Ако не можам јас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
... да бидам среќен, има да ги направам сите други несреќни!

Значи во последно време, барем јас забележувам тренд на вакво одвратно однесување.

Ако некој има лични или не знам какви проблеми, комплекси или фрустрации и е несреќен, се обидува на секаков начин и на другите околу себе да им го загорчи и зацрни животот, без разлика на цената за тоа.

Какви се тие луѓе што обожаваат да уживаат во туѓата мизерија, бидејќи само тоа им причинува барем момент на задоволство и среќа?

Како да се одбраниме од овие луѓе кои едноставно рушат се пред себе, само за да направат друг несреќен?

Кој е лекот и одбраната?
 
... да бидам среќен, има да ги направам сите други несреќни!

Значи во последно време, бар јас забележувам тренд на вакво одвратно однесување.

Ако некој има лични или незнам какви проблеми, комплекси или фрустрации и е несреќен, се обидува на секаков начин и на другите околу себе да им го загорчи и зацрни животот, без разлика на цената за тоа.

Луѓе што обожаваат да уживаат во туѓата мизерија, бидејќи само тоа им причинува барем момент на задоволство и среќа?

Како да се одбраниме од овие луѓе кои едноставно рушат се пред себе, само да направат друг несреќен?

Кој е лекот и одбраната?

Неспособноста да се прифати успехот на другите го прави своето. Љубомората и зависта го прават човекот суштество кое е способно да се уништи самото себе, само за да може да ги види другите погазени и уништени.

Сепак, сметам дека центарот на проблемот не е во зависта, туку во стравот да се биде сам таму доле, под другите. Осаменоста со која се соочуваат овие бедни души ги тера да поставуваат стапици и сопки на успешните. Сепак, тие го искусиле падот и знаат како да ги повлечат и другите со нив.

Единствен начин да ги заборавиме овие луѓе е да ги игнорираме сите нивни постапки, со што ќе им дадеме на знаење дека единствените кои припаѓаат таму доле во дупката на мракот и неуспехот, се самите тие. Ако им покажеме дека вољата нè води напред и не ни дозволува да губиме сила на ништожните работи, тогаш тие стануваат свесни дека единствен излез им е да се помират со својата несреќа која ги следи благодарение на нивната расипана душа и подмолна свест.
 
прво оваа тема е за психологија и филозофија али бидејќи има тренд секој подфорум да се претвори во психологија и филозофија простено ви е ...

Второ одбрана едноставно игнор ,ако ептен ти се убутува у фаца конфротирај се ,али пошто се разбира полесно е да плачеме отколку да се конфротираме лице в лице со таквите како горенаведените личности(под конфротација мислам разговор а не злоупотреба на авторитет и сила со тоа само ќе испаднете кретени)

Сеа се додека седите и ништо не правите ќе ви се множат таквите и трендот ќе ви изгледа нагорен

Трето размисли кои се можните причини за тоа па можда се наоѓаат во личноста а не во другите
but hej како и да се свртиш газот ни е позади рајт?:smir:
 
Причината е дека тие луѓе се енергетски вампири (или како и да се викаа - имаше тема)...Тие со нивното однесување се “хранат“ и си го прават нивниот ден подобар, додека го загорчуваат вашиот.

Одбрана? Игнорирајте ги, ако се вистински пријатели подоцна ке се извинат за нивното нетолерантно однесување..
 
Со твојот пост излегува како да ми даваш совет, а јас тоа не го побарав, нит имам таков проблем, ниту имам врска со темата, а пошто тренд е да се претпоставува очигледно, да ти кажам дека не беше наменето за совети. Сто пати е напоменато да не се поврзуваат сите теми со авторот на истата.

Ми изгледаше како интересна тема за дискусија, да се дискутира за причините зашто тие луѓе тоа го прават и која е одбраната од нив.
 
... да бидам среќен, има да ги направам сите други несреќни!
Значи во последно време, бар јас забележувам тренд на вакво одвратно однесување.
Кој е лекот и одбраната?

Јас не сум забележала такви... не дека не постојат, ама животот мој е како кале. На остров, наоколу море и тврдина.

Така да тешко ќе им биде да припарат, па камоли да ме напраат несреќна.
А и зависи многу од тоа што не прави среќни нели?
 
Со твојот пост излегува како да ми даваш совет, а јас тоа не го побарав, нит имам таков проблем, ниту имам врска со темата, а пошто тренд е да се претпоставува очигледно, да ти кажам дека не беше наменето за совети. Сто пати е напоменато да не се поврзуваат сите теми со авторот на истата.

Ми изгледаше како интересна тема за дискусија, да се дискутира за причините зашто тие луѓе тоа го прават и која е одбраната од нив.
прво темата е со насока за совети и не се однесуваше кон тебе
А второ дискусија ова не е дискусија ова тие тема од типот проблем-решение
Проблем:Лоши луѓе
решение :игнорирај,

Иначе советите се дел од дискусијата .....:pipi:

Ако беше само кон тебе ќе имаше едно решение

Причината е дека тие луѓе се енергетски вампири (или како и да се викаа - имаше тема)...Тие со нивното однесување се “хранат“ и си го прават нивниот ден подобар, додека го загорчуваат вашиот.

Одбрана? Игнорирајте ги, ако се вистински пријатели подоцна ке се извинат за нивното нетолерантно однесување..
темта е псотавена широко прво и основно е оценката за луѓето е субјективна значи може тој спрема тебе е крвник а спрема друг е злато се зависи како некој се поставува

Втрор да ти е пријател тешко
трето психички вампири функционираат малце поинаку од поставување стапици и сопки најчесто играат на карта совест
 
прво темата е со насока за совети и не се однесуваше кон тебе
А второ дискусија ова не е дискусија ова тие тема од типот проблем-решение
Проблем:Лоши луѓе
решение :игнорирај,

Иначе советите се дел од дискусијата .....:pipi:

Ако беше само кон тебе ќе имаше едно решение
А кога веќе повлековте натаму, па кое би било тоа решение за неа? Ако веќе спомнуваш, изрази се до крај. Многу ти е нејасен постов.

И ова не е тема проблем-решение, туку е тема на која ќе се дискутира различниот став на луѓето за овие личности.
Ако беше проблем-решение, ќе беше разработување само на прашањето како да се оттргнеш од нив. Малку е поопширна темава за да се ограничи само на проблем на кој решение е претпоставка.
 
При ваков проблем само треба да останеш смирен/а и со една концентрација со која за момент ќе ги елиминираш сите штетни искри упатени кон тебе ќе ја/го неутрализираш покажувајќи и/му дека си еден непробоен панцир за неговата намера. Речено просто, не земај туѓ проблем во момент кога си на пауза и ги користиш твоите 30 минути на расположение.:smir:

За да не ми реплицира авторот на темата, напоменувам дека ова се однесува за сите општо...
 
А кога веќе повлековте натаму, па кое би било тоа решение за неа? Ако веќе спомнуваш, изрази се до крај. Многу ти е нејасен постов.

И ова не е тема проблем-решение, туку е тема на која ќе се дискутира различниот став на луѓето за овие личности.
Ако беше проблем-решение, ќе беше разработување само на прашањето како да се оттргнеш од нив. Малку е поопширна темава за да се ограничи само на проблем на кој решение е претпоставка.
заборавив едно бидејќи она е специфична личност и ја читам горе доле по форумов и затоа едно решение со поконкретни постапки
А вака ставам повеќе решенија за разни личности
второ ќе барав детално рскажување што е поточно работата

а извини вака како поопширна анлизирање што им е проблемот на тие луѓе или акко се справувате со нив?

за првото темта треба да оди во филозофија а за второто е конкретен проблем со конкретен тип на луѓе и иде со давање совети на крај исто ти е you say durex I say sportex but in the end it's a kondom
 
види она не прашал јас не давам одговор толку ....

второ ќе барав детално рскажување што е поточно работата

а извини вака како поопширна анлизирање што им е проблемот на тие луѓе или акко се справувате со нив?

за првото темта треба да оди во филозофија а за второто е конкретен проблем со конкретен тип на луѓе и иде со давање совети на крај исто ти е you say durex I say sportex but in the end it's a kondom
Да, но ти посочи дека за неа има само едно решение. Па искажи го ако веќе го спомнуваш. Вака ставот ти е многу недефиниран и неоснован, ти кажав.
Мислам дека погоре напишав поопшрино анализирање, па не планирам да се повторувам. Скролни нагоре и ќе видиш мое мислење.
Темата не го разработува психолошкиот аспект на проблемот, туку нашите искуства и ошто проблемот со овој комплекс.
Не е конкретен проблем, затоа што и сама погоре кажа дека доколу за мене некоја личност е таква, можеби за друг не е. Така да, сето ова е чисто лично согледување а не глобална појава која треба да се разработува како философско-психолошки профил.
И од кондом до кондом нема разлика во ништо освен до името. Но од став до став, има. Мојот е издржан со аргументи, додека твојот не го ни прочитав некаде.
 
тоа е затоа што ретко читаш освен себе си

Инаку сменив постот почекај 15 мин да ми светне ....во вркса со решението
И ставот горе е пишан во вид на совет.

ама бидејќи бараш да ви нацртам просто:

Прво гледам што е причината а не скокам со заклучоци дека се осамени и завидливи то ест сите не влегуваат во тој кош ,второ гледам дали проблемот е кај мене или кај нив
Трето најчесто ги игнорирам ,продолжувам понатаму ако има потреба и ми одат превише на живци се конфротирам.

Доволно јаснО?
Инаку пак заборавив има типови на луѓе наречени мазохисти и седат се стуткуваат во некој ќош и плачат се нарекува синдром на жртва па им се чини дека бројот на такви им се зголемува втор причинител кој најчетсто се наоѓа кај таканаречените жртви е нивнотото однесување ко да го фатиле господ за муда па затоа и имаат халуцинациии дека се множат злобни луѓе
Трета причина борбата за пари и моќ и престиж не поштедува никој па на некој/а која страда од пречуствителност и се причинува дека луѓето се злобни а уствари само се борат за тоа што го сакаат а не заошто сакаат да ги уништат .
 
Да се читав јас само себе сега ти ќе немаше оформено мислење на темава:)
Мазохистите не се проблемот кој се разработува. Посебно па што ниту еден мазохист за себе не смета дека го фатил господ за муда. Ако некој го фатил господ за муда сигурно нема да се треска за оние кои се таму доле, под сè што се нарекува здрава свест.
Пречувствителноста исто не е причината за да некој халуцинира дека постојат злбони луѓе. Едноставно тие постојат.
Знаеш, доброто го приметува она што е различно од него, исто како и лошото.
Само што доброто се обидува да сфати што е тоа што лошото го прави лошо. А лошто останува притаено во длабочините на бессовеснота обдиувајќи се да го искорени доброто привлекувајќи го кај себе.
 
За да ја вратиме темата во општи муабети ете ќе кажам за мене. Во животот сум потпаѓал под такви наметнати или пренесени нерасположенија заради наивност и искреност, но со текот на времето сум сфатил и сум изградил сопствен начин на одбрана од таквите луѓе. А одбраната се состои во тоа што на сите тие во моето опкружување склони кон тоа сум им дал на знаење, до каде можат да одат со нивниот начин или воопшто и да не почнуваат со постапка, која кај мене ќе доведе до несреќа и очај. А за оние што не ме познаваат а сепак сакаат некое нивно негативно расположение да пренесат врз мене едноставно културно ги сослушам и до таму, после свртувањето заборавам за што сум зборувал, едноставно применувам механичко слушање кое од едното уво ми влегува, а од другото излегува. Да не речам на крај дека одбраната заради специфичноста, секој треба сам да си ја изгради водејќи се од карактерот и стилот на оној од кого треба да се одбраниме.
 
Хеј, јас сум доволна среќна, па сепак сакам да ги правам луѓето околу мене несреќни.

Да не пишувам долгометражни постови, и ако некој има некои замерки, нека пише на профил/пп/други комуникациски средства [ми мириса на марсовка и гладиус].
Луѓето имаат голема желба на моќ да ги претворат сите околу нив во самите тие, да ги направат свои мали ученичиња. Зошто со несреќата тоа би било поинаков случај?

Поентата ми е, сите понекогаш сакаат да направат некого несреќен. Љубомора, завист, just for the heck of it, you name it.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom