шо таквите емисии ги даваат на ХРТ. Да беа на Нова, радио-дифузијата, и покрај сета своја добра воља, ќе ми ги ускратеше :(
 
Па ајде бе Илија на власт сте што чекате, помалку маркетинг а повеќе работа т.е. организирајте откупни центри и едукација :toe:.
 
Па ајде бе Илија на власт сте што чекате, помалку маркетинг а повеќе работа т.е. организирајте откупни центри и едукација :toe:.
Масовно да се собираат луѓе и присилно да се едуцираат...Така некако?

Сите примери од Хрватска што го слушнав, се на принцип на самоицијатива. И истите луѓе сами, и тоа прилично брзо и лесно, си го создадоа пазарот.

Јбг, нема више земјоделски задруги и "суптилна улога" на државата. Заврши тоа пред две децении.
 
Ако тоа се направи на база на самоиницијатива, владата ќе воведе смешни ригорозни правила и одобренија кои луѓето ќе треба да платат смешни суми за да ги извадат, и после ке им стават некој смешен данок и ќе останат без ќар, а ќе се веднат цел ден да берат тревки, за на крај тие сами да се откажат и владата да им ги купи за ич-пари...
 
А ова го тврдиш затоа што...?
 
Масовно да се собираат луѓе и присилно да се едуцираат...Така некако?

Сите примери од Хрватска што го слушнав, се на принцип на самоицијатива. И истите луѓе сами, и тоа прилично брзо и лесно, си го создадоа пазарот.

Јбг, нема више земјоделски задруги и "суптилна улога" на државата. Заврши тоа пред две децении.
За болдираното заборави да додадеш со пиштол на глава :).
Кога ти на човек за некоја билка му ветиш цена која што е реална и од која што боли глава, да видиш луѓево како брзо се едуцираат одма ќе ја научат која е.
Инаку самоиницијатива, колку прекрасно звучи тоа го имаш употребено како во серијата во светот на бајките да живееме.
Сестро Адо :), си слушнала некогаш за самоиницијатива одгледување на полжави и одгледување на чинчили?
Во првиот случај знам за неколку луѓе кои што се имаат заебано, додека пак за вториот знам само за еден. Еден ама вреден лично типот во разговор има признаено како ја потрошил сета животна заштеда на тој бизнис и тој што му ги продал кафезите, технологијата и чинчилите иако му ветил за откуп не се јавил за жив и не можел да го пронајди, па сега види ти алтернативен бизнис.
 
А ова го тврдиш затоа што...?
Сепак, никој во државата не се сетил тој дар од природата да го искористи на вистински начин. Експерти за лековити билки коментираат дека таквата ситуација е последица на неорганизираност и неодговорност.

Населението кое живее во селата лоцирани во деловите пребогати со лековити билки ја нема потребната едукација, а државата не пројавила заинтересираност да ги собере милионите евра што скапуваат на ваков начин.

Јас мислам дека одкако луѓето сами ке се загнат сами да прават пари, интересот од страна на владата ке рипне, и ке ги изврши овие чекори...
 
Да, тоа со полжавите ти е одличен пример- bucio
 
Да, тоа со полжавите ти е одличен пример- bucio
Не е само пример човечки судбини се тоа.
Реално не можеме да ја споредуваме Хрватска со нас, хрватите можеа до сега слободно да патуваат кај сакаат, да гледаат да учат од другите Европски земји. Додека пак нас не држеа во карантин како да сме заразени со некоја смртоносна болест, па затоа луѓето не знаат дали тоа што се бара реално се бара на пазарот или е чиста измама. Затоа најдобро е министерството за земјоделие наместо да ги троши своите буџетски средства за реклами да ги потроши за отворање на такви откупни центри, и луѓето ќе им веруваат затоа што се институција.
 
За болдираното заборави да додадеш со пишптол на глава :).
Кога ти на човек за некоја билка му ветиш цена која што е реална и од која што боли глава, да видиш луѓево како брзо се едуцираат одма ќе ја научат која е.
Инаку самоиницијатива, колку прекрасно звучи тоа го имаш употребено како во серијата во светот на бајките да живееме.
Сестро Адо :), си слушнала некогаш за самоиницијатива одгледување на полжави и одгледување на чинчили?
Во првиот случај знам за неколку луѓе кои што се имаат заебано, додека пак за вториот знам само за еден. Еден ама вреден лично типот во разговор има признаено како ја потрошил сета животна заштеда на тој бизнис и тој што му ги продал кафезите, технологијата и чинчилите иако му ветил за откуп не се јавил за жив и не можел да го пронајди, па сега види ти алтернативен бизнис.
И ја можам да ти раксажам случаеви за безобразието и затуцаноста на нашите земјоделци.
Увек има различни страни од приказната.

Али вистината е дека, без ризик и без иницијатива за лична надградба, добивка к***ц.

Не може бе со компири од Холандија, или јаболки по 20 пати прскани, да сакаш да бидеш конкуренција.
Не може со врста на праски за кои викаат дека не се податни за извоз да се надаш на нешто.

Такво екстензивно одгледување, у феудализам проаѓало.

Сепак, никој во државата не се сетил тој дар од природата да го искористи на вистински начин. Експерти за лековити билки коментираат дека таквата ситуација е последица на неорганизираност и неодговорност.

Населението кое живее во селата лоцирани во деловите пребогати со лековити билки ја нема потребната едукација, а државата не пројавила заинтересираност да ги собере милионите евра што скапуваат на ваков начин.

Јас мислам дека одкако луѓето сами ке се загнат сами да прават пари, интересот од страна на владата ке рипне, и ке ги изврши овие чекори...
А, може и откако ќе почнат да прават пари, да ги згази кола на улица :icon_lol:

Претпоставкиве се малку пише неодржани.
Не е само пример човечки судбини се тоа.
Реално не можеме да ја споредуваме Хрватска со нас, хрватите можеа до сега слободно да патуваат кај сакаат, да гледаат да учат од другите Европски земји. Додека пак нас не држеа во карантин како да сме заразени со некоја смртоносна болест, па затоа луѓето не знаат дали тоа што се бара реално се бара на пазарот или е чиста измама. Затоа најдобро е министерството за земјоделие наместо да ги троши своите буџетски средства за реклами да ги потроши за отворање на такви откупни центри, и луѓето ќе им веруваат затоа што се институција.
Аман, до кога ќе се префрла одговрност на друг, и ќе се бараат оправдувања?

Светот е глобално село. Протокот на информации е неверојатен. Итекако може да знаеш што се бара, а што не, и на кој може да се ослониш (во моето семејство имале искуство со работи од ваква природа...и ако некој заебувал ствар, тоа бил македонскиот земјоделец).

П.С
Има случај на србин, кој самоиницијатвно почнал да одгледува некоја врста на јагоди...И денес напредува и извезува навелкико.

Или и Србите последниве 20 години беа добредојдени у Европа и многу шетаа?
 
А, може и откако ќе почнат да прават пари, да ги згази кола на улица :icon_lol:

Претпоставкиве се малку пише неодржани.
Да, и многу песимистичко. Но секој кој сака да основа нов бизнис кој не знае дали ке успее размислува на овој начин, никој не вика “ќе биде“ туку прво ги разгледува лошите ствари што можат да се случат и да направат реализацијата да пропадне.
 
Приказни за Елдорадо бла бла бла, баш сега кога движењето на пари низ економијава е катастрофално тронка надеж за широките народни маси.
Инаку и сега има откупни центри откупуваат слез, смрека, кантарион, печурки вргањ итн. Кој сака нека си провери ќе ги види колкави се откупните цени и дали му одговара да шета низ планини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom