Второ коло е, мене повеќе ме кине мечот со Бари, него евентуален пораз од Милан, лани Милан почнаа хаотично па на крајот беа единствен конкурент на Интер . . . муабетов со ситење, реметење и хејтање ке го правиме од Октомври нагоре, кога очекувам сите да ја имаат истемпирано формата на највисоко ниво .
Пример, Интер лани почна со нерешен против Сампдорија, едвај ги победија Болоња и Катанија дома со резултати од 2-1, Удинезе дома во 91ва со 1-0, Реџина гости во 92ра 2-3, изгубија од Милан, изиграа нерешено 2 пати по ред со Џенова дома и Фиорентина гости со резултат 0-0, но од Октомври нагоре нанижаа серија победи почнувајки од дуелите со Палермо гости и Јуве дома .
Поентата ми е, прерано донесувате и едните и другите ставови за сезоната, добро памтам лани како постираа дел од вас за лошата и хаотична игра на Интер, како воопшто не биле опасни и слично, па на крајот се докажа спротивното . Го имам 100 пати кажано следново, не е готово се додека дебела дама не запее, а истата пропејува во Мај некаде . :smir: