Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Слушам сите напаѓате, а дали сте се запрашале зошто ХРТ е толку гледана и богата? Таму таксата изнесува околу 1000 денари и 80% од народот плаќа. Баш сакам некоj ден и МТВ да биде како ХРТ или уште подобро ко BBC, но никоj не сака да плаќа радиодифузна такса :) Еве 120 денари е сега, може да се издвои барем толку, не сме толку бедни.
МРТВ и кога имаше пари не нудеше ништо, беше подеднакво бедна со програма како сега. Затоа и пропадна. Затоа и дојде ситуација никој да не сака да плаќа за куќа која не ти нуди ништо за парите.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Слушам сите напаѓате, а дали сте се запрашале зошто ХРТ е толку гледана и богата? Таму таксата изнесува околу 1000 денари и 80% од народот плаќа. Баш сакам некоj ден и МТВ да биде како ХРТ или уште подобро ко BBC, но никоj не сака да плаќа радиодифузна такса :) Еве 120 денари е сега, може да се издвои барем толку, не сме толку бедни.
Dobro taka da e.Zosto koga na MRTV mu bea dadeni pari vo 2007 mislam ne napravija nisto.Vo Hrvatska placaat 1000 denari ama HRT ima dobra programa a ne ovie nasive dokumentarci stari 20 godini i povece gi emituvaat po 2 pati sekoj den?Neka napravat dobra programa pa ce gi gledam i ce mu placam.Vaka ne.
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
188
Поени од реакции
72
не треба ич да им се плаќа...
поарно да се плаќа за исклучен телевизор (поквалитетна слика има на екрано) одколку за МРТВ...
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Ако е само 120 денари, би им плаќал, ама џабе кога немаат екипа која би произведувала квалитетна програма.
Радио каналите не им се до толку мизерни, даваат интересни информативни програмчиња на Радио Скопје, и добра музика пуштаат на Радио 2, но телевизијата... Барем на РТС да заличат малку. Ни РТС нема некоја up-to-date технолошка опременост, ниту пак визуелноста им е врвна, но сепак емитуваат програми кои се интересни за гледачите. А МТВ откако им заврши Пирамида и откако го укинаа Гласот на народот, веќе ич не се интересни. Единствено што им вреди сега им е Ѕвон како и Вестите.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Имам 1500 пати кажано и уште толку ке кажам. Нека погледнат што се нуди на репертоарот ХРТ (со своите 3 програми) па нека бараат пари. Јас немам намера да плаќам телевизија во никој случај.

Сакате да кажете дека јас треба да ви платам 1500 денари годишно за да вие не работите ништо, и да се сметате дека сте најдобра телевизија? Не им плаќам ништо и на А1, Сител, АБ канал, Канал 5 па добивам 3467237612 пати поквалитетна програма од она срање што го гледам на МТВ (Тропски горештини актерите се веќе во пензија, бушава азбука од времето на комунизмот) а за спортски содржини не станува збор. Даваа Ф1, Мото ГП, Лига на Шампионите, сега ништо нема.

Така да ако сакаат, нека ми ја прекинат програмата ич кур не ме боли. Не сакам И НЕМА да плаќам за нешто што не сакам да гледам.
Како прво, не работат ништо, затоа што се државен сервис, немаат лихвар за газда,како некои од приватните телевизии ти текнува? Треба да ги плаќаме, за да направат програма - не знам како може да направиш пире, ако немаш компири.
Како второ, процент од радиодифузната такса, оди и за приватниот јавен сервис, односно-и за приватните телевизии.
И како последно и неповрзано со твојот пост, туку само моја констатација: Убаво што ви текна да собирате средства. Ние сме единствена држава на Балканот со ваков мизерен национален сервис. Земја без национален сервис, не може да бара објективно новинарство ниту релеватно информирање. Би било убаво, кога тие луѓе што ,,работат" во СМРТ, би зеле плата. Уште поубаво би било кога би ги оправдале средствата и кога, меланхоличниот список на испечатени книги би го замениле со некоја нормална забавна и креативна емисија.
П.С. На крајот на краиштата, никој не е принуден да гледа телевизија. Ниту да има телевизор дома. И јас не видов аир од парите што ги давам за куќниов совет во зграда, па пак плаќам.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Ние сме единствена држава на Балканот со ваков мизерен национален сервис. Земја без национален сервис, не може да бара објективно новинарство ниту релеватно информирање.
Што има врска националниот сервис со објективното и релевантно информирање?

Националниот сервис никогаш не бил објективен и релевантен, тој по дифолт работи за власта (кој год да е во моментот) и информира субјективно.

За други работи ни треба национален сервис. Информирањето е одамна отидено во п.м. без разлика дали се работи за приватни или државни медиуми. Сите работат за некого и егзистираат со тоа што ја одбработуваат валканата работа.

И то...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Што има врска националниот сервис со објективното и релевантно информирање?

Националниот сервис никогаш не бил објективен и релевантен, тој по дифолт работи за власта (кој год да е во моментот) и информира субјективно.
Прости, но небулозно е да сфаќаш сериозно во поглед на информирањето, земја која практично нема функционален јавен сервис. Македонската радио телевизија, секогаш, ама буквално секогаш, била пообјективна од која било приватна телевизија водена од лични интереси. Ова е во областа на информирањето поврзано со политиката.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Прости, но небулозно е да сфаќаш сериозно во поглед на информирањето, земја која практично нема функционален јавен сервис. Македонската радио телевизија, секогаш, ама буквално секогаш, била пообјективна од која било приватна телевизија водена од лични интереси. Ова е во областа на информирањето поврзано со политиката.
Извини ама Македонската телевизија беше најобјективна во информирањето кога немаше други телевизии и кога сите „мислевме исто“. Стварно незнам со кој памет ни тврдиш дека телевизија која е 100% контролирана од власта може да биде објективна. Какви отстрели сум гледал на МТВ тоа никаде го нема. Без разлика кој бил на власт. Тоа е така кај нас и тоа е така секаде.

Значи да не се разбереме погрешно: нема објективна телевизија. Времето на објективните медиуми умре одамна. И приватните и МТВ се исто г**** кога се работи за политичкото информирање. Само на приватните не морам да им платам за да ми го перат мозокот.

МТВ ми е потребна за други работи. За информирањето, сполај им, можам и без тоа.
 
Не тврдам дека е СМРТ објективна, туку пообјективна од другите. И да, знам дека не ти е потребна за информирање, затоа и реков-не мора телевизор да се има бе, еве и јас немам дома. Т.е. имам 3, ама не ги вклучувам речиси никогаш. Шо ќе ми се? Ама-такса мора да се плаќа, закон си е закон. Тоа е тоа.
 
P

Princ

Гостин
Како прво, не работат ништо, затоа што се државен сервис, немаат лихвар за газда,како некои од приватните телевизии ти текнува? Треба да ги плаќаме, за да направат програма - не знам како може да направиш пире, ако немаш компири.
МРТВ имаа и имаат компири колку сакаш. Само пирето за ништо не им го бива. Затоа и на луѓето им се згади од тоа пире, и одбиваат да им ги плаќаат компирите.
Како второ, процент од радиодифузната такса, оди и за приватниот јавен сервис, односно-и за приватните телевизии.
Кој процентуално, за завршена работа, веројатно е чин на солидарност за приватните телевизии.
Приватните фирми (и телевизиите спаѓаат тука) се бизнисмени. Тие се тука да прават пари. Е они правејќи пари, мене ми нудат супер програма. Пеќи, јас сум задоволен. МРТВ само троши пари. МРТВ ти е како јавна администрација, премногу вработени кои клатат врата.
Ние сме единствена држава на Балканот со ваков мизерен национален сервис. Земја без национален сервис, не може да бара објективно новинарство ниту релеватно информирање.
Прво, МРТВ не е објективен и не може да биде објективен. Така околностите и наложуваат. Затоа, батали го муабетот за објективност. Башка, кога во друштво збориме за мојот пенис, мене најобјективен ми се чини другарот што вика дека ми е најголем.
Второ, ние имаме национален сервис. Секогаш сме го имале, и ден денес го имаме. Но што работи тој национален сервис? Пушта владини објави по 15 минути? Не бе друже (друшке), мене не ми треба тоа. Е сега, бидејќи ова е демократско општество (кадешто секој си го плаќа она што на него лично му треба) а не комунизам (каде сите плаќаме за трошоците на сите) јас одбивам да им давам плата на МРТВ само затоа што се луѓе од фамилија. Они нека си бидат фини, прекрасни особи, ама нека бараат пари по тој основ па може некој ќе се смилува. Пари по основ на работење во МРТВ, а всушност неработење, никој нема да им даде. Не сакаат луѓето, не сакам јас. Крај на приказната. Голи Оток нека го отворат, на МРТВ не им давам по 0.02 денари месечно ни под разно. Се додека не ми понудат нешто за тие мои 0.02 денари.
Би било убаво, кога тие луѓе што ,,работат" во СМРТ, би зеле плата. Уште поубаво би било кога би ги оправдале средствата и кога, меланхоличниот список на испечатени книги би го замениле со некоја нормална забавна и креативна емисија.
Немој со сентиментализам молим те, ми го кршиш срцето сабајлечи.
МРТВ зимал пари отсекогаш, и ден денес зима. Никој не работи без пари. Имаше 2-3 пада, кога штрајкуваа вработени итн, ама штом денес ќутат, значи зимаат плати.
И пази, не е работата што населението не сака да им дава пари на МРТВ дека се лоши, туку дека МРТВ упорно ги троши нашите пари по курви веќе 20 години. И едноставно ставаме точка, нема веќе. Значи МРТВ добиваше (и добива) пари од буџетот, народски пари, мои и твои пари, кои се сосем неважни дали ги добивала лично од мене или преку посредник (владата), останува фактот дека таа зима плата од парите на НАРОДОТ. Јас сум против и за овој начин на фундирање, ама ај, нека им биде. Е сега, они сакаат и кеш од народот. Не може, 20 години самостојност ништо не прават, никој нема ни да им даде пари.
П.С. На крајот на краиштата, никој не е принуден да гледа телевизија. Ниту да има телевизор дома. И јас не видов аир од парите што ги давам за куќниов совет во зграда, па пак плаќам.
Прво, споредбава не ти чини. Куќниот совет си има практична задача, и ја врши. Споредбата ќе ти држеше вода да ми кажеше дека живееш во Карпош 4, а плаќаш за куќен совет во Капиштец :)
Второ, тие се занесуваат и се замислуваат за лихвари... прочитај го текстот на првиот пост. Секоја фирма за 20 вработени, ќе плаќа по еден месечен износ (130 денари, колку беше таму). Ако имаш 38 вработени пример, ќе плаќаш 260. Нема телевизори, нема приемници. Има вработени. Секој дом ќе го плаќа тој износ. Нема дали гледаш МРТВ, дали имаш кабловска (а 60% од населението има кабловска веќе, и операторот треба да се грижи за тој надомест кон телевизиската куќа), они пак си ги бараат парите. Е така драги мои, нема да може.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
МРТВ имаа и имаат компири колку сакаш. Само пирето за ништо не им го бива. Затоа и на луѓето им се згади од тоа пире, и одбиваат да им ги плаќаат компирите.

Кој процентуално, за завршена работа, веројатно е чин на солидарност за приватните телевизии.
Приватните фирми (и телевизиите спаѓаат тука) се бизнисмени. Тие се тука да прават пари. Е они правејќи пари, мене ми нудат супер програма. Пеќи, јас сум задоволен. МРТВ само троши пари. МРТВ ти е како јавна администрација, премногу вработени кои клатат врата.

Прво, МРТВ не е објективен и не може да биде објективен. Така околностите и наложуваат. Затоа, батали го муабетот за објективност. Башка, кога во друштво збориме за мојот пенис, мене најобјективен ми се чини другарот што вика дека ми е најголем.
Второ, ние имаме национален сервис. Секогаш сме го имале, и ден денес го имаме. Но што работи тој национален сервис? Пушта владини објави по 15 минути? Не бе друже (друшке), мене не ми треба тоа. Е сега, бидејќи ова е демократско општество (кадешто секој си го плаќа она што на него лично му треба) а не комунизам (каде сите плаќаме за трошоците на сите) јас одбивам да им давам плата на МРТВ само затоа што се луѓе од фамилија. Они нека си бидат фини, прекрасни особи, ама нека бараат пари по тој основ па може некој ќе се смилува. Пари по основ на работење во МРТВ, а всушност неработење, никој нема да им даде. Не сакаат луѓето, не сакам јас. Крај на приказната. Голи Оток нека го отворат, на МРТВ не им давам по 0.02 денари месечно ни под разно. Се додека не ми понудат нешто за тие мои 0.02 денари.

Немој со сентиментализам молим те, ми го кршиш срцето сабајлечи.
МРТВ зимал пари отсекогаш, и ден денес зима. Никој не работи без пари. Имаше 2-3 пада, кога штрајкуваа вработени итн, ама штом денес ќутат, значи зимаат плати.
И пази, не е работата што населението не сака да им дава пари на МРТВ дека се лоши, туку дека МРТВ упорно ги троши нашите пари по курви веќе 20 години. И едноставно ставаме точка, нема веќе. Значи МРТВ добиваше (и добива) пари од буџетот, народски пари, мои и твои пари, кои се сосем неважни дали ги добивала лично од мене или преку посредник (владата), останува фактот дека таа зима плата од парите на НАРОДОТ. Јас сум против и за овој начин на фундирање, ама ај, нека им биде. Е сега, они сакаат и кеш од народот. Не може, 20 години самостојност ништо не прават, никој нема ни да им даде пари.

Прво, споредбава не ти чини. Куќниот совет си има практична задача, и ја врши. Споредбата ќе ти држеше вода да ми кажеше дека живееш во Карпош 4, а плаќаш за куќен совет во Капиштец :)
Второ, тие се занесуваат и се замислуваат за лихвари... прочитај го текстот на првиот пост. Секоја фирма за 20 вработени, ќе плаќа по еден месечен износ (130 денари, колку беше таму). Ако имаш 38 вработени пример, ќе плаќаш 260. Нема телевизори, нема приемници. Има вработени. Секој дом ќе го плаќа тој износ. Нема дали гледаш МРТВ, дали имаш кабловска (а 60% од населението има кабловска веќе, и операторот треба да се грижи за тој надомест кон телевизиската куќа), они пак си ги бараат парите. Е така драги мои, нема да може.
МРТ е во очајно финансиско функционирање од кога сум јас родена, а тоа е од пред 19 години. Од каде тоа, дека сме ги финансирале така јако ко што викаш, кога отидоа под стечај?! Работев во радио таму-се усреќив...Пари немаат видено вработените дооолги години. Таксата за телевизија, ќе мора да ја сфатите како претплата за телефон. И да зборуваш и да не зборуваш, плаќаш. Нешто кое медиумски ја претставува нашата земја во дијаспората-мора да биде платено. И ај пак-Не реков дека МРТ е објективна, пошто такво нешто не постои во светот, но е пообјективна од Сител која исто така е владина. Најголемите новинарски имиња во Македонија се излезени од МТВ. 90 проценти од новинарите кои се во приватните телевизии, се излезени од МТВ. Веројатно дека си го палеле оганот со пари?
И МТВ има практична задача, која нема да може да ја врши, слично како шо ни куќниот совет нема да може да ја извршува својата ако не му дадам пари.
 
P

Princ

Гостин
МРТ е во очајно финансиско функционирање од кога сум јас родена, а тоа е од пред 19 години.
Нивен проблем. Реков во еден претходен пост, проблемот не е во парите колку што е во лошиот менаџмент. А тој проблем не се решава со давање на повеќе пари, затоашто така добиваш дупло полош менаџмент. Имаш човек со ХИВ вирус. Ваљда не му плескаш уште еден шприц полн со таков вирус за да го излекуваш. МРТВ имаат пари (колку-толку) и за тие пари не ни даваат ништо. Никој не гледа МТВ денес. Значи пиши им ПРОПАЛО, со големи црвени болдирани букви. Едноставно батали ги, тури им пепел. Зимаат плата, не работат ништо, нека си ќутат. Нека не ми се занесуваат како лихвари, затоашто има еден многу јак лек за лихварите.
Од каде тоа, дека сме ги финансирале така јако ко што викаш, кога отидоа под стечај?!
Буџет на РМ. Пари на сите граѓани. Плус, до пред неколку години (не ме фаќај за збор, ама мислам дека беа нешто помалку од 10) луѓето плаќаа. Сите плаќавме, за нашиот јавен сервис, живео комунизам. Еден период ни ги бапнуваа и во сметките за струја, па сакаш-нејќеш ќе си платиш за друг да клати (врата). Пази малку, имам околу 10 години подолг живот од твојот, повеќе имам поминато, и знам што зборам. Во времето кога јас се прашував "зошто побогу плаќаме за телевизија, во сметка за струја" ти си била 10 годишно девојче, си гледала реприза на сериите снимени во време на Југославија, а јас нив веќе 20 пати ги имав поминато.
Работев во радио таму-се усреќив...
Мило ми е што 17 годишно дете, форумџиска новинарка, успеала да се вработи во нашиот ни мил јавен сервис, уште и плата од таму да зима без да се покаже и докаже како врвен новинар (јавниот сервис, бидејќи зима најмногу пари... кои се најмногу по било кој основ кога ќе видиш дека телевизиите треба да работат и заработуваат, а не некој на готово да им дава пари... треба да вработува врвни новинари и на нив да им дава хонорари и плати), ама ништо не е важно, важно ти си се усреќила. Наместо врвни новинари да вработува, МРТВ сега вработувал неискусни и малолетни деца, новинари. Браво МРТВ, еве зошто никад ништо нема да добиеш повеќе од народот.

Едит: и мислам дека во денешно време е многу контра-продуктивно да бараш пари од народот врз основ патриотизам (во истиов момент кога некои бараат да бидеме патриоти и да даваме пари за нашата мила државна телевизија, ние преговараме за промена на името на нашата држава). И време е да се прекине со условувања, "дајте пари за да добиете програма". Умре тоа веќе. Луѓето даваа пари и не добиваа програма. Сега ќе играме поинаку, една многу поинтересна игра, а таа се вика... тарам-тарам-тарам.... "ДАЈТЕ ПРОГРАМА ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПАРИ". Да драги гледачи на МТВ1, дајте програма за да добиете пари. Игрите може да започнат.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
не треба ич да им се плаќа...
поарно да се плаќа за исклучен телевизор (поквалитетна слика има на екрано) одколку за МРТВ...
Епа бидејќи не треба ич да се плаќа ќе тоне телевизијата. Како би егзистирала инаку се прашува некој? Јавниот сервис не може да биде приватен односно не над 49%. Тука може не оправдувам тоа што владата не дозволува да влезе странска фирма еве пример ќе дадам за ХРТ ама мораат и граѓаните да плаќаат некоја сума инаку нема јавен сервис се додека е целосно државна.
 
Види Џанки, идејава ти е многу добра, за да плаќаат граѓаните некоја сума, од солидарност... само ќе ти го заебам трипот, стара идеја е, со години и години уназад се практикува(ше) тоа :)))))))
Реков јас, граѓаните (барем најголем дел од населението) вртат нов лист. Наместо досегашниот начин на работа "пари за програма" кој се покажа за најнеуспешниот начин на работа евр, ќе играме "програма за пари". Не знам дали тоа ќе им се допадне на МРТВ, веројатно не, кога ќе земеме во предвид нивниот агресивен начин на наплата (кој во основ треба да биде пријателски, со давање вредност за парите што ги бараш), ама ние, граѓаните, оние коишто треба да ги дадат тие пари, сепак ќе пробаме така.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Нивен проблем. Реков во еден претходен пост, проблемот не е во парите колку што е во лошиот менаџмент. А тој проблем не се решава со давање на повеќе пари, затоашто така добиваш дупло полош менаџмент. Имаш човек со ХИВ вирус. Ваљда не му плескаш уште еден шприц полн со таков вирус за да го излекуваш. МРТВ имаат пари (колку-толку) и за тие пари не ни даваат ништо. Никој не гледа МТВ денес. Значи пиши им ПРОПАЛО, со големи црвени болдирани букви. Едноставно батали ги, тури им пепел. Зимаат плата, не работат ништо, нека си ќутат. Нека не ми се занесуваат како лихвари, затоашто има еден многу јак лек за лихварите.

Буџет на РМ. Пари на сите граѓани. Плус, до пред неколку години (не ме фаќај за збор, ама мислам дека беа нешто помалку од 10) луѓето плаќаа. Сите плаќавме, за нашиот јавен сервис, живео комунизам. Еден период ни ги бапнуваа и во сметките за струја, па сакаш-нејќеш ќе си платиш за друг да клати (врата). Пази малку, имам околу 10 години подолг живот од твојот, повеќе имам поминато, и знам што зборам. Во времето кога јас се прашував "зошто побогу плаќаме за телевизија, во сметка за струја" ти си била 10 годишно девојче, си гледала реприза на сериите снимени во време на Југославија, а јас нив веќе 20 пати ги имав поминато.

Мило ми е што 17 годишно дете, форумџиска новинарка, успеала да се вработи во нашиот ни мил јавен сервис, уште и плата од таму да зима без да се покаже и докаже како врвен новинар (јавниот сервис, бидејќи зима најмногу пари... кои се најмногу по било кој основ кога ќе видиш дека телевизиите треба да работат и заработуваат, а не некој на готово да им дава пари... треба да вработува врвни новинари и на нив да им дава хонорари и плати), ама ништо не е важно, важно ти си се усреќила. Наместо врвни новинари да вработува, МРТВ сега вработувал неискусни и малолетни деца, новинари. Браво МРТВ, еве зошто никад ништо нема да добиеш повеќе од народот.

Едит: и мислам дека во денешно време е многу контра-продуктивно да бараш пари од народот врз основ патриотизам (во истиов момент кога некои бараат да бидеме патриоти и да даваме пари за нашата мила државна телевизија, ние преговараме за промена на името на нашата држава). И време е да се прекине со условувања, "дајте пари за да добиете програма". Умре тоа веќе. Луѓето даваа пари и не добиваа програма. Сега ќе играме поинаку, една многу поинтересна игра, а таа се вика... тарам-тарам-тарам.... "ДАЈТЕ ПРОГРАМА ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПАРИ". Да драги гледачи на МТВ1, дајте програма за да добиете пари. Игрите може да започнат.
И добро, според тебе, треба да нема национален сервис? Или треба да го има, ваков каков што е сега (никаков)? Македонските иселеници ги следат каналите на МТВ далеку повеќе од нас. Ако нема врска патриотизмот со телевизијата, тогаш зошто не си направиме еден Банту-црнечки сервис, каде нема да е важно дали се зборува на македонски, дали го гледаат македонци и така натаму.
Можеби МРТВ располага со некои бедни примања и за нив ни овозможува емисии. Баш како што кажуваш... Е, за да купат серии ко Велија, треба да имаат и кеш ко Велија. Не си ми јасен, како по ѓаволите, имале пари, па зградата фаќа мувла и фосили од внатре...
Во ниту еден дел не кажав дека сум работела во тоа радио како новинар. Веројатно ги жалиш и останатите. На пример автомеханичарите и луѓето со средно кои ги прогласувате за новинари. Аку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom