Молитва за душманите

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Зошто ни е толку тешко да се молиме за злите, и отворено злите и оние поприкриените? Лицемерно ни е да се молиме и тие да имаат здравје и среќа за да тоа не им дојде како сатисфакција за злото. Но мудрите велат дека вистински среќен може да биде само добар човек, лош само ужива во задоволствата. Ако нашата молитва се оствари, некој од нив ќе биде излечен, ако не неговата болест која не сака да ја даде, тогаш тој самиот ќе биде излечен. Дед мен. :)

Мојот личен свет, со се и сите што спаѓаат во него, се што знам и сум видел, и што уште не сум видел, е прекрасен. :) Се во него е мирно, добро, здраво, богато, среќно. Вклучувајќи ги и моите душмани и непријатели. Се молам и за нивно здравје, бидејќи здравјето треба да ги излечи и нив. На овој или на оној начин. :)

Бидејќи на крајот на краиштата, сево ова е само за наша лична среќа и мир. Лично ми е глупаво ова да го изговарам но како став не е лошо да преовладее.
 
Потполно се согласувам :D
moz-screenshot.png
moz-screenshot-1.png
 
Витезите Темплари се молеле пред секоја битка, и молитвата не била само за нив туку и за душите на нивните непријатели.
 
Па и не би рекол баш така. На пример, од моја гледна точка, непријателите ми претставуваат дупките во мојот карактер. Значи секој што ме мрази има причина за тоа. Со критичко постапување и критички гледање на работите, ке дојдеш до заклучок дека пријателите се исто толку битни колку и непријателите. Единствен начин да ги увидиш твоите грешки.
И сега, следува... Да, би се молел за непријателите. Да дојдат до еден таков вид заклучок и тој заклучок да не` направи пријатели одново...:smir:
 
Значи секој што ме мрази има причина за тоа.

Со критичко постапување и критички гледање на работите, ке дојдеш до заклучок дека пријателите се исто толку битни колку и непријателите.

Единствен начин да ги увидиш твоите грешки.

Дали ако си по успешен од другите а тие ти завидуваат на тоа и те мразат е добра причина?

Вистински пријател секогаш ке ти помогне но ке те поправи доколку згрешиш за твое добро а непријателите секој пат би ти наштетиле а ако правиш грешки ке се смешкаат и ке викаат само така продолжи и ке стигнеш онамо каде што ние сакаме.
 
Без коментар :

Господи Исусе Христе, Ти им прости на Твоите непријатели, зашто не знаеја што прават. Ти се молам од се’ срце, биди милостив кон оние што ме мразат, што ме навредуваат, хулат и клеветат. Ти ја испитуваш длабочината на човечкото срце и знаеш дека сум немоќен и грешен. Поткрепи ме да го очистам моето срце, да ги умножам делата на љубовта кон моите блиски и да не ги огорчувам со ништо.

По Твојата голема милост прости им на моите непријатели; вразуми ги, просвети ги со Твојата вистина за да не се ожесточуваат против мене и да не бидат казнети поради мене. Добро ми е кога сум во Твојата рака. Ти се молам, не дозволувај да ме победи злото, не дозволувај да загине ниту еден од моите непријатели, но сите да се обрнеме кон Тебе, кон Твојот мир и да бидеме Твои верни чеда, зашто Ти си единствен Благословен во вечни векови. Амин!

Римјаните 12: 17-20
17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе!
18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!
19 Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”
12:20 Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.”
 
Дали ако си по успешен од другите а тие ти завидуваат на тоа и те мразат е добра причина?

Вистински пријател секогаш ке ти помогне но ке те поправи доколку згрешиш за твое добро а непријателите секој пат би ти наштетиле а ако правиш грешки ке се смешкаат и ке викаат само така продолжи и ке стигнеш онамо каде што ние сакаме.

Кој рече дека треба да се потпираш некому? ДОвербата е слабост...

И, не велам дека може непријателот да ти помогне, туку само да ти служи како пример, (не секогаш), каде грешиш...:toe:
 
Само на Бог оти тој е семокен

Калипсо факт е дека Исус е прекрасен човек кој што нема ни грам омраза кон никого е сега тој е по блиску до совршенството а ние може само да се обидуваме колку можеме да бидеме добри за да ни биде подобро но Исус не може никој да го стигне
 
Само на Бог оти тој е семокен

Калипсо факт е дека Исус е прекрасен човек кој што нема ни грам омраза кон никого е сега тој е по блиску до совршенството а ние може само да се обидуваме колку можеме да бидеме добри за да ни биде подобро но Исус не може никој да го стигне

Исус е нашиот Господ и немаме шанси да го стигнеме, но можеме да се поучиме од него.
 
тоа и го реков.
П.С. абе само со тебе сум правел муабет, јас сега примети дека само со тебе зборам.
 
Ако не правиме разлика што е наш пријател а што е наш душман тогаш не го цениме доброто што ни го прави нашиот пријател.
Ако треба подеднакво да го сакам и душманот и пријателот значи не знам да проценувам.
Ако треба да го сакам душманот, како ли тек треба да го сакам тој што ми е пријател?
Нема да имам време за душманите да им правам добрини затоа што тоа треба да го правам на моите пријатели кои тоа го заслужиле!!!
 
Види поентата е друга и разбирлива. Бог е навистина добар и тој се гледа и потоа ке ги нареди работите како што треба.
 
Но вие, покажувајте љубов спрема своите непријатели, правете добро и давајте без да очекувате да ви се врати! Само така ќе добиете голема награда и ќе се однесувате како деца на Севишниот, зашто Тој им прави добро и на неблагодарните и на лошите.


Лука 6:35
 
Но вие, покажувајте љубов спрема своите непријатели, правете добро и давајте без да очекувате да ви се врати! Само така ќе добиете голема награда и ќе се однесувате како деца на Севишниот, зашто Тој им прави добро и на неблагодарните и на лошите.


Лука 6:35

Ако те удрат бокс на едната страна заврти се да ти удрат и на другата страна... Така излегува по мое.
 
Молитвата е само формалност. Треба тоа во душата да го осеќаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom