Драматичен пад на индустриското производство

Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Нов драматичен пад на индустриското производство. За 16,2% се намали во јуни во однос на истиот период, лани - објави Заводот за статистика.
Се сумираа и показателите за првата половина од годинава - пад за 12,1% на индустриското производство за во период јануари - јуни во однос на ланското полугодие.
Статистика во јуни регистрираше пад во носечките сектори - рударството и преработувачката индустрија, додека раст е евидентиран кај секторот снабдување со електрична енергија и гас.
Бизнисмените, Народната банка, меѓународните финансиски институции прогнозираат дека и вториот квартал од оваа 2009. година ќе заврши со пад на вкупната економија.
Во очекување на комплетните економски показатели за овој период извесно е дека овие проекции ќе бидат остварени.
Во првиот квартал од годинава македонската економија беше во минус од 0,9%. Лани истиот период, економскиот раст беше во позитива со 5,5%.
Економските министри во владата очекуваат позитивен раст во третиот и четвртиот кавартал.
Во меѓувреме бизнисмените од Владата побараа нов пакет анти - кризни мерки, даночни и царински олеснувања, забрзувања на операцијата за кредитирање на малите и средни компании.
Владата засега не размислува за нов потег - ги чека ефектите од досегашните мерки. Доколку и во вториот квартал има негативен раст на економија тогаш и официјално би се прогласила рецесија во земјава.
A1
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лошо ти крстена темава,треба да стои Македонија во рецесија,за да не отвораш повторно нова тема за исто прашање:smir:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
сепак кризата пристигна и кај нас, бранејки се со сите средстсв против аждајата "светска криза" ја изгубивме битката, и на крај моравме да признаеме дека сме кревки и ранливи на таа тема.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Имам другар кој што работи со градежништво, тој вели дека на стовариштава за градежни материјали им е опаднат прометот за пола, и кукаат и лелекаат луѓето. Искрено и мене да ми опадни прометот за пола и јас би кукал, ама имаме среќа што не загазивме во тие длабоки води на времето, денеска лошо ќе беше :raz:.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Фридрих Барбароса се удавил во поточе некаде после Пловдив, на пат да го ослободува Константинопол... :) така да ..длабочината не е битна за давењето..кога се давиш.....некоја должина е битна , ама тоа сега не е тема овде...:) не сме ние Собрание на МКД...
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Нов драматичен пад на индустриското производство. За 16,2% се намали во јуни во однос на истиот период, лани - објави Заводот за статистика.

A1


Изгледа дека А1 и Фајарвол сакаат да ја пофалат владава дека успешно се справува со кризава. Најрастечките економии во изминатиов период во ЕУ- балтичките земји имаа пад на индустриското производство за 33%, “еуропејска“ Воулгарија пад повеќе од 20%, соседите како Србија имаа пад од 27%, а сума сумарум испаѓа дека ние најдобро се справуваме со кризава :toe:
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Фридрих Барбароса се удавил во поточе некаде после Пловдив, на пат да го ослободува Константинопол... :) така да ..длабочината не е битна за давењето..кога се давиш.....некоја должина е битна , ама тоа сега не е тема овде...:) не сме ние Собрание на МКД...

од друга страна пак, ако си мокар - не значи дека ќе се удавиш.

не во поточе, него и во реки, езера, мориња и океани сум пливал, па фала Богу не сум дошол во состојба на давење. особено не затоа што сум малку потопен во вода. треба само да знаеш да пливаш.

ако си 16,2 % потопен, и со малку знаење за пливање/движење во вода може да се „спасиш“, многу полесно отколку ако си 35% под вода?


како и да е - 16,2 е малку, следете - ЌЕ БИДЕ И ПОВЕЌЕ. Дождот заврши (ама таму некаде). ПОПЛАВАТА доаѓа, како во пустина, во оние исушени „речни“ корита (во сахара мислам дека се викаа „вади“) кои ненадејно се полнат и потоа брзо се празнат, кога ќе врне таму некаде далеку пред 2 дена.

сепак кризата пристигна и кај нас, бранејки се со сите средстсв против аждајата "светска криза" ја изгубивме битката, и на крај моравме да признаеме дека сме кревки и ранливи на таа тема.

грешка си пак - уште не е пристигната.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак кризата дури официјално да пристигне кај нас,ќе си замине од светот,како никогаш и да не била.Уствари има платени луѓе кој треба да му ја мислат за тоа,си велам дека тие ќе бидат најзасегнати со нивните плати,доколку власта е барем малку паметна во кратењето на буџети.:je:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ej...ova prerodbenicive ja izvlekuvaat teskata altilerija ko bitusanec na linija..., a jas si mislev go rashoduvale posle uspesnoto zamolkuvanje na POLITIKA :)
Mora da im e mnogu tesko koga koristat SKAPI resursi...:) koga ke pocnat da gi trosat i epten skapocenite padobranci, toa e veke KRAJ na KRAJOT...:)


ima be nekoi procesi koi , ako izlezat od kontrola se ireverzibilni...konecni, odat do kraj vo odvivanjeto.., a 50% nevrabotenost , pri sto i toa vrabotenite poveke od 50% se na Budzet, drugite sto zemjodelci, sto sitni trgovci ...se znae kade vodi....sigurno ne vo Evropsko opkruzuvanje za koe site trubat.....niedna entropija bez dotur na energija ne se namaluva...samo raste...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Индустријата во црна дупка, потона за 20 отсто во јули


Десетти месец по ред не престануваат негативните показатели за производството

Индустриското производство во јули потона за рекордни 20 отсто. Вчера Државниот завод за статистика ги обелодени бројките за јули споредено со истиот месец лани, со што се потврдува дека индустријата драматично се намалила, конкретно за 19,8 проценти. Ова е десетти месец по ред како не престануваат негативните показатели за производството.

За експертите, ова не е неочекувано, но велат дека резултатите се полоши и од најпесимистичките прогнози. А власта и вчера се фалеше со позитивни резултати за трите години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа најмногу со постигнувањата и проектите во економијата, иако податоците за индустриското производство се неумоливи и одат се' повеќе надолу.

Најголем пад, според последните податоци на Статистика, во јули годинава во споредба со истиот месец лани има токму во секторот кој најмногу се жали и веќе со месеци бара помош од власта, а тоа е металопреработувачкиот сектор. Таму падот достигнува рекорд од дури 62,9 отсто, а производството на основни метали е намалено за 50,6 проценти. Намалување на производството има и кај вадењето руди и камен за 24 отсто, во преработувачката индустрија падот е 24,6 проценти, а кај производството на текстилни ткаенини намалувањето е 36,5 отсто.

Раст се бележи во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и вода од 5,7 отсто, а за 4,3 проценти има зголемување на производството на облека, доработка и боење на крзно.

Алармантни се и податоците за кумулативното намалување на македонската индустрија. Имено, во периодот јануари-јули годинава, во однос на истиот период лани, индустриското производство се намалило за 13,3 проценти.

Веќе на секого му е јасно дека земјава е во рецесија. Само се чека официјално да го соопшти тоа и државната статистика. Но, алармантно е што сите очекувања беа свртени кон третиот квартал, а податоците за јули, како прв месец од тој квартал, се песимистички.

„Сите рационални луѓе се сведоци за движењата во економијата, освен власта. Сите овие движења се очекувани. Резултатите дури може да се каже дека се и полоши од најпесимистичките прогнози. Министрите се израдуваа со парите од еврообврзницата од 175 милиони евра и од 300 милиони евра што дојдоа од иселениците. Веднаш побрзаа да се пофалат и го прикажаа тоа како големо достигнување. Но, движењата се катастрофални, а последиците допрва ќе бидат видливи“, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, на прес-конференција во просториите на владејачката партија вчера, пак, не сакаше ништо да коментира за падот на индустриското производство, а не сакаше да открие ниту колку, според проекциите со новиот ребаланс, економијата годинава ќе заврши во минус. Според него, било нормално да се ревидира стапката на раст на БДП за годинава поради кризата. „Економскиот раст е категорија што среднорочно се реализира во текот на економските циклуси. Нормално, има години кога тој е повисок или понизок. Но, факт е дека во годините кога во светот имаше нормални услови за економија, остваривме највисоки стапки на економски раст во историјата на Македонија од над 5 проценти. Оваа година ја пребродивме со најниски можни резултати во однос на последиците во домашната економија, веруваме дека со завршувањето на рецесијата македонската економија ќе се врати на високи стапки на раст. Програмата може да подлежи на ревидирање или на дополнителни анализи“, изјави вчера Ставрески.

Тој не сакаше да коментира за индустријата, но бројките гледани десет месеци наназад воопшто не даваат розова слика за економијата.

Во јули индустријата најмногу падна за рекордни 20 отсто, но намалувањето на производството и во јуни беше големо од 16,2 процента. Сериозно намалување на индустријата имаше и во мај, и тоа за 15,3 отсто во однос на истиот месец минатата година. Во април падот изнесуваше 7,7 проценти. Всушност, лошиот тренд на индустриското производство стартуваше во октомври минатата година, кога беше регистрирано намалување од 9,9 отсто во однос на април 2007 година. Во ноември падот беше малку поблаг и изнесуваше 2,9 отсто, а во декември повторно беше висок и се позиционира на 10,1 отсто. Неповолните тенденции продолжија и оваа година. Во јануари имаше исклучително лош производствен скор, односно намалување од дури 16,7 проценти во однос на истиот месец во 2008 година. Во февруари, исто така, продолжуваат лошите економски резултати со пад на индустријата од 11,3 отсто. Ситуацијата малку се ублажи во март, кога намалувањето на продукцијата изнесуваше само 4,8 отсто, за во април економската слика повторно да се влоши и да се регистрира пад на индустриското производство од 7,7 проценти.

На секого му е јасно дека годинава ќе биде тешка. Народна банка веќе објави прогнози дека падот на економијата годинава ќе биде најмногу до 2,5 отсто, но Ставрески уверува дека последиците од кризата во земјава најслабо се почувствувале.

Само во почетокот на овој месец министерот се пофали со подобри приходи во буџетот. Тие вчера беа објавени и на веб-страницата на Министерството за финансии.

Прибирањето на буџетските приходи, по дното што го достигна во јуни годинава, кога државната каса останала покуса дури за 35 милиони евра, во јули почнало да се движи по нагорна линија. Имено, во јули биле прибрани приходи повисоки за 30 милиони евра отколку во мај и јуни годинава, со што првпат годинава буџетот бил во суфицит, по полугодишниот пад во прибирање на буџетските приходи. Според власта, ова било знак дека економијата почнала да заздравува. Дали објавувањето на овие резултати беше само алиби да нема големи кастрења со новиот ребаланс на комотното трошење на Владата?

Ребалансот утре министерот за финансии ќе го испрати во Влада, а во вторник се очекува да се расправа за него на владина седница.



http://www.time.mk/read/61d09ff63f/76ad1ce4cc/index.html

Одиме понатаму...!!!!!!!
 
N

n/a

Гостин
Одиме понатаму...!!!!!!!
До дна, до дна... :vozbud:
И да ви кажам право,
подсвесно и сакам да отиде све у три лепе пичке материне.
За и на последниот ропак,
у најзатуцаното село у Македонија да му стане јасно дека дпмне нема одговорен и школуван кадар кој што би можел да води држава.
Све им е на дур...
а таквите тимови...
мора да идат да се натпреваруваат у селска лига.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Фино,го чекаме ребалансот да видиме што ни е планот за иднина:smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Фино,го чекаме ребалансот да видиме што ни е планот за иднина:smir:
увек има два излеза...се додека не се дојде до Луциферовото дебело црево...тоа има само еден излез..., but...not yet, not yet..... така да сега со ребалансот или ќе ни раскажат некоја бајата басна или ќе ни испејат некоја фалш песничка...:)
 
N

n/a

Гостин
увек има два излеза...се додека не се дојде до Луциферовото дебело црево...тоа има само еден излез..., but...not yet, not yet..... така да сега со ребалансот или ќе ни раскажат некоја бајата басна или ќе ни испејат некоја фалш песничка...:)
Звучиш како еден стар чичко евреј со кој што дедо ми ме запозна додека бев мал:)
...
Никогаш не се предавај!
Не паѓај со духот.
Од секоја (безлизлезна) :) ситуација има барем уште два излеза.
Внимателно побарај ги. :back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom