интересна изјава на Зампарини... бала богу и тој да каже нешто паметно(извинете за латиницата)
еве линк од мак.спорт
http://sport.com.mk/WBStorage/Files/2602-06.pdf
Контроверзниот претседател на Палермо, Маурицио Ѕампарини, изјавидека очекува клубовитеод Премиер-лигата и Примера да доживеат крах поради претерано големите трошоци. Тој додаде дека клубовите од Шпанија и Англија доминираат на европската сцена бидејќи кај нив не постојат правила во работењето, меѓутоа е уверен дека еден ден тоа ќе им донесе огромна штета.
"Клубовите од овие земји доминираат бидејќи сопствениците немаат поим во правилно работење. Шпанците можат да го купат Кака и Ибрахимовиќ бидејќи ќе понудат три до четири милиони евра повеќе плата, а од 60 до 70 милиони повеќе како отштета. Поради ваквото лошо работење очекувам поголемиот дел од шпанските и англиските клубови набргу
да пропаднат", рече Ѕампарини. Истовремено првиот човек на тимот од Сицилија ги повика клубовите од Серија "А" воопшто да не го следат нивниот пример. "Тие луѓе се луди и ние не мора да го следиме секој нивни потег. Италијанските клубови не можат да банкротираат бидејќи се покриени со банковни гаранции.
Мислам дека голем удел има системот на работа на банките во Италија за разлика од оние на страна", додаде 68-годишниот Ѕампарини. УЕФА бара начини како да ги елиминира големите долгови во европскиот фудбал. Нивните проценки говорат дека во Италија долговите на клубовите изнесуваат околу 479 милиони евра, за разлика од англиските чии долгови се неверојатни 3,8 милијарди евра.