ВОСКОПУЛОС:„Северна“ е искра за континуиран конфликт

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ПАВЛЕ ВАСКОПУЛОС, ЛИДЕР НА „ВИНОЖИТО“, ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА



„Северна“ е искра за континуиран конфликт



Скопје 27 јули 2009
Категорично противење на евентуалната промена на државното име во Република Северна Македонија искажува Павле Васкопулос, лидер на партијата „Виножито“, која се бори за признавање на обесправеното македонско национално малцинство во Грција. Смета дека таквата варијанта ќе внесе нови поделби и конфузии во меѓународната јавност во ситуација кога широко во светот нема никакви дилеми за постоењето на македонскиот етнички идентитет.



Како партија освоивте неколку илјади гласа на последните избори во Грција за Европарламентот. Тоа не е значајно зголемување на бројот на гласовите, но покажува дека имате стандардно гласачко тело. Задоволни ли сте со тоа што го постигнавте?

- Кај македонските граѓани можеби постои мислење дека ние во Грција дејствуваме како нормална и стандардна партија. Но, не е така, ние сме во суштина илегална партија во Грција. За последните избори, како и за претходните, буквално цела држава се организира оваа мала партија да не добие масовна поддршка од населението во северна Грција, кое изразува друг идентитет и македонска свест. Сепак, и со тие неколку илјади гласови добивме силни аргументи, кога ги бараме нашите права. Познато е дека во Турција нема повеќе од две илјади Грци, кои како признато малцинство ги имаат сите стандарди и права. Секој пат кога грчкиот режим одбегнува да зборува за бројки, за тоа колкаво е нашето малцинство, нашиот одговор е чист и јасен: колку има Грци во Истанбул, помалку од две илјади, а тука многу повеќе гласаат за „Виножито“ и за нашата програма за целосно признавање на правата на македонското национално малцинство.И во партијата имаме слабости. Но, може ли реално да очекуваме да имаме стотици агитатори и активисти што ќе работат за нас а да не се плашат од последиците за нив и нивните семејства?

Во кампањата добивме информации за различни опструкции што ви ги правеа, почнувајќи од одземањето на цедињата, па до блокада во медиумите.

- Прво, бевме целосно исклучени од присутноста во весниците. Иако имаше прашања од весниците за нашите позиции за различни прашања, во ниеден весник не се најде ниту една наша изјава или соопштение.Тоа е режимска одлука да не сечат, да немаме пристап до македонското население. А кога ќе се најдеше нешто за „Виножито“ во грчките весници, тоа беше само во негативна конотација - дека сме агенти, платеници, антигрчки елементи... На грчките телевизиски канали ни се случуваше отворена дискриминација. Иако според законот требаше да имаме право на петминутни претставувања на нашата партиска програма преку државниот телевизиски канал и радио и на големите приватни телевизиски канали, добивме писмени одговори со кои не’ одбиваат. Причината била што во спотовите употребуваме по две-три реченици на македонски јазик. За сето тоа ќе бараме правда и пред Судот за човекови права, бидејќи станува збор за отворена агресија. Во една телевизиска дебата тројца грчки пратеници дури јавно признаа дека има меѓупартиска спогодба на ниво на цела држава да се изолира и да не се дозволи присутноста на „Виножито“ бидејќи била „антигрчка партија“.

Очекувате ли промена на власта на парламентарните избори и што би можело таа да донесе?

- За нас нема разлика дали ќе победат социјалистите или конзервативците. Во главната идеологија сите се исти, сите алиби наоѓаат во странскиот фактор. Постои антизападно расположение и јавно се искажува дека САД се ѓавол и оти Американците се виновни за се’ и сешто во Грција.

Како Македонец од Грција, како ги доживувате последните настани за македонско-грчките преговори за уставното име на Република Македонија?

- Крајно неоправдана е која било агресија или настојување од која било страна некој друг народ, друга држава да размислува за промена на сопственото име. Но, знаеме дека има двојни стандарди. Важно е да се објасни зошто беше страшен нападот на грчкиот национализам кога Македонија стануваше независна држава. На балканските национализми во Бугарија, Грција и Србија цел и доктрина им е непризнавање на македонскиот идентитет.
А македонскиот народ, идентитет е реалност, кој своја државност имаше и во време на СФРЈ. Во Грција нема ни минимум промени, преку образованието да се признае македонскиот народ како посебен идентитет. Децата учат дека Грција и Грците се наследници на хеленскиот свет, на античките Хелени и оти имаат апсолутно право на антиката.

Кога Грција се прошири на север, државата почна да прави националистички реформи и почнаа да зборуваат дека и античките Македонци се дел од тој грчки свет. Според таа логика, Александар и Филип биле промотори на грчката култура. Тоа е веќе аксиома во Грција. Тие не учат како настанувале современите нации, како се формирале јазиците, новите колективитети по пропаста на феудализмот како што прават образовни системи во други држави. Со вториот напад, постапија вака - ако веќе не може да се оневозможи постоењето на таа држава, тогаш да се оди преку денационализација, промена на идентитетот, односно, преку различно дефинирање на македонштината.

Во тој контекст ги доживувате и последните предлози на посредникот Метју Нимиц за името на државата како Република Северна Македонија и за две варијанти за означувањето на македонски јазик?

- Кога станува збор за географски префикс на еден колективитет и на една држава, конкретно за она што на Република Македонија и’ се сервира како, демек, добро решение со додавката „Северна“, тоа е хипотека, уфрлање искра за континуиран конфликт и проблем. Асоцира на создавање поделби и регионални судири. Ова е хипотека за да се хранат национализмите во која било држава кога ќе се употребува и кога се зборува за поделби преку географски префикси за именување една држава и еден народ. На светско ниво нема никаков проблем за признавањето на македонштината. Таа е факт. Цел свет знае дека Македонците се посебен идентитет, посебна држава и народ. Кога ќе почнеш тука да зборуваш за посебен префикс од типот Северна Македонија, тебе автоматски ќе те прашуваат: Значи, тоа е како Северен и Јужен Виетнам, како Северна и Јужна Кореја, што е проблемот таму? И ајде сега ти ќе треба да објаснуваш и што ќе му зборуваш - за кој народ и за кои идентитети. Не е случајно што овој географски префикс се форсира.

Во Грција се учи дека денешната територија на Република Македонија, како Горна Македонија, ја загубиле во 1912 година. И сега, според нив, во тој регион останала да живее мешавина на народи чија држава може да се вика Северна Македонија. Ако веќе се заговараат префикси и додавки, зошто се бега како ѓавол од темјан решението да има политичка одредница во смисла Независна, Демократска Република Македонија и слично.

Гледате ли гаранции за македонски идентитет во предлозите на Нимиц?

- Само на билатерално ниво може да се разговара и да се најде чаре. Тука основен проблем е агресија од една уназадена идеологија од грчка страна во однос на почитувањата на правата на колективитетите. Проблемот во Грција е што наместо да размислат и да се поправат кога ќе им кажат дека во земјата има дефицит од демократија, тие уште повеќе се дерат против меѓународните институции. Во ставовите на меѓународни експерти од ООН дури гледаат завери од еврејското лоби, од САД.

НЕ Е ТРАГЕДИЈА АКО НЕМА РЕШЕНИЕ

Што ако не се најде компромис?

- Тука нема трагедии. Нема место за паника по ултиматумите за едно прашање кое во континуитет се случува во регионот. Ако сакаме да зборуваме за Европа, очигледно е оти и таму има внатрешни проблеми. Со економската криза има едно свртување кон националните политики, кон државните решенија. Не значи дека утре ако Македонија стане членка на ЕУ тука ќе биде рај. Пред се’, за мене е примарно унапредување на државата на сите нивоа, да се знае како да се развива таа и нејзините инситуации. Има огромно поле за примена на прогресивни решенија, без да се поставува како предуслов дека веќе утре треба да се бара чаре. Но, треба да се работи, да се бара чаре.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Убо збора чоекот, само никако да им светне на овие нашиве да не ги нарекувам со погрдни имиња....
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
браво Павле!!! :oeoeoe:

да го слушаа овие нашиве подруго ќе беше
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
а бе убаво зборува и јас убаво зборуам дури и лафам,ама кој мене ми дава да ја водам ваа држава,море ке ја водам..............само нека помислат нешо да смена нашиве,ке се видиме на плоштад со камата в рака..........се ке испозапалам,од нашите се плашам право да ви кажам не од овие комшииве од секаде............
 
K

KomitaMKD

Гостин
Абе нашите пред 100-ина години гинеле за својата слобода, за правдината ,а ние денес слободни и пак не покажуваме никаков отпор.Луѓе свестете се.Баталете ВМРО и СДС, заедно да го одбраниме името а со тоа и нашата гордост и горсота на македонците кои живеат во денешна Грција.Со менување на името плукаме по гробовите на нашите предци кои го положиле животот за ние да живееме слободни.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Абе нашите пред 100-ина години гинеле за својата слобода, за правдината ,а ние денес слободни и пак не покажуваме никаков отпор.Луѓе свестете се.Баталете ВМРО и СДС, заедно да го одбраниме името а со тоа и нашата гордост и горсота на македонците кои живеат во денешна Грција.Со менување на името плукаме по гробовите на нашите предци кои го положиле животот за ние да живееме слободни.

:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom