Добро чим си сурфал на нет, увек верувам скроз на такви податоци/анализи. Yeah, right.
И не знам како од изневерување до полигамија се стигна, али последен пат кога проверив, тоа не беа исти ствари.
Ај вака...Изневерување, како што и самиот збор кажува, значи да прокоцкаш нечија доверба, разочараш некој. И ти можеби си во состојба да сакаш 10 луѓе од еднаш, ама рецимо твојата партнерка е спремна да те сака само тебе и го очекува истото за возврат (како што впрочем и мнозинството луѓе љубат)...И опа, тука настанува проблем, односно ти ги повредуваш нејзините чувства, ја обесхрабруваш нејзината љубов и се отвора врата за еден куп други реперкусии. (да не го заборавиме и моментот на преќутување, лажење и сл. кој го подразбира изневерувањето).
Поинаку, оној кој изневерува, значи изневерува (никаква полигамија не проблематизираме) прави нешто зад грб, нешто што повредува други, без исклучок.
Како тоа, те молам просветли ме, го поврзуваш со љубов?
Конечно, фино што може да сакаш повеќе, ок ако некој изневерува или живее во племе со жени/мажи кај шо не се знае кој чиј татко е и сл...не е моја ствар, не ги судам...само не ме убедувајте дека да бидеш неверен (верноста не залудно е доблест...и не верност само во партнерски односи, туку во целокупното свое значење сфатена) е нешто кое е уствари кул, нормално, пожелно бла, бла
ММЕ koj prv pocna!
Адуш, ок, јасно, нетот не е мерило, не барав и сурфкав на Вики, ами на асли социолошки учењаци, саглам даскали, аналитичари, на нет страните на универзитети кои се занимаваат со таа проблематика.
И вред, довербата е доблест. не е прекршување на таа доверба доколку се има отворен и човечки однос.
И секое грнче капаче, нели.
Јас можам, тие кои можам, исто така можат.
Разбираш ле мор чупе прекрасно и препаметно?
Јасно, ако има зад грб нешта, тоа е нељубов, тогаш, да, тоа е невредно, не чини.
Но, јас цело време говорам за неизмерна љубов, а кога има таква љубов, нема невредни работи, нема недоверија.
П.С. Не ми спомињај Комаја, молим те, еднаш им улетав и каков ќотек им турив (со упте тројца дургари), а бе ремет беше, маање дур не држеа раце и нозе.
Не дека се полигамични и вотнот, ами дека накурац ми идеа со рекламите и подведувањето и заведувањето мали девојчиња, кои потоа, ако посакаа да напуштат беа уценувани и малтретирани.
О, како ненормално ги ребревме, крај.