Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 5.607
А што сакаш да направат? Да ќутат, и да бидат единствените казнети за работа која била практика и за многу други клубови истовремено? Ако сите правеле исто (или слично) тогаш сите треба да си сносат одговорност за своите постапки, некој помалку некој повеќе ,а не селективно.Доколку владее закон, правда во Италија,тогаш секој треба да си одговара за постапките и да си одговара соодветно за сторениот прекршок.Адвокатскиот тим на Моџи, и Моџи самиот изјавија дека имаат далеку поинтересни разговори од тие што се пишуваат низ медиумите, но дека намерно не ги презентираат транскриптите, со цел да не се наштети на процесот. Дури и еден Гвидо Роси, човек кој имаше доста активна улога во процесот против Јувентус изјави дека нема да има милост кон никој клуб ако се појават докази, а одбраната на Моџи во моментов кај себе има 170.000 разговори меѓу тогашни челници, делегати итн. на ФИГЦ и претставници на сите клубови во Италија а до денес се преслушани само 20-30.000.Јувентус преку својата моќна Медиумска поддршка почнува да ги издава снимките на кои Морати разговарал со делегатот на судиите. Тогаш плачеа дека Интер намерно ги доставил снимките од Моџи до весниците а сега го прават истото.
Дали ќе се покрене обвинение, ќе се знае после сослушувањето на 13 Април во Судот во Неапол, на кое сослушување Моџи и адвокатите ќе ги претстават доказите.